Рокас денес ќе му го врачи Извешајот на ЕК за напредокот на земјава на Мицкоски


Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе му го врачи на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.  По врачувањето на извештајт, Мицкоски и Рокас ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија-центарот на Владата. Извештај на ЕК: Македонија не прави ништо за уставните измени

ЛШ: Реал славеше над АЕК во Атина, Фенербахче на два пати губеше, со пресврт го победи Ливерпул


Реал Мадрид славеше голема победа од 3:2 на гостувањето кај АЕК во Атина, во четвртото коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите. АЕК поведе во 12. минута преку Абубакари Кои́та, по асистенција на Лука Јовиќ. Реал израмни во 32. минута со спектакуларниот погодок на Џуд Белингам, кој со пета ја смести топката во мрежата […]

Облачно со локален дожд


Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 9, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени. Во Скопје ќе се задржи променливо облачно со слаб […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 5 ноември 2026 година, 309-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 56 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 11 минути, а ќе зајде во 16 часот и 23 минути. Денов трае 10 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее 21 […]

Газете боси по трева или песок: Носи здравје за целото тело


Стилот на боси нозе станува сè попопуларен меѓу луѓето. Ова не е изненадувачки, бидејќи станува збор за здрав, едноставен и потполно бесплатен начин на движење. Затоа, едноставно собујте ги обувките – толку е едноставно! Зошто сè повеќе луѓе избираат да одат боси на јавни места? „Брајт сајд“ (Bright Side) се обиде да објасни зошто собувањето […]

Како директорот Давор Мацура ги крадел парите од сопствената Алта банка?


  Од приближно 390 милиони евра што, според сомневањата на обвинителството, сопственикот и директор Давор Мацура нелегално ги зел од Алта банка во Србија, само мал дел бил физички изваден од трезорот, додека остатокот никогаш не стигнал таму, пишува во Наредбата за водење на истрагата на обвинителството, до која имал пристап истражувачкиот медиум „Крик“ имал […]

Истражување открива необична поврзаност: Три навики што можат да укажуваат на висока интелигенција


  Многумина претпоставуваат дека високо интелигентните луѓе имаат поедноставен и поорганизиран живот. Интересно е што некои истражувања поврзале одредени секојдневни навики што често се сметаат за „лоши“ со повисоки резултати на тестовите за способност. Брзо губење на интерес и склоност кон досада Луѓето со високи интелектуални способности често губат интерес побрзо кога мора да извршуваат […]

Во Србија уапсен командантот на Специјалната антитерористичка единица


  Како што неофицијално дознава порталот „Нова.рс“ командантот на српската  Специјалната антитерористичка единица (САЈ), Игор Жмириќ, денес е уапсен по наредба на Првото основно обвинителство во Белград. Игор Жмириќ е едно од петте лица уапсени во голема операција на инспекторите на Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија. Покрај него, уапсени […]

Боб поетот се сретна со Боб свештеникот: Папата Лав го прими Боб Дилан во Ватикан


Тие се двајца од најпознатите „Боб-овци“ во светот кои доаѓаат од американскиот Среден запад. Папата Лав XIV, чие родено име е Роберт Превост, и легендарниот музичар Боб Дилан, се сретнаа во Ватикан. Лав и Дилан беа видени како се среќаваат во Апостолската палата во Ватикан, која служи како резиденција на папата. Папата носеше бела свештеничка […]

Иван Кукиќ и Sound Therapy „растурија“ во Белград – неговото време допрва доаѓа


Иван Кукиќ ( бас гитара во Влатко Стефановски трио, кој дипломира во Белград музичка продукција и дизајн на звук и свири гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти)  и неговиот бенд Sound Therapy одржаа двочасовен концерт „The Vicious Circle“ во салата МТС во Белград, на кој оригинална музика, македонска традиција и силен рок звук поврзаа […]

Сиљановска на средби во НАТО, ја пречекаа Руте и Шекеринска


Претседателката Гордана Сиљановска, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. На влезот покрај Руте, претседателката ја пречека и  Радмила Шекеринска, заменик-генерална секретарка на Алијансата, која на функцијата е од декември 2024 година.  На средбата со Руте, Сиљановска ја реафирмираше посветеноста на Македонија кон НАТО и колективната […]

