Приведен е поранешниот гувернер на Унгарската централна банка Ѓерѓ Матолчи


Поранешниот гувернер на Унгарската национална банка, Ѓерѓ Матолчи, утрово беше приведен заедно со други лица поврзани со тековната истрага за активностите на институцијата за време на неговиот мандат, објавија британските медиуми, повикувајќи се на локалните медиуми. Повикувајќи се на неговиот адвокат Пал Батки, унгарската интернет страница Телекс соопшти дека Матолчи ќе биде испрашуван подоцна во […]

Левица откри сомнителни тендери во МАНУ


МАНУ, под раководство на Живко Попов, татко на пратеникот на ДПМНЕ Сергеј Попов, продолжува да отвора прашања за начинот на кој се трошат јавните пари. По милионскиот договор за сметководствени услуги и спорната набавка за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, Левица ја отвора и набавката на противпожарни апарати и сервисирањето на постојните ПП-апарати, се вели во […]

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески, родителите на загинатите бараат вистина и правда


Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната за вештакот Петре Русески денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.  Пред почетокот на денешното рочиште, Александар Наунов, родител на едно […]

Владата на Пленковиќ го „преживеа“ Госпиќ


Мнозинството во Парламентот  во Хрватска со 79 гласа и 54 гласа за и против го поништи предлогот на СДП за отповикување на владата на премиерот Андреј Пленковиќ, со што пропадна уште еден обид на опозицијата да ја собори владејачката влада. По целоутринските препирки и низата побарани паузи, претставниците на парламентарното мнозинство, како што се очекуваше, […]

(Видео) Кукли во воени униформи и тенкови – вака Русија сака да ги воспитува децата


На рускиот државен натпревар за играчки, меѓу другото, беа претставени плишана мачка во униформа на танкер, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен мразокршач и кукли со сини очи во униформи на Црвената армија од Втората светска војна, објавува Ројтерс. Годишниот натпревар „Домашна играчка“, започнат во 2024 година, има за цел да промовира играчки произведени […]

(Видео) Италија воведува драстични мерки по немирите: Построги казни и за малолетниците


Италија воведува построги мерки за зачувување на јавниот ред и справување со малолетничкиот криминал по неодамнешните протести и насилни судири во Милано. Владата на премиерката Џорџа Мелони усвои декрет со кој се предвидуваат построги казни за организираното насилство, превентивно приведување, санкции за родителите и дополнителни 500 војници на улиците во градот. Според новите правила, за […]

Принцот Хари конечно откри зошто со Меган и децата се вратиле во Британија


Лондон –  Принцот Хари објасни зошто тој и неговата сопруга Меган Маркл и нивните две деца одлучија да се вратат во Велика Британија. Во ново интервју, тој зборуваше за причините зошто ги напуштија САД по шест години, како и за неговата желба да се смири со својот брат, принцот Вилијам, и татко му, кралот Чарлс. […]

Довербата во Зеленски се искачи на 57% по притисокот од Трамп


Нова анкета на Меѓународниот институт за социологија во Киев (KIIS) покажа дека 57% од испитаниците му веруваат на претседателот Володимир Зеленски во интервјуата спроведени од 10 до 16 октомври, во споредба со 43% во помала група анкетирани на 8 и 9 октомври. KIIS рече дека зголемувањето веројатно го одразува ефектот на „собирање околу знамето“ по […]

Зошто Трамп не го сака Зеленски? Европските дипломати велат дека одговорот е едноставен


Киев/ Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп, го изрази својот став за војната во Украина во неформален коментар оваа недела и потврди дека не ги смета двете страни подеднакво виновни. „Русија, искрено, беше доста фер кон Украина“, рече тој. „Тие не правеа Бог знае што“. Таа изјава им потврди на жителите на Киев, кои […]

Кос: Црна Гора мора да ги реши проблемите со Хрватска ако сака да се приклучи кон ЕУ


  Билатералните прашања меѓу Црна Гора и Хрватска не се дел од процесот на преговори со Европската унија, но мора да се решат, изјави комесарката за проширување Марта Кос. Таа објасни дека понатамошниот напредок на Црна Гора зависи од согласноста на сите 27 земји-членки. Кос истакна дека Хрватска има свои интереси, но и дека е […]

