(Видео) Поплави во најголемото канадско пристаниште – едно лице загина, две се исчезнати


 

Во пристаништето на Ванкувер, Канада, сите железнички приоди до пристанишштето се поплавени, додена во свлечиштата источно од пристаништето едно лице загина, а две исчезнаа.

„Целиот железнички сообраќај во ванкуверското пристаниште е прекинат поради поплави во внатрешноста на Британска Колумбија“, рече портпаролот на пристаништето, Мати Поликронис.

Најмалку едно лице загина во свлечиштето на автопатот 99 во близина на Памбертон на 160 километри североисточно од Ванкувер.

Спасувачките екипи го пребаруваат подрачјето во потрага по преживеани и повредени.

Низ ванкуверското пристаниште секоја година поминува стока во вредност од 440 милиони долари, од автомобили до основни продукти.

Дводневни дождови предизвикаа поплави

Поради поплавите предизвикани од дводневниот постојан дожд привремено е прекинат транспортот на пченица и маслена репка од Канада, еден од најголемите светски извозници на житарки.

Компанија „Енбрииџ“ поради поплавите затвори и дел од гасоводот, а поради бурите затворен е и нафтоводот „Транс маунтајн“, со кој од Алберта до пацифичкиот брег се пренесуваат 300.000 барели нафта на ден.

И компанијата „Тек рисорсис“ соопшти дека поради поплавите нарушена е доставата на бакар и јаглен до извозните теминали.

Јужно од Британска Колумбија, во државата Вашингтон во САД поради силните дождови евакуирани се жителите и прекината е доставата на електрична енергија за 150.000 домаќинства.

Во некои делови од Британска Колумбија во неделата паднаа 20 см дожд, колку што вообичаено паѓа за еден месец.