Пиштол со калибар 9 пронајден кај 15-годишник од Тетово


На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка. Малолетникот бил задржан во полициска станица, за […]

Врне на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, но мириса на јаболка, вино, ориз…


Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. Македонски производители нудат млечни производи и месни преработки, ајвар, лутеница, маџун, мармалади, путери од лешник и други јаткасти плодови, вино, ракија, како и природни сокови од овошје. Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.  -Во вкусовите што домашните […]

„Да го видам тогаш нека обжалува“… штур одговор на Мицкоски за новиот Закон за јавни набавки


Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека со новите измени на Законот за јавни набавки, донесен вчера од Собранието, нема да може повеќе да се манипулира околу малите, но и големите јавни набавки. Сепак, прашан за тоа како ќе функционира и како ќе се превенира претходно договарање од фирмите кои учествуваат во јавните набавки, Мицкоски не објасни […]

Авиони на НАТО го надгледуваат небото над Бугарија


Авиони на НАТО за рано предупредување и контрола AWACS извршуваат летови над Бугарија, следејќи ги активностите во воздухот и на море и поддржувајќи ги мисиите на бугарските борбени авиони, објави БТВ. Алијансата ја претстави активноста преку објава на социјалните мрежи, придружена со фотографии од своите сили за воздушно набљудување. Од НАТО нагласуваат дека заедничкото дејствување […]

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето


Американската вселенска компанија „СпејсЕкс“ синоќа доживеа неуспех при уште еден тест-лет на џиновската ракета „Старшип“. Тестот предвидуваше механичките раце на лансирната кула да ги фатат двата степени на ракетата, но долниот сегмент познат како ракетен забрзувач „Супер Хеви“ наместо да биде прифатен од лансирната кула како што беше планирано, се спушти во морето и се […]

Кравите од Крива Паланка ги „узурпираа“ и светските медиуми


Кравите од Крива Паланка кои слободно се шетаат, а за кои градоначалникот побара прогласување кризна состојба, стигнаа и на светските медуми. За нив известуваат „Еуроњуз“ и „Асошиејтед Прес“. „Асошиејред прес“ јавува дека жителите на Крива Паланка се борат со стадо говеда кое пораснало на повеќе од 1.000 животни, уништувајќи имот и загрозувајќи го нивниот живот. […]

Почнува масовна вакцинација на овци и кози: 400 илјади дози против опасната болест


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна со дистрибуција на 400.000 дози вакцини против болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва низ земјата. Вакцините се обезбедени како донација од Европската Унија, а се од турско производство. Според најавите од АХВ, по завршувањето на подготовките и согласно одобрениот План за вакцинација од страна на […]

Населбата Каменик во Кисела Вода ќе добие редовно снабдување со квалитетна вода


Увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“, напавија денеска градоначалничката Бети Стаменковска и премиерот Христијан Мицкоски. Со овој проект, за кој општината одвоила нешто повеќе од 27,5 милиони денари, жителите на овој дел од општината ќе добијат редовна и чиста вода за пиење. „Станува […]

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските преговарачи на неодамнешните мировни разговори со Русија во Абу Даби покренале прашање за можно повлекување на украинските сили од Донбас во замена за членство на Украина во НАТО. Зеленски повтори дека Киев не е подготвен да се повлече од својата територија. Сепак, тој рече дека доколку Украина добие […]

Почина гитаристот и басист на групата „Филм“


Почина, хрватскиот музичар и културен активист Зоран Дрлиќ, роден во 1971 година. За време на неговата музичка кариера, соработуваше со бројни домашни бендови, вклучувајќи ги „Филм“ и „Радио Луксембург“, а беше и основач на поранешниот Културен центар Месничка (КЦМ) во Загреб. Хрватскиот музички сојуз се збогува со него со емотивна порака. Веста за смртта на […]

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен


Автопатот Кичево-Охрид се гради со одлична динамика. Делницата од кичевското село Извор до селото Врбјани во општина Дебарце се очекува во следните неколку недели да биде ставена во функција, порача од Охрид заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.  -Така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите […]

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин


 „Мајкрософт“ соопшти дека целосно ги обновил услугите на платформите „Тимс“, „Аутлук“, „Копилот“ и другите апликации, со што заврши глобалниот прекин што повеќе од 24 часа ја оневозможуваше интернет-комуникацијата на компании и владини институции. Компанијата на платформата „Икс“ објави дека ги завршила активностите за отстранување на причината за проблемот и повторно воспоставила услуги за сите преостанати […]

Во Словенија молк пред утрешните локални избори


 Во Словенија е во сила изборен молк пред утрешните локални избори, што ќе се одржат во сите 212 општини во земјата. Најголемо внимание привлекуваат изборите за градоначалник на Љубљана, каде што по 20 години владеење на Зоран Јанковиќ за првпат се очекува втор круг. Негов противкандидат во вториот круг би требало да биде претседателот на […]

Економистите предупредуваат на сериозна буџетска криза во Германија од 2028 година


 Германија би можела да се соочи со сериозна буџетска криза во наредните години доколку Владата не ги ограничи расходите и не утврди јасни приоритети во трошењето на јавните средства, предупредуваат водечки германски економисти. Претседателот на минхенскиот институт „Ифо“, Клеменс Фуест, оценува дека сегашната буџетска политика не е одржлива на долг рок и дека владината коалиција […]

Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата


Од утре, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.  Согласно одребите […]

Што се случи во контролата на летот за време на хаосот на небото над САД: Особено впечатлив разговор со млад пилот


Снимките од радио комуникациите на пилотите и контролорите на летање на главните американски аеродроми покажуваат како изгледала одлуката за забрана на полетувања низ САД. Контролорите признале дека самите немаат информации и ги споредиле пистите со паркинг. Контролор на аеродромот Њуарк Либерти во Њу Џерси е на видео каде им кажува на пилотите за забраната издадена […]

Три книги од „Арс Ламина“ добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година


Три книги објавени од издавачката куќа „Арс Ламина“ се добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година, што ја доделува Град Скопје. Признанието во областа на публицистиката и стручните книги му е доделено на проф. д-р Огнен Марина за книгата „The Skopje Project“, додека во областа на здравствената заштита е наградена творечката целина составена од […]

УХМР: Најстудено утрово на Попова Шапка со шест степени, најтопло во Битола со 14


Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани 6 степени , а најтопло утрово било во Битола со 14 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринските мерења, 7 степени биле измерени во Скопје на Зајчев Рид, Крива Паланка и Прилеп, додека 8 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, […]

Национален форум за дијабетесот по повод Светскиот ден на дијабетесот


 По повод 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) во Скопје ќе одржи Национален форум на тема „Дијабетесот во Македонија – од приоритети до конкретни решенија“, посветен на унапредување на здравствената грижа и подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес. Форумот ќе се одржи во […]

Во Битола се одбележува годишнина од формирањето на Народниот театар


 Во Битола денес се одбележува 14 ноември, денот кога пред 82 години, во старата зграда на Народниот театар се одржа првата театарска претстава на Македонски јазик, „Ѓоре Магарески“ од Владо Малески во режија на Димче Стефановски, воедно ден кога прв почна со работа театарот во Битола. Првите членови и основачи на театарот биле Јорго Цаца, […]