Македонската мода е повеќе од стил, начин на живеење!


Со иновативни модни ревии, инспиративни модни муабети, да видиш и да бидеш виден, креативна енергија и многу дотерани гости (со долги тоалети, дизајнирани хулахопки и бунди), заврши 33. издание на Моден викенд Скопје на Света Богова- Јовановска. За прв пат сместен во просторот на Музејот на современата уметност (МСУ), настанот од три дена доби поинаква […]

Дончиќ со 45 поени ги предводеше Лејкерси до победа над Торонто


Лос Анџелес лејкерс ноќеска го победија Торонто во домашен натпревар од регуларната сезона на НБА со 131:125. Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, го предводеше натпреварот со 45 поени и 15 скока. Торонто го претрпе вториот пораз во сезоната. На другиот натпревар од НБА-лигата одигран ноќта недела кон понеделник, Голден Стејт вориорс забележа победа над Лос Анџелес […]

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари


Париз – Неказнивоста за убиства на новинари расте, за првпат од 2012 година, предупреди денеска Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) во извештајот објавен на Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите. Оваа година, „глобалната стапка на неказнивост за убиствата на новинари порасна за еден процентен поен и […]

Клиентите на Бајнанс повлекле 3,64 милијарди долари откако платформата продолжи со работа


Њујорк –    Клиентите на најголемата светска крипто берза Бајнанс (Binance) повлекоа   3,64 милијарди долари откако платформата продолжи со работа по масовниот кибер напад со кој минатата недела украдоа крипто средства во вредност од 6,3 милијарди долари. Компанијата соопшти дека одливите се стабилизирале по првичниот пораст. Бајнанс велат дека имаат 171 милијарда долари во средства […]

Три лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа


Најмалку тројца Палестинци загинаа, а неколку лица се повредени во денешните израелските напади во Појасот Газа. Локалните здравствени власти информираа дека две лица загинале, а шестмина се ранети во два одделни воздушни напади во Кан Јунис, на југот од енклавата, додека третото лице загинало во израелски воздушен напад во градот Ал Мусадар. Израелската армија соопшти […]

33.Моден викенд Скопје ја затвори пистата со приказни што продолжуваат (фото)


Од архитектурата на старите охридски куќи до јапонската филозофија на кинцуги, од работната облека како симбол на независност до личната приказна како дизајнерска инспирација, завршниот ден на 33. Fashion Weekend Skopje, синоќа, покажа колку различни искуства може да собере една модна писта. Во Музејот на современата уметност во Скопје, програмата ги поврза културното наследство, современиот […]

Зверев за прв пат светски рекет број 1


Париз – Германскиот тенисер Александар Зверев се искачи на првото место на АТП ранг-листата за прв пат во својата кариера. Ажурираната листа е објавен денес на официјалната веб-страница на организацијата. Минатата недела, Зверев стигна до полуфиналето на АТП 500 турнирот во Виена, каде што загуби од Австралиецот Алекс де Минаур (4-6, 6-1, 6-7 (4-7)). Неговото […]

Гевгелија со најмногу дожд – измерени 29 литри на квадратен метар, врнежите продолжуваат и денеска


Најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, наврнал во Гевгелија – 29 литри на квадратен метар. Во Берово се измерени 16 литри, додека во Прилеп, Демир Капија и на Попова Шапка по 10 литри на квадратен метар. Во Претор и Струмица наврнале по 9 литри, во Маврови Анови 8, а во Скопје-Петровец […]

Од Здравко Чолиќ до Јосипа Лисац: Регионот се простува од Мишо Ковач


Два дена по смртта на Мате Мишо Ковач, регионот продолжува да се простува од ѕвездата со продадени 20 милиони плочи, чии песни со децении беа дел од заедничката популарна култура. Ковач почина на 31. октомври 2026. година во својот дом во Сплит, на 85-годишна возраст, а меѓу оние што му упатија последен поздрав се Јосипа […]

Белата куќа подготвува план за владеење без Конгресот, доколку победат демократите


