Нема план за присилно иселување на Палестинците од Газа, изјави американскиот амбасадор во Тел Авив


Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, денеска изјави дека не постои план за принудно иселување на Палестинците од Газа, откако двајца израелски министри оваа недела изнесоа предлози за масовно иселување на Палестинците од територијата. – Можам категорично да ви кажам дека не постои план на Израел да ги расели луѓето од Газа против нивна волја, […]

Георги Господинов ја освои наградата „Жан Моне“ за 2026 година


Уште едно меѓународно признание за Георги Господинов. Неговиот роман „Градинарот и смртта“ ја освои наградата „Жан Моне“ за европска литература за 2026 година. Самиот писател ја објави веста на Фејсбук.   Францускиот превод на романот го направи Мари Врина. Официјалното објавување на наградата беше објавено и во француските медиуми. Книгата на Господинов беше во конкуренција […]

Путин нареди тридневна суспензија на нападите врз Киев поради посетата на Виткоф и Кушнер


Рускиот претседател Владимир Путин нареди да нема напади врз Киев три дена почнувајќи од полноќ поради подготовката и одржувањето на состаноците меѓу украинските претставници и американските преговарачи Стивен Виткоф и Џаред Кушнер во главниот град на Украина, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Украинските медиуми претходно објавија дека украинските вооружени сили прогласиле прекин на […]

Уапсени чешки државјани кои неовластено влегле во касарната „Илинден“ – „скицирале“ воени објекти и борбени средства


Двајца чешки државјани кои престојувале во Скопје, биле лишени од слобода поради сомнение дека неовластено влегле во касарната „Илинден“. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 16:30 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С. (26) и А.Х. (25). За нив постојат основи на сомнение […]

Лауреат на 11.ИФФ Киненова е добитникот на Сребрената мечка во Берлин, турскиот режисер Емин Алпер


Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во неколку 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен во нашата земја фестивалски формат, КИНЕНОВА ги надминува границите што означуваат територии и континенти, и останува посветена на промоција на уникатниот и […]

РК Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот од ЛШ со Нант


Македонскиот ракометен шампион Вардар првиот домашен натпревар од Лигата на шампионите го игра на 16.септември против француски Нант. Во продажба се пуштени билетите за натпреварот, кој ќе се одигра на 16 септември 2026 година, со почеток во 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“. Црвено-црните се враќаат во Лигата на шампионите, а за првиот европски предизвик […]

Пехчево: Маж седел со друга жена, дошла неговата сопруга и ѝ се нафрлила – потоа тој ја натепал сопругата


Вчера во 18:40 часот во ОВР Пехчево, 68-годишна жена од Пехчево пријавила дека вчера ноќта во временски период од 00:23 до 01:00 часот во нејзиниот дом, додека седела со 43-годишен маж од Пехчево и разговарале, дошла неговата сопруга, агресивно се однесувала и физички ја нападнала. Како што се наведува во полицискиот билтен, подоцна, 43-годишниот маж, физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, за кое подоцна и 37-годишаната жена пријавила дека била физички […]

Старата чаршија во Гевгелија доби нов лик, со реконтруирани 27 објекти и улици


Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, откако изминатиов период таму беа обновени 27 објекти, а реставрирани се фасадите на дуќаните, изведено е ново гранитно поплочување, просторот е опремен со урбана опрема и осветлување, а целосно е реконструирана и подземната инфраструктура. Со тоа, Чаршијата добива нов лик, притоа задржувајќи ги автентичноста и препознатливиот дух. Денеска, […]

Владејачката СНС го избра Вучиќ за кандидат за премиер на претстојните вонредни парламентарни избори во Србија


Александар Вучиќ, актуелниот претседател на Србија, е избран за кандидат за премиер на претстојните вонредни парламентарни избори што би требало да се одржат на 25 октомври годинава. Главниот одбор на владејачката Српска напредна партија (СНС) денеска одржа седница во Народниот театар во Ниш. На неа присуствуваше членот на претседателството на партијата и претседател на Србија, […]

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа


Оваа година е натпросечна година кога станува збор за инфекција од Западнонилска треска насекаде во Европа- нагласи премиерот Христијан Мицкоски појаснувајќи дека годинава овој здравствен предизвик е особено изразен на европско ниво и не е специфичен само за земјава. Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија, по повод […]

