Украинката републиканка Викторија Спартц загуби на изборите за Конгресот


Републиканската конгресменка Викторија Спартц, родена во Украина, ја загуби трката за реизбор во  Индијана. Таа беше поразена од демократот Џ. Д. Форд, со што заврши нејзиниот шестгодишен мандат во Претставничкиот дом на САД. Спартц, која е родена во Черниговската област во Украина, стана првиот член на Конгресот роден во Украина во 2020 година, откако се […]

Загреб прогласен за најдобра европска дестинација за пречек на божиќните празници за 2026 година


Организацијата „European Best Destinations“ (ЕБД) го прогласи Загреб за најдобра европска дестинација за славење на божиќните празници во 2026 година, избран врз основа на повеќе од 10.000 гласови. Прогласувањето беше соопштено на Светскиот туристички саем“ World Travel Market (WTM“) во Лондон, од страна на директорката на Туристичката заедница на Загреб, Мартина Биененфелд. Туристичката заедница на […]

Маск изгуби над 60 милијарди долари заради поразот на републиканците


Илон Маск изгуби повеќе од 60 милијарди долари богатство по поразите на републиканците на среднорочните избори во САД, и покрај тоа што потроши околу 446 милиони долари за да ѝ помогне на партијата да ја задржи контролата врз Конгресот. Голем дел од неговите политички трошоци беа насочени кон Тексас, каде што републиканците претрпеа голем пораз. […]

Не е само голманот под истрага за смртта на Де Мигел: Се истражува и зошто амбулантното возило не било на теренот


Шпанската полиција и судството истражуваат и како му е помогнато на Хесус де Мигел, напаѓачот на Тенерифе кој почина по судирот со голманот од Андора. Се проверува работата на медицинската служба на клубот, Црвениот крст и транспортот до болницата. Како што пишува Атлантико Хој, повикувајќи се на весникот Ел Диа, истрагата ја вклучува работата на […]

УЈП започна со реализација на активностите за учење преку работа


Управата за јавни приходи започна со реализација на активностите за учење преку работа, во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка со СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, со кој се овозможува стекнување практични знаења и искуства на учениците во реална работна средина. Во активностите се вклучени 13 ученици од образовниот профил „Дигитален маркетинг“, кои во периодот […]

Родри неизвесен за дербито против Атлетико


Настапот на фудбалерот на Барселона, Родри, на претстојното дерби во Ла Лига против мадридски Атлетико е неизвесен поради повреда. Триесетгодишниот Родри се повреди на дуелот од четвртото коло од Лигата на шампиони против Астон Вила, напуштајќи го натпреварот помеѓу двете полувремиња како превентивна мерка. Според шпанските медиуми, Родри почувствувал болка во десната тетива и неговиот […]

Народот бара одговорност за Алта банка, вели ЛДП


  Додека Народна банка итно поставува привремена администрација и бара нов сопственик за колабираната Алта банка, македонските граѓани и фирми остануваат заложници на една опасна економска хаварија чиј главен архитекта е актуелната власт. Ова не е само обичен банкарски колапс, туку суров епилог на политички асистирани зделки и увоз на сомнителен регионален капитал од режимите […]

Мицкоски побара „робусна“ акција од ЕУ да се откочи македонскиот пат


  „Потребна е робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на панел во германскиот град Диселдорф. Панелот беше дел од собирот посветен на отпорноста на германската покраина Северна Рајна Вестфалија. Тој на Фејсбук соопшти што кажал на панелот: […]

Скот Паркер нов тренер на Вест Хем


Скот Паркер е назначен за нов главен тренер на Вест Хем, објави прес-службата на англискиот клуб. Четириесет и шестгодишниот фудбалер потпиша договор од две и пол години. Паркер доаѓа на местото на Нуно Еспирито Санто, чие заминување беше објавено на 3 ноември. – Ова е многу возбудливо време за мене да ја преземам оваа позиција […]

Сиљановска се сретна Марк Руте и со врховниот командант на НАТО за Европа


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците. Таа ја потврди определбата за достигнување на целта […]

Европската федерација на новинари остро го критикува самитот на Еуроњуз за проширувањето на ЕУ