Кој е Елван (17)? Го бакна челникот на екстремната левица, а стана лице на протестите во Франција


Некои корисници на социјалните мрежи го нарекоа „Роберт Патинсон во улога на народен трибун“ – Елван Беноа е насекаде во последните денови. Додека некои на социјалните мрежи му се восхитуваат и го прогласуваат за икона, други го критикуваат. Секоја објава во која се појавува веднаш станува вирална, пишува швајцарскиот „Блик“. 17-годишниот Елван се најде во […]

ОН предупредува за насилство во пет европски земји, Франција има најголем проблем


  Њујорк – Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, ги осуди актите на насилство за време на протестите во пет европски земји и ги повика сите вклучени страни да ги намалат тензиите и да спречат понатамошни судири. „Протестите од големи размери во Албанија, Белгија, Франција, Италија и Португалија предизвикуваат загриженост за човековите […]

Штрајкови и протести во Грција поради зголемените трошоци


 Синдикатите и студентските организации во Грција денеска организираат национални штрајкови и протести во знак на протест против зголемените трошоци за живот и барањата за  поголеми инвестиции во јавното образование, пренесува ДПА. Според извештаите на медиумите, само во Атина треба да бидат распоредени околу 3.000 полицајци, во обид да се спречат немири слични на оние што […]

Рации во Нови Сад во врска со изборите в недела


На територијата на Нови Сад во тек е акција за апсење на група за која се сомнева дека „планирала нереди на денот на изборите“, дознава Радио-телевизија Србија (РТС). Како што наведува РТС, во одвоена акција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Краљево, уапсен е и М.А. од Врњачка Бања. Се сомнева дека групата планирала […]

Викендов почнува зимското сметање на времето: Во недела стрелките на часовникот се поместуваат еден час наназад


Викендов, во ноќта меѓу сабота, 24 октомври, и недела, 25 октомври 2026 година, започнува зимското сметање на времето. Граѓаните ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците еден час наназад, што значи дека ќе спиеме еден час подолго. Промената ќе се случи во недела, на 25 октомври, во 3 часот по полноќ, кога часовниците ќе […]

Напади во училиштата низ Европа, истрагите водат кон опасни интернет-групи


Серија напади во училишта во Романија, Полска и Франција ги насочи истражителите кон интернет-заедници што величаат масовни убиства и поттикнуваат насилство. По нападите во кои има загинати и повредени, европските власти го испитуваат влијанието на социјалните мрежи врз младите напаѓачи, но засега нема докази дека инцидентите биле меѓусебно координирани. Последниот напад се случи во понеделникот, […]

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на СП во Словенија


 Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на Светското првенство, кое ќе се одржи од 22 до 25 октомври во Копер, Република Словенија. Македонија ќе ја претставуваат 14 натпреварувачи во различни возрасни категории: Сениори: Матеј Јарчевски Кадети: Камелија Недев и Софија Јарчевска Деца од 11 до 13 години: Филип Недев, Георги Кокорманов, Драган Стојановски и […]

Изданијата на Општина Охрид на полиците на Конгресната библиотека во Вашингтон


Дваесет и три книги од творештвото на македонскиот политиколог, новинар, публицист и автор Свето Стаменов, меѓу кои и значајни изданија посветени на свети Климент Охридски и на меѓународната улога на Охрид, во почетокот на септември се најдоа во фондот на Конгресната библиотека во Вашингтон, една од најголемите и најзначајните библиотеки во светот. Донацијата претставува уште […]

Објавен романот „Бура“ од Веле Смилевски


Во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје, деновиве излезе од печат романот „Бура“, со подналов „Московски години“, од Веле Смилевски. Во основата на „Бура“ е ракописната збирка „Записи за Јордан Веселов“ од Павел Александрович Глазов, откриена во втората половина на 20 век, во малиот приватен музеј посветен на Дмитриј  Федоров, на […]

„Ароматичната моќ на билките“: Скопје Сити мол во знакот на чајот од 30 октомври до 1 ноември


  Од 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“, во знакот на „Ароматичната моќ на билките“. Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи […]