Општина Аеродром крена и камионче – се расчистува јавниот простор


  Општина Аеродром продолжува со активностите за ослободување на јавните површини од хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила, а паралелно продолжуваме и со обновување на урбаната опрема низ сите населби. Општинскиот инспекторат и минатата недела работеше на отстранување на возилата што подолг период зафаќаат јавен простор, вклучително и возила кои се нерегистрирани повеќе години, по спроведување […]

Студија покажува дека недостигот на вода во Германија и Европа се влошува


Недостигот на вода во Германија и во Европа како целина се влоши во изминатите месеци, според заедничко истражување на научници од Потсдам, американската вселенска агенција НАСА и Германскиот аеровселенски центар, јави ДПА. Резултатите ги засилуваат загриженоста дека „резервите за вода нема да бидат обновени до крајот на годината, дури и ако на есен паднат повеќе […]

Општина Крива Паланка распиша конкурс за стипендирање на талентирани ученици, студенти и спортисти


Талентираните ученици – средношколци и студенти, како и спортски таленти од Крива Паланка ќе имаат можност да конкурираат за стипендии од општинскиот буџет во претстојната учебна година. Конкурсите за доделување стипендии во повеќе категории се веќе распишани и објавени на општинската веб-страница, а аплицирањето ќе започне на 28 септември. -Општина Крива Паланка и во претстојната  […]

(Видео) Филип со крпа во раце, исчисти автобуска постојка во Капиштец


Филип Ѓоргиев – лицето зад профилот „Кеса на 10“ направи убав гест, при што ја исчисти автобуската постојка „Капиштец Црква“ која беше исшарана со графити. Во неговата објава на социјалните мрежи, тој вели: „Некои работи ги гледаме секој ден, само што веќе и не ги приметуваме“. Инаку, Филип редовно организира акции за собирање отпад на […]

Уапсен Романец на „Табановце“ – „летал“ со 163, на место каде дозволено било до 80 километри на час


Вчера во 11:20 часот, на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Х.В.С.(49) од Романија, откако при проверка на патничко возило „ауди“ со романски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР. […]

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро


Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на Охридското Езеро во која при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот, кога бродот „Илинден“, со 57 патници што пловеше на релација Охрид – Свети Наум,  се преврте и потона на околу 250 метри […]

Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“, времето на чекање за излез од Македонија е околу 45 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото […]

Сестрите Вилијамс елиминирани по голема борба на УС опен


Сестрите Серена и Венус Вилијамс го завршија настапот на УС опен откако ноќеска беа совладани од Хао-Чинг Чан (Тајван) и Маја Џоинт (Австралија) со 2-1 во сетови по 3 часа и 2 минути игра во првото коло во конкуренција на женски двојки. Чан и Џоинт важеа за фаворитки и рангирани се како 14. носителки, додека […]

Пожар од големи размери кај Химара, евакуирани локални жители и туристи


Пожарот кој изби синоќа над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, доби загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста беа евакуирани локални жители и туристи, се до целосно стабилизирање на состојбата. Интервенираа противпожарни единици од повеќе градови,  170 припадници на армијата а беа стационирани и […]

ПФЛ: Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар


 Екипите на Скопје и Башкими попладнево (почеток 16:30 часот) ќе го одиграат единствениот дуел од денешната програма од 6.коло од Првата фудбалска лига. Тоа е дуел на двете последнопласирани екипи на табелата, воедно и две екипи кои се без победа во петте одиграни натпревари. Скопје има три бодови, а Башкими е без бод. На вчера […]

Холандија повлекува 86 тони злато од САД поради „геополитички тензии“


Централната банка на Холандија премести 86 тони од своите резерви на злато од САД и Канада во Лондон. Банката како причина за преместувањето ги наведе „зголемените геополитички немири“, објавува „Гардијан“. Холандската централна банка, „Дендерландше Банк“ (ДНБ), изјави дека во Лондон може полесно да се тргува отколку со она што е складирано во Њујорк и Отава. […]

Два активни и пет под контрола – изгаснати се 24 пожари


Заклучно со денеска до 07:30 часот на територијата на државава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни, пет се под контрола, а 24 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општина Ѓорче Петров: с. Грачани – пожарот е активен и на територијата на […]

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска


 Повеќе од 1.000 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил се регистрирани низ цела Европа од почетокот на сезоната на пренесување оваа година, јави ДПА, повикувајќи се на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. До 3 септември, регистрирани се вкупно 1.086 случаи во 15 земји, соопшти агенцијата на ЕУ во своето најново неделно […]

Експлозија разнесе воена касарна во Боливија – над 10 мртви и многу повредени (видео)


Најмалку две лица загинаа по експлозија во воена касарна во Боливија, а властите стравуваат дека бројот на жртви може да биде поголем. Боливискиот министер за одбрана Ернесто Јустинијано изјави дека најмалку 58 лица се повредени кога пиротехнички материјал детонирал во касарната, каде што е стациониран артилерискиот полк, објавува BBC.   https://x.com/DC_Global_News/status/2096122360298459307?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2096122360298459307%7Ctwgr%5Ef9115f1a2ef225834ab10172fe40019258cc464c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fsvet%2F264919%2Feksplozija-u-vojnoj-kasarni-u-boliviji%2Fvest Здравствените претставници изјавија на […]

Македонците се послаби од европејците – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %


 Во 2025 година, 16,3% од луѓето во Европската Унија на возраст над 18 години биле дебели, што значи дека имале индекс на телесна маса од 30 или повисок. Дополнителни 35,4% биле со индекс на телесна маса помеѓу 25 и 30. Генерално, повеќе од половина од населението на ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на […]

Изложба Циклус: „Бежанци“ од Борко Лазески


Во Изложбениот салон на Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена истражувачката изложба Циклус: „Бежанци“ од Борко Лазески (1917–1993), која пред јавноста претставува значаен, но досега недоволно проучен сегмент од творештвото на еден од значајните претставници на македонската модерна уметност. Изложбата и придружната публикација се дел од поширокиот и континуиран процес на истражување, документирање […]

Партизани


Ако сакате да читате книга за историјата како трилер, која не можете да ја оставите од раце додека не дојдете до крајот, тогаш нема ништо подобро во последнава деценија од монументалната книга „Партизани“ на извонредниот словенечки историчар Јоже Пирјевец. Во време кога на сите простори на поранешна Југославија партизанското движење и победата во Втората светска војна […]

Во Загреб ќе се одржи голем протест поради нелегално исфрлени илјадници тони опасен отпад


 Во Загреб денеска ќе се одржи голем протест против нелегално исфрлени десетици илјади тони отпад во близина на градот Госпиќ и регионот Лика-Сењ во западна Хрватска. Протестот е против нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад во близина на градот Госпиќ во регионот Лика. Случајот стана јавен минатиот месец кога хрватската антикорупциска агенција УСКОК објави […]

Фронтекс за првпат распоредува патролен брод во Ламанш


 Граничната агенција на ЕУ, Фронтекс, за првпат распореди патролни бродови во Ламанш за да помогне во спасувањето на мигранти кои се соочуваат со тешкотии при преминувањето од северна Франција во Велика Британија, јави ДПА. Брод, што плови покрај францускиот брег, е поддржан во потрага и спасување од француски бродови и е во координација со авион […]

Сончево и топло, со температури до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до […]