Атина: Во овој момент не сме стигнати до вето
Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис посочи денес дека работите не се стигнати дотаму Атина да размислува за вето на Македонија, но сепак почитувањето на Договорот од Преспа е неопходен предуслов.
Портпаролот на грчката Влада го повтори она што утрово го напиша премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис дека вчерашниот став на претседателката Силјановска Давкова за време на инаугурацијата е „провокативен и навредлив и спротивен на Договорот од Преспа“, Договор за кој како што посочи „откако беше изгласан ги обврза двете држави и Грција и Северна Македонија да го спроведат“.
-Ова е факт за кој не постојат многу толкувања. Исто така е нешто што се чини дека го прифатија целосно и претседателката на Европската Комисија и претседателот на Европскиот совет кои веднаш реагираа, нешто што ги покажува и рефлексите на нашата земја и влијанието што веќе меѓународно го има Грција, да не го потценуваме тоа, бидејќи некогаш беше црната овца на Европа, посочи Маринакис.
Во однос на ставот за Договорот од Преспа на Нова демократија додека беше опозиција, се повика на твит од 24 јануари 2019 на Мицотакис, тогаш како лидер на опозицијата, во кој пишува дека „ако Договорот од Преспа се ратификува, тогаш нема да може да се поништи бидејќи има поголема сила од кој било друг закон“.
-Тогаш како опозиција, ние не се скривме, ги изразивме нашите сериозни приговори за Договорот од Преспа и гласавме против, позиција за која не се каеме. Го имаме токму истото мислење, но целосно го почитуваме она што го потпиша нашата земја, она што го изгласа Парламентот и како сериозна држава имаме обврска да го спроведуваме, а ова го кажавме уште од прв момент, истакна Маринакис.
Паралелно посочи дека очекуваат „од другата страна да го почитува договореното“, а тие „како држава што има континуитет“, ќе ги сторат истото.
На новинарско прашање за трите меморандуми со Северна Македонија што сè уште не се ратификувани во Парламентот, упати прашања до опозициската СИРИЗА која повторно ја покрена темата.
– Искрено ги прашуваме и опозицијата, но пред сè граѓаните. Подобро ќе беше во овој период, со ставот на претседателката на Северна Македонија, да беа изгласани меморандумите? Можеби е подобро што не се изгласани досега? Ние сме искрени и јасни, мораме да го спроведуваме Договорот од Преспа, но изгласувањето на меморандумите зависи и од другата страна и од тоа колку ќе биде доследна до своите меѓународни обврски, потенцираше портпаролот на грчката Влада на редовниот брифинг со новинарите и странските дописници.
Инаку,инаугурацијата на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, употребата на името Македонија, официјалните реакции од ЕУ и Атина, односно од Министерството за надворешни работи на Грција и постот што рано утрово го објави на Фејсбук грчкиот премиер рано утрово, се една од главните теми во грчките медиуми.
„Положи заклетва под името „Македонија“; „Тирана и Скопје ѝ ја фрлаат ракавицата на Атина-Провокации од Еди Рама и Гордана Сиљановска“; „Низа провокации од Скопје и Албанија“; „Северна Македонија: Провокација „со добро утро“ од новата претседателка“, се дел од насловите во текстовите на насловните страници во весниците „Еефтерос типос“, „Та неа“, „Нафтемборики“, „Апогевматини“ итн.
Весникот „Катимерини“ коментира дека претседателката Силјановска Давкова „се чини дека од претходно ја изразила својата желба да не положи заклетва пред Уставот на Северна Македонија, туку едноставно на „Македонија“, држава која официјално не постои по Договорот од Преспа“.
Весникот „Та неа“ пишува дека „Грција инсистира директно да ги поврзува напредокот на билатералните односи, но и европската перспектива на Северна Македонија со целосно спроведување на Договорот од Преспа, а особено уставното име на земјата“.
Додава дека употребата на името Македонија од новата претседателка „предизвика незадоволство во Атина, која има за цел прашањето да го задржи високо и е на отворена линија со Брисел“.
гр медиуми мк
Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ пишува дека големото прашање е дали и победникот на парламентарните избори и иден премиер Христијан Мицкоски ќе го користи името „Република Македонија“, но и дали „ќе се обиде да ги искористи огромните нерешени прашања и „црните дупки“ што зад себе ги остави Договорот од Преспа“.
– За господинот Мицкоски, секако, големата дилема е дали ќе остане доследен на својот идеолошки националистички пристап, кој де факто ќе стави кочница на европската перспектива на неговата земја или ќе избере да го омекне својот став за да избегне директна конфронтација со Грција и ЕУ, пишува прото тема и додава дека СДСМ ги загуби изборите не поради Договорот од Преспа, туку поради корупцијата и лошата економска состојба во земјата.
Медиуите во Грција го пренесуваат и ставот на министерот за правда во техничката Влада Кренар Лога дека „непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска“, но и ставовите на претседателката на Европската Комисија, на претседателот на Европскиот совет, а од рано утрово, и ставот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис веднаш штом беше објавен на Фејсбук.
Инаугурацијата на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, употребата на името Македонија, официјалните реакции од ЕУ и Атина, односно од Министерството за надворешни работи на Грција и постот што рано утрово го објави на Фејсбук грчкиот премиер рано утрово, се една од главните теми во грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Прашањето со името се врати на насловните страници на весниците во Грција, заедно со останатите теми од грчката надворешна политика: вчерашниот митинг на Рама во Атина и денешната средба Ердоган – Мицотакис во Анкара, се врати и во централните изданија на вестите, а веќе неколку дена продолжува да биде меѓу главните теми и на порталите.

„Положи заклетва под името „Македонија“; „Тирана и Скопје ѝ ја фрлаат ракавицата на Атина-Провокации од Еди Рама и Гордана Сиљановска“; „Низа провокации од Скопје и Албанија“; „Северна Македонија: Провокација „со добро утро“ од новата претседателка“, се дел од насловите во текстовите на насловните страници во весниците „Еефтерос типос“, „Та неа“, „Нафтемборики“, „Апогевматини“ итн.
Новинарите во Грција ги пренесуваат официјалниете ставови, коментираат и ги анализираат билатералните односи меѓу двете земји.
Весникот „Катимерини“ коментира дека претседателката Силјановска Давкова „се чини дека од претходно ја изразила својата желба да не положи заклетва пред Уставот на Северна Македонија, туку едноставно на „Македонија“, држава која официјално не постои по Договорот од Преспа“.

Весникот „Та неа“ пишува дека „Грција инсистира директно да ги поврзува напредокот на билатералните односи, но и европската перспектива на Северна Македонија со целосно спроведување на Договорот од Преспа, а особено уставното име на земјата“.
Додава дека употребата на името Македонија од новата претседателка „предизвика незадоволство во Атина, која има за цел прашањето да го задржи високо и е на отворена линија со Брисел“.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ пишува дека големото прашање е дали и победникот на парламентарните избори и иден премиер Христијан Мицкоски ќе го користи името „Република Македонија“, но и дали „ќе се обиде да ги искористи огромните нерешени прашања и „црните дупки“ што зад себе ги остави Договорот од Преспа“.
– За господинот Мицкоски, секако, големата дилема е дали ќе остане доследен на својот идеолошки националистички пристап, кој де факто ќе стави кочница на европската перспектива на неговата земја или ќе избере да го омекне својот став за да избегне директна конфронтација со Грција и ЕУ, пишува Прото тема и додава дека СДСМ ги загуби изборите не поради Договорот од Преспа, туку поради корупцијата и лошата економска состојба во земјата.