Дали е ова крај на кариерата: На Роналдо му се заканува суспензија од шест месеци?!


Топ вест во светот на фудбалот е заминувањето на Кристијано Роналдо од кампот на Португалија во Копенхаген. По се она што се случи синоќа, сега со право се поставува прашањето дали е ова и крај на кариерата на Роналдо ако се знае дека може да добие драстична казна, пренесе SportSport. Според португалскиот спортски весник „А […]

Послаб земјотрес во Радовиш и во Струмица


Земјотрес со јачина од 2,5 степени е регистриран ноќеска во југоисточниот дел на Македонија, покажуваат податоците објавени преку Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според првичните информации, земјотресот бил регистриран во 00:29 часот на 1 октомври, на длабочина од околу 15 километри. Од мапата на сеизмичкиот настан може да се види дека епицентралното подрачје се наоѓа во поширокиот […]

Пет лекари во битолската болница не утврдиле точна дијагноза, Обвинителството ќе ги гони за несовесно лекување


Битолското обвинителство поднесе обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти под обвинение за несовесно лекување на 40-годишна пациентка, на која и ја влошиле состојбата по што починала. -Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки […]

Џим Кери се ожени по трет пат


Лос Анџелес – Џим Кери се ожени. Портпаролот на 64-годишниот актер потврди за „Пипл“ во среда дека тој се венчал со својата партнерка, Мин Ах. Двојката се венча седум месеци откако се појавија заедно на доделувањето на наградите „Цезар“ во Франција. Кери ја нарече Мин Ах своја „прекрасна партнерка“ во говор што го одржа целосно […]

Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за  2026 година


Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“  распиша Конкурс за доделување на државната „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во 2026 година. Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.  Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. […]

Рекорден септември на порталот „услуги“: 27.345 барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000


Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk<http://uslugi.gov.mk/> во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле 27.345 барања за електронски услуги, што го прави септември убедливо најуспешен месец досега, надвор од услугата за ИКТ ваучерите со која беа услужени над 50 илјади студенти. Со овој резултат, вкупниот број на барања поднесени […]

Македонски државјанин под истрага од АНБ за пропагандна мрежа поврзана со странски фактори


Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), презела истражни дејствија против македонски државјанин за кој постои сомнение дека е поврзан со странски фактори вклучени во креирање пропаганден апарат со мрежа на портали присутни во македонскиот медиумски простор. Според информациите од АНБ, активностите биле спроведени […]

„Мој термин“ работи на „жими мајка“: Нема листи со закажани пациенти во здравствените установи, а ГОБ „8 Септември“ не ги внесува операциите


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на информациски системи како ревизија на успешност на темата „Мој Термин” со цел да се даде одговор на прашањето „Дали системот ‘Мој Термин’ придонел за оптимизација на здравствените процеси и подобрување на квалитетот на здравствените услуги?“ Во делот на институционалното управување, со ревизијата е утврдено дека Управата за електронско […]

Агенцијата за основни права бара од државите на ЕУ дополнително да ги заштитат корисниците на ВИ од злоупотреби при надзорот


Државите на ЕУ треба да преземат дополнителни мерки за да ги заштитат луѓето од злоупотреби при употребата на вештачката интелигенција (ВИ) за надзор и да ја зголемат довербата на јавноста во институциите, се наведува во извештај на Агенцијата за основни права на ЕУ. Препораката доаѓа во време кога полицијата воведува биометриска идентификација со помош на […]

Американската администрација ја продолжи лиценцата на НИС до 30 октомври


Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии (OFAC) ја продолжи лиценцата за работа со нафтената индустрија на Србија (НИС) до 30 октомври, објави РТС. Со тоа се овозможи продолжување на работата на компанијата и работата на рафинеријата за нафта во Панчево, која доминантно се снабдува со нафта од Јадранскиот гасовод (Јанаф). […]

Се повеќе кражби на гориво во Германија


Поради високите цени на горивата во Германија, бројот на кражби на бензинските пумпи се зголемува, поради што некои сопственици почнаа да ги затвораат своите објекти ноќе. Информациите ги објави Германското здружение на оператори на бензински пумпи. Според нивните изјави, и помладите и постарите граѓани крадат гориво. „Психолошкиот праг за кражба очигледно падна бидејќи цените се […]

Илон Маск ќе раководи со проект на Пентагон за иднината на војувањето


Вашингтон – Технолошкиот магнат, Илон Маск, ќе има водечка улога во новиот проект на Пентагон за истражување на иднината на војувањето, соопшти синоќа американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет. Обраќајќи се пред воениот персонал во базата на маринскиот корпус „Квантико“ во Вирџинија, Хегсет рече дека Маск ќе биде еден од раководителите на иницијативата, позната како […]

Роналдо ја напушти португалската репрезентација и отпатува во Мадрид


Копенхаген – Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, се врати во Мадрид од Копенхаген со приватен авион ноќеска околу 2 часот по локално време, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс. Претходно, селекторот на португалската репрезентација, Жорже Жесус, на прес-конференција објави дека Роналдо ќе го пропушти натпреварот против Данска закажан за вечер од 20:45 часот. […]

Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата- петти Фестивал на биодиверзитет во Скопје


Во организација на Слоу Фуд Водно, во сабота, 3 октомври, од 10 до 17 часот, во Фонтаната во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи петтиот Фестивал на биодиверзитет со мотото „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“. Фестивалот е посветен на богатството на природата, зачувувањето на локалните сорти, традиционалното земјоделско наследство и поддршката на локалните […]

Прв академски час на УКИМ – почнува студиската 2026/2027 година


На универзитетите во земјава денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање прв академски час. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје тој ќе се одржи на платото на УКИМ каде што е најавено свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава. На првиот академски час […]

Моден викенд Скопје се „сели“ во МСУ: 33. сезона под знакот на модата и современата уметност


Fashion Weekend Skopje  ја најавува својата 33-та сезона, која ќе се одржи од 30 октомври до 1 ноември 2026 година во Музејот на современата уметност – Скопје, Галерија бр. 4. 33-то издание отвора нов простор за дијалог меѓу облеката, уметноста, телото и архитектурата, поставувајќи едно суштинско прашање: Што се случува кога модата престанува да биде […]

Вадефул во Подгорица на разговори за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан


Подгорица– Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, денеска ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи во Црна Гора, посветен на планираното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Министрите се состануваат во Подгорица во рамки на „Берлинскиот процес“ што се спроведува од 2014 година. Учесниците работат на унапредување на регионалната соработка […]

Филхармонијата ја отвора новата сезона со 13-годишниот машки сопран Алексис Изар Гордон


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе ја отвори новата концертна сезона „Филхармонија: On Air“. На концертот насловен „Симфониски бранови“ како солист ќе настапи 13-годишниот машки сопран Алексис Изар Гордон. На програмата се „Аве Марија“ од Франц Шуберт и Симфонијата бр.4 во ге-дур од Густав Малер. Алексис Изар Гордон е член на Оперското […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната.  На минатото рочиште заврши изведувањето на доказите на […]

ИДЕА ЛАБ домаќин на регионалниот PROI самит на независни PR агенци


Од вчера, па во наредните два дена, Скопје е домаќин на регионалниот самит на PROI Worldwide – глобална мрежа на независни PR и комуникациски агенции. На дводневниот самит, кој ќе се одржи на 1 и 2 октомври во хотел „Мериот“, ќе учествуваат претставници на PROI агенциите членки од земјите од Европа, Блискиот Исток и Африка […]