Белата куќа помина месеци подготвувајќи се за евентуално преземање на Конгресот од страна на демократите, развивајќи планови за продолжување на унапредувањето на големите делови од неговата агенда преку извршната власт, додека се подготвува за истраги на неговата администрација, според функционер на Белата куќа и две лица запознаени со плановите. Високи функционери, вклучувајќи го заменик-шефот на […]

Внатрешните плаќања се неограничени, изнесување пари од Алта банка со посебни правила


Народната банка на Република Северна Македонија воведе привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола исклучиво поради случувањата поврзани со нејзиниот акционер со квалификувано учество, „Алта банка“ АД Белград. Важно е да се нагласи дека воведувањето привремена администрација не значи затворање на „АЛТА банка“ АД Битола, ниту активирање на механизмот за исплата на депозитите преку Фондот […]

„Макфест“ ја затвори 41. фестивалска приказна


Со две фестивалски вечери викендов, 27 нови композиции и средба на повеќе генерации македонски музичари, Штип го заокружи 41. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Овогодишната програма донесе спој на нови авторски остварувања, добро познати естрадни имиња и песни што потсетуваат на богатото музичко наследство на фестивалот, кој повеќе од четири децении е еден […]

Девет лица загинаа во пад на авион „Лирџет“ на Флорида


Чикаго – Девет лица загинаа вчера при пад на авион „Лирџет 60“ во станбено подрачје во близина на местото Крестхејвен на Флорида, соопшти американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА). Авионот се урнал околу 12:50 часот по локално време, односно во 17:50 часот по Гринич. Сите што биле во авионот загинале, објави на социјалните мрежи американскиот […]

Германска безбедносна служба ги предупреди пратениците за можен шпионски напад


Берлин –  Германската Федерална канцеларија за информациска безбедност (BSI) ги предупреди пратениците и државните службеници за можен напад со шпионски софтвер насочен кон мобилните телефони, јави ДПА. Предупредувањето следува по безбедносното предупредување испратено од Епл до корисниците на Ајфон чии уреди можеби биле компромитирани. Министерот за дигитализација Карстен Вилдбергер изјави за А-Ер-Де дека федералната агенција […]

Антонели нов светски шампион во Формула 1


Мексико Сити – Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, го освои шампионатот во Формула 1 за сезоната 2026. Дваесетгодишниот Италијанец синоќа заврши трет на Големата награда на Мексико и го обезбеди трофејот. Тој стана најмладиот светски шампион во Формула 1. Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) ја освои трката во Мексико Сити. Второто место му припадна […]

Во МАНУ пристапно предавање на академик Изет Зеќири


Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска напладне пристапно предавање ќе одржи академик Изет Зеќири.  Пристапното предавање е на тема „Менаџмент и лидерство во јавните институции во Северна Македонија – Проблеми и решенија“. Пригодна реч, како што најавија од МАНУ, ќе одржи академикот Таки Фити.

Делови од Маџари денеска без струја поради технички зафати на ЕВН


Без електрична енергија денеска од 8:30 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците на улиците „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“ во населбата Маџари, општина Гази Баба. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекинот е поради технички активности во трафостаницата „Маџари 7“, кои опфаќаат чистење, проверка на расклопната опрема и […]

Невролози од Љубљана и Скопје ќе разговараат за новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест


Можностите за воведување современи терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест во земјава ќе бидат тема на панел-дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што денеска ќе се одржи во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. На настанот ќе учествуваат невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана и од универзитетските клиники […]

Симон Трпчески со „Камерен музички десерт“ вечер во Македонската филхармонија


Македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески вечер ќе одржи концерт во Македонската филхармонија во Скопје со програмата „Камерен музички десерт“. Концертот ќе почне во 20 часот, а публиката ќе има можност да проследи програма составена од дела на Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович, автори чија музика припаѓа на различни епохи и стилски изрази. […]

На Филозофскиот факултет комеморативна седница во чест на проф. д-р Зоран Велковски


На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи комеморативна седница во чест на проф. д-р Зоран Велковски, кој даде исклучителен придонес кон науката и образованието и човечките вредности по кои ќе остане запаметен меѓу колегите, студентите и пошироката академска заедница. Особено место во неговата работа имаат андрагогијата, образованието на возрасните и доживотното учење – […]