Колумбија заплени 7,6 тони кокаин во најголемата рација досега во Картагтена


Властите во Колумбија запленија 7,6 тони кокаин скриен во контејнер во пристаништето Картагена, при што претседателството на земјата го опиша како најголема заплена на дрога во последната деценија. Трговците го криеле кокаинот во прав од нерафиниран шеќер од трска, а дрогата била наменета за Холандија.

Операцијата ја спроведе Колумбиската национална полиција со помош на Дирекцијата за борба против наркотици (DIRAN) и во соработка со Администрацијата за борба против дрога на САД (DEA), која ја процени уличната вредност на пратката на 42 милиони американски долари.

Колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспериља ја опиша заплената како голема победа во кампањата против трговијата со дрога и ја пофали Националната полиција, велејќи дека операцијата претставува „најголем удар забележан во последните 10 години“.

„Нека им биде јасно на трговците со дрога: не е важно како ја криете дрогата или какви методи користите за да се обидете да ги измамите нашите власти. Ќе ве најдеме и ќе ве удриме таму каде што најмногу боли: вашите криминални структури и вашите финансии“, рече колумбискиот претседател.