Македонските кошаркарки ја совладаа Норвешка за прв триумф на ЕП во Б дивизијата


 Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација ја совлада попладнево Норвешка со 67-41 и ја забележа првата победа на Европското првенство во Б дивизијата што се одржува во романскиот град Тулчеа. По несреќниот пораз од Азербејџан во минатото коло, македонските кошаркарки силно мотивирани влегоа во денешниот натпревар, наметнувајќи висок ритам и по првата четвртина стекнаа огромна предност […]

Мерџановски: Со владин авион во Скопје транспортиран пациент повреден на одмор во Турција


 Пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси е транспортиран во земјава со владин авион и е хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), истакна директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот се […]

Од мотор пукал кон куќата на тетовец


Во саботата во СВР Тетово е пријавено дека околу 04:20 часот, едно машко лице од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото. При увидот се констатирани оштетувања на дворната метална врата, фасадата од куќата, летниковецот во дворот, како и на […]

Дрон полн со експлозив влезе во Бугарија: Се урна во близина на важен гасовод