Осумдневен притвор за двајцата вработени на УГД, кои „заработиле“ 21.000 евра за преправање оценки на студенти


Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување мерка притвор од осум дена за двајцата вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Обвинителството и МВР попладнево информираа дека во случајот со бришење и манипулации во електронскиот индекс се опфатени 44-годишниот Р.Т – раководител на е-индекс […]

ФФМ: Службени 3-0 за Вардар на куп натпреварот против Тиквеш


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја усвои денеска жалбата на Вардар и со служен резѕлтат од 3-0 го регистрираше натпреварот од осминафиналето во Купот на Македонија. Одлуката значи елиминација на Тиквеш од Купот на Македонија поради неправилен настап на фудбалер на дуелот на кој кавадаречкиот прволигаш го победи Вардар со 3-1. „Комисијата за натпревари на […]

Во Германија запленети 300 килограми кокаин скриен во гајби со банани


Германската полиција и царина откри и конфискува 300 килограми кокаин. Дрогата била пронајдена на пазар на големо во Нирнберг, скриена во гајби со банани. Вредноста на запленетиот кокаин на црниот пазар се проценува на околу 20 милиони евра. Полицијата била информирана за невообичаено тешка гајба со банани од вработен во пазарот, по што уследила проверка. […]

Лагард ја предупреди Европа за огромните економски последици од климатските промени: Штетата може само да расте


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, предупреди дека овогодишните топлотни бранови, суши и шумски пожари во Европа се предупредување за зголемените економски трошоци од климатските промени, кои би можеле дополнително да се зголемат во иднина. На Европа ѝ е потребна подобра заштита од финансиските последици од климатските промени и пофлексибилен енергетски систем што […]

Легендарниот накит на Елизабет Тејлор добива модерно руво: „Сакавме да ја осветлиме неа“


На Елизабет Тејлор никогаш не ѝ бил потребен изговор за да ги носи своите дијаманти. Сега, една нова колекција, инспирирана од извонредната кутија за накит на легендарната актерка, ја прави нејзината љубов кон впечатливиот, блескав накит достапна за новата генерација. „Brilliant Earth“, бренд за луксузен накит со етичко потекло, стапи во соработка со „House of […]

Пендаровски ги нарече небулози обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека гради зграда со Муслиу


Поранешниот претседател, Стево Пендаровски, реагираше на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој го праша дали гради зграда во Влае со поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу. Според него, денешниот прес на ВМРО-ДМПНЕ пред градежен објект во изградба во Скопје е потврда за политичката дезориентираност на таа партија која дневно фабрикува […]

Граѓани на Крива Паланка со видеа покажуваат како кравите го узурпираат центарот на градот


Реакциите на загрижените граѓани не стивнуваат ниту оваа вечер. Крави слободно се движат низ централното градско подрачје на Крива Паланка, узурпирајќи ги јавните и зелените површини. Видеоматеријалите што ги доставуваат сограѓаните ја документираат состојбата и ја нагласуваат потребата од итно постапување. Граѓаните апелираат за конечно решавање на овој горчлив, децениски проблем, кој го нарушува секојдневното […]

Хутите изведоа нов напад врз аеродромот во Ријад


Сана – Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека повторно го нападнале аеродромот во Ријад откако Саудиската цивилна одбрана рано утрово издаде кратко предупредување за „потенцијална опасност“ во областа на главниот град на кралството, објавија француските медиуми. Портпаролот на оваа проиранска милитантна група – Јахја Сарија, изјави дека Хутите „спроведоа операција против Меѓународниот аеродром Крал Халид […]

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија


Брисел – Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, денеска коментирајќи ги резултатите од среднорочните избори во САД, изјави дека американските гласачи јасно ја изразиле својата волја и изрази очекување дека новиот Конгрес и Сенат ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и да го зголемуваат притисокот врз Русија. Таа […]