Предупредување: Голема соларна бура откако Земјата ја погоди Сончева експлозија
Надлежните од Националната океанска и атмосферска администрација соопштија дека Земјата се наоѓа во средиштето на соларна бура откако беше погодена од големи исфрлања од Сонцето.
Бурата која во моментот се случува окарактеризирана е како Г3, што значи дека е доволно силна да може да предизвика проблеми со електричното напојување, а дека во проблем може да се најдат сателитите и луѓето во вселената. Исто така, можни се проблеми со употребата на навигацијата и радијата.
Вакви бури предизвикуваат и појава позната како северна светлина и може да предизвикаат проблеми кај птиците преселници, пренесе Индепендант.
Инаку, скалата со која се мери јачината на соларните бури оди до Г5 и најјаките може да предизвикаат колапс на електричната мрежа и сателитската навигација.
До соларни бури доаѓа откако на површината на Сонцето ќе се случи таканаречено исфрлање на маса. Земјата, низ зафатеното подрачје помина пред два дена и во почетокот учинокот беше мал, но сега конечно ефектите на бурата може да се видат.