  Претседателката на Европската федерација на новинари, Маја Север, остро го критикуваше самитот на Еуроњуз за проширувањето на Европската унија, одржан на 3 ноември во Брисел, посочувајќи ги контроверзиите околу организаторот на состанокот, Педро Варгас Давид, како и одредени политички лидери кои учествуваа на него. Таа особено предупреди на притисоците на кои, според неа, се […]

Има отпор на Клиниката за онкологија и на дел од клиничките болници каде треба да се децентрализира терапијата, но работиме тоа да се реши


Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна дека има отпор на Клиниката за онкологија и на дел од клиничките болници каде што треба да се децентрализира терапијата, меѓутоа работат со раководство во тие установи тоа скоро да биде решено. На презентирањето на реализираните активности и стратешките приоритети во изминатите три месеци Клековски се осврна на […]

Повредени тројца студенти по упад на маскирана група во универзитетскиот кампус во Атина


 Група од околу 40-50 лица упаднала за време на генерално собрание на студентското здружение на катедрата за математика на Националниот и Каподистрискиот универзитет во универзитетскиот кампус во Атина, при што, според неофицијалните информации, со секира нападнале студенти и фрлиле молотов коктел, а повредени се тројца студенти, јави дописничката на МИА од Атина. Членови на Управниот […]

На Информер му е забрането емитување на емисијата „Првa инфо“ седум дена


Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) донесе одлука да ѝ забрани на телевизијата Информер седум дена емитување на програмата „Јутро“, во која е сторено особено сериозно кршење на законот. Како што беше кажано на состанокот, можно е истите мерки да важат и за емисии од сличен формат, а за тоа ќе одлучи правната […]

Филипче вели дека Славески не може да ги продава акциите на битолската Алта банка


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека Народната банка на Македонијља нема да може да ги продаде акциите во Алта банка ад Битола, туку дека тоа може да го стори акционерот (Алта банка ад Белград, односно тој кој што го управува стечајот на оваа банка). Тој го повика гувернерот Славески да поднесе оставка, бидејќи, […]

Регионализацијата ќе биде клучно прашање, најавува Клековски


Изминатиот период најголеми постигнувања во здравствениот систем се направени во пристапот до лекови, Итната медицинска помош и ургентната медицина, во зачеток се суштинските работи во регионализацијата. Треба многу повеќе да направиме во радиодијагностиката, онкологијата, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и секако реосмислување на концептот за долгорочна нега. Без дигитализација нема зголемување на продуктивноста во здравствениот сектор […]

Кос порача дека напредокот во преговорите зависи само од нас


  Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, преставувајќи ги извештаите за земјите кандидати за членство во Европскиот парламент, јасно кажа дека дали и колку ќе напредува Македонија во евроинтеграцијата не зависи од Брисел, ни од Софија – туку од Македонија самата. Таа потврди уште еднаш дека Европската комисија е подготвена да го отвори првото преговарачко поглавје […]

Канзас избра демократски сенатор за прв пат по 1932 година


  Канзас го доби својот прв демократски сенатор по 94 години. Во 1932 претседател беше Херберт Хувер. Колку долго другите сенаторски места што сменија партиска припадност биле „црвени“ (републикански)? На избори од големо значење, демократите ја презедоа контролата врз Конгресот, при што се очекува да освојат најмалку седум сенаторски места и 27 конгресни окрузи кои […]

Нови детали за за трагедијата кај Богданци: Момчето било пријавувано за насилство кон девојката


21-годишникот чие тело беше пронајдено до запален автомобил во кој противпожарните служби по гаснењето пронашле тело на 17-годишна девојка кај Богданци бил пријавуван за загрозување на сигурноста. Пријавата, според Обвинителството е од 16 октомври, а имало и граѓанска постапка. -Има пријава за загрозување на сигурноста од 16.10 по која веднаш започна да се постапува, а […]

„Скопје ги слуша детските желби“ – пратете ги своите новогодишни желби


Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги поканува сите деца и млади на возраст до 18 години од Скопје да ги испратат своите искрени новогодишни желби. Конкурсот „Скопје ги слуша детските желби“ почнува од утре (5 ноември) и ќе трае до 1 декември 2026 година. За учество на конкурсот, во прилог со новогодишната […]