Бесплатни тестирања за рак на простата утре во ЗД „Железничар“


 Бесплатни тестирања за рак на простата ќе се спроведуваат во текот на утрешниот ден во Здравствен дом „Железничар“ во Скопје. Од јавната здравствена установа информираат дека бесплатното ПСА-тестирање на машката популација ќе се одвива како поддршка на светското движење „Movember“. Утрешната акција е во организација на јавната здравствена установа заедно со „Проџект хоуп“ (Project Hope), […]

Делегација на шумарски експерти од Австрија го посети НП „Маврово“: Отпорноста на шумските системи на климатските промени во фокусот


Делегација од стручњаци од областа на шумарските науки и климатски промени од Република Австрија имаше работна посета во националниот парк „Маврово“ и беа разменети искуства со предизвиците кои доаѓаат од климатските промени. Домаќинот на средбата, директорот Харис Ибраими, искажа задоволство од интересот на австриската стручна јавност и посочи дека меѓународната размена на научни сознанија, искуства […]

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа со шест реактори


Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за разбирање со турската државна нуклеарна компанија „Туркије Нуклеер Енерџи“ за изработка на физибилити-студија за проширување на турската нуклеарна енергетска програма. Турската компанија планира изградба на втора нуклеарна централа во Синоп, на брегот на Црното Море, а „АткинсРеалис“ предлага поставување шест реактори од типот „Enhanced Candu 6“ со вкупна […]

И многу не чини: Големи проблеми сред бербата на маслинки – 8 преработувачи престануваат со работа?


Осум фабрики за преработка на маслинки во областа од Омиш до Марина во Хрвтска би можеле да престанат со работа во наредните денови бидејќи повеќе немаат доволно простор за складирање на комињето, остатокот што се создава за време на производството на маслиново масло. Овогодишната екстремно обилна жетва ги наполни нивните капацитети на средина од бербата, […]

Терорист од затвор во Њујорк организирал напад врз британска воена база


  Командантот на проиранска терористичка група од затвор во Њујорк помогнал во координирањето на неуспешниот план за напад врз британска воздухопловна база што ја користат САД за воени операции против Иран, според американските федерални обвинители. Според новото обвинение, тој ги испратил инструкциите во кодирани пораки за време на телефонски разговори со своето семејство. Мохамед Давуд […]

Турција обезбеди пакет од 1,6 милијарди долари за финансирање на климатските политики


Анталија – Турција и Азиската банка за инфраструктурни инвестиции (АБИИ) постигнаа договор за рекорден пакет финансиска поддршка од 1,6 милијарди долари за климатски политики, наменет за поддршка на реформите со кои треба да се привлечат инвестиции неопходни за остварување на климатските цели на земјата, соопшти денеска банката. Според проценките на АБИИ, на Турција до 2030 година […]

Македонија бележи пад на стапката на убиства, во регионот највисока е во Црна Гора, а во ЕУ во Литванија


 Македонија во 2024 година имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, покажуваат податоците на Евростат. Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора 1,92, во Бугарија е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78. Во Европската Унија, највисока стапка на убиства имала Литванија – 2,63 на […]

Нови правила за патување во Европа од 2027: Што треба да знаете?


Граѓаните на Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан што имаат безвизен режим со Европската Унија, наскоро ќе се соочат со нова обврска при патувањето во Европа. Се подготвува воведување на Европскиот систем за информации и одобрување патувања (ETIAS), кој ќе подразбира претходна електронска регистрација и плаќање надомест од 20 евра. Според најновите […]

Во Албанија нема веќе средна класа – или си сиромав или си богат или многу богат


Тирана – Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени граѓани, убава храна и прошетки. Но, на неодамнешното патување во албанскиот главен град тргнавме со некоја грутка во градите за тоа што не очекува и што ќе видиме таму имајќи ги предвид протестите што на моменти беа многу насилни, како од страна на демонстрантите, меѓу кои најбројни […]

Над 136 илјади туристи ја посетиле земјава во септември, најбројни од Турција, Србија, Германија и Полска


 Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември 2026 година и оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 24,9 проценти биле домашни, а 75,1 процент странски туристи. Кај остварените ноќевања, 33,8 проценти биле од домашните, а 66,2 проценти од странските туристи. Најголем број странски туристи во септември […]

Најмалку две лица загинаа, 17 се повредени при уривање на зграда во Бруклин


Њујорк – Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени, меѓу кои и седум деца, откако зграда се урна во њујоршката населба Бруклин, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти. Комесарката на противпожарната служба во Њујорк, Лилијан Бонсињоре, изјави дека спасувачката операција ќе трае подолго и дека во тек е истрага за утврдување на причините […]

Промоција на „Чија си“ – авторизираната биографија на Славе Димитров од Максим Ристески


Авторизираната биографија на Славе Димитров – „Чија си“ од Максим Ристески вечерво 19 часот ќе биде промовирана во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. За книгата, во издание на „Арс Либрис“, ќе зборуваат промоторите Сашо Гигов-Гиш и Александар Трајковски. Како што информираат од „Арс Ламина – публикации“, биографијата на еден од најзначајните македонски композитори, пејачи, аранжери […]

Седница за опозициски прашања во Собранието


Собранието денеска ќе ја одржи 130. седница, на која пратенички прашања ќе поставуваат пратениците од опозицијата. Пред пратениците во рамки на денешната собраниска седница се вкупно 15 точки. Пратениците ќе расправат по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост во второ читање, Предлог-одлуката за […]

Пијанистот Давид Хрикули ќе настапи како солист на концертот „Ехо“ на Филхармонија


Македонската филхармонија денеска ќе го одржи концертот „Ехо“, на кој како солист ќе настапи грузискиот пијанист Давид Хрикули, еден од најистакнатите млади пијанисти на меѓународната музичка сцена, додека диригент ќе биде францускиот маестро Сами Рашид. Концертот ќе започне во 20 часот, а на програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов […]

Без вода делови од Карпош и од Гази Баба


Без вода денеска од 8:30 часот до завршување на работните активности ќе бидат дел од корисниците на улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“ во општина Карпош. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради замена на затворач (шибер) Ф-80 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“.  Без вода […]

Австрија го заострува законот за шпионажа


Виена – Австриската Влада  објави планови за проширување на правната дефиниција за шпионажа и зголемување на максималната казна за тоа кривично дело за да ја промени долгогодишната репутација на Виена како „легло на шпиони“, а овој потег доаѓа по протерувањето на неколкумина руски дипломати. Во австрискиот главен град денес се сместени меѓународни организации како Организацијата […]

Захарова: Причината за смртта на рускиот амбасадор во САД е хронична болест


Москва – Рускиот амбасадор во САД Александар Дарчиев почина во Москва од хронична болест, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа напомена дека веќе пристигнале голем број пораки за сочувство „од сите краишта на планетата“ во врска со смртта на рускиот амбасадор во САД. „Исполнети се со тага поради загубата […]

Самит на Европската политичка заедница почнува во Даблин за клучните предизвици со кои се соочува европскиот континент


Даблин –    Лидерите на околу 50 европски земји ќе се соберат  денеска во Даблин на 9. самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), каде што ќе разговараат за клучните стратешки и геополитички предизвици со кои се соочува европскиот континент, особено напорите за ставање крај на војната во Украина. Ден потоа, в петок, се одржува неформален […]

Облачно и топло со утринска магла


Во земјава денеска ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 12, а максималните ќе достигнат од 17 до 21 степен. Во Скопје, времето ќе биде […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 12 ноември 2026 година, 316-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 49 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 16 часот и 16 минути. Денов трае 9 часа и 55 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]