Вработени во „Национални шуми“ со службени возила си носеле дрва дома


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Р.(45) и Љ.Д.(40), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“. На 25.05.2026 во Свети Николе, пријавените вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Свети Николе“, за време на неработни денови, првопријавениот како референт за превоз, […]

Ристески: Мерката „Училишна кошничка“ непречено се спроведува, инспекторатот контролира


Училишната кошничка која нуди од 10 до 15 проценти поевтин училишен прибор и ранци како мерка се спроведува непречено, а Инспекторатот будно следи 600 пунктови во Македонија и нема да дозволи никакво изигрување на мерката. Оваа е само една од владините мерки за заштита на стандардот и одржувањето на ниското ниво на инфлација- изјави денеска […]

Модриќ ќе продолжи да настапува за хрватската репрезентација


Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ ќе ја продолжи репрезентативна кариера. Ова денеска го објави Хрватскиот фудбалски сојуз на социјалните мрежи. Тој по Светското превенство најави дека одлуката за крај на репрезентативната кариера ќе ја објави пред почетокот на новиот циклус репрезентативни активност. Од оваа негова одлука секако најзадоволен е новиот хрватски селектор Славен […]

Старец (85) предизвикал пожар во Струшко


Старец на возраст од 85 години од струшкото село Заграчани бил лишен од слобода, бидејќи, според МВР, претходно предизвикал пожар на отворен простор. Како што информираат од МВР вчера во 16:30 часот, на локалниот пат меѓу селата Заграчани и Долна Белица, бил лишен од слобода А.М. (85) од Заграчани. Според пријавеното, тој претходно кај месноста […]

Каков „Тиквешки гроздобер“? На лозарите не им е до славење, грозјето им скапува по нивите


  Кавадарци викендов го слави „Тиквешкиот гроздобер“, а лозарите разочарани и во неизвесност за годинешниот откуп на грозјето. Поради невремето и градот голем дел од родот остана на нивите. Пред три дена големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град ја погоди Тиквешијата и им го обра родот на земјоделците. Откупот на винското […]

Масовен протест во Загреб за отпадот во Госпиќ: „Не сме тука затоа што сакавме, туку затоа што моравме“


  Во Загреб се одржа протестен митинг под слоганот „Прошетајте за Лика, прошетајте за Хрватска“, организиран од иницијативата „Госпиќ е наш дом“, поради аферата со десетици илјади тони отпад нелегално исфрлен во подрачјето Госпиќ. Хрватски медиуми јавија дека на проетстот се присутни десетици илјади лица кои пристигнаа со комбиња, автомобили и автобуси. Големата протестна поворка […]

Во Црна Гора откриен нелегален магацин на кланот Мојковац каде се преработувал тутун


Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони тутун, неколку машини за негова преработка, како и суровина за пакување цигари во нелегално изграден магацин во местото Грбе во близина на Даниловград. Магацинот се наоѓа на земјиштето на жителот на Никшиќ, Александар Мркиќ, по кого е распишана меѓународна потерница поради сомнение за создавање криминална организација, перење пари […]

Ramstore City Mall добива нов, современ и унапреден супермаркет


Ramstore маркетот во City Mall е во процес на целосно реновирање и унапредување, со цел на потрошувачите да им понуди уште поквалитетно, современо и пријатно искуство при секоја посета. Во текот на реновирањето, маркетот продолжува да работи и да им биде достапен на своите потрошувачи, при што во одредени периоди може да има привремени ограничувања […]

Законите во „Службен весник“ треба бесплатно да се читаат, смета ЦУП


Бесплатен пристап до електронските изданија на Службениот весник и за тековната година, а не само за архивата, бара Центарот за управување со промени (ЦУП) со иницијатива за законски измени поднесена во Министерството за правда.   „Анализите покажаа дека обезбедувањето бесплатен пристап до електронските изданија на службениот весник ќе придонесе кон поголема правна сигурност на граѓаните, […]

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва


Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, денеска пристигнаа во Москва, а на аеродромот Внуково ги пречека специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, јавија московски медиуми. Авионот со Виткоф и Кушнер слета […]