30 дена притвор за девојката од Белград која качи студентка на хауба
Вишиот суд во Белград денеска донесе одлука со која на девојката која удри ѝ повреди студентка со својот автомобил за време на студентските блокади во петокот во Нов Белград, ќе ѝ биде одреден притвор до 30 дена, јавуваат српските медиуми.
Судијата на претходна постапка од Вишиот суд одредил притвор за М.С.(25) од повеќе причини, вклучително и можноста за попречување на постапката преку влијание врз сведоци.
Причина за определување на притвор била наведена и „начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело, кои доведоа до јавни немири кои можат да го загрозат непреченото и правично водење на кривичната постапка“.
Претходно денеска, Вишото јавно обвинителство во Белград поведе истрага против М.С. (25) поради сомнение дека на 24 јануари при студентска блокада на улицата „Јуриј Гагарин“ со „несовесно насилничко однесување“ се обидела да им ги одземе животите на неколку лица. Во соопштението на својата веб-страница, ВЈО наведува дека во таа прилика девојката К.В. се здобила со „тешки телесни повреди опасни по живот“.
Осомничената не билa сослушана од обвинител, со оглед на тоа што бранителот по службена должност не влегол во просториите на обвинителството поради запирање на работата на адвокатот, се додава.
Наредбата за спроведување истрага ја товари осомничената за кривично дело „обид за убиство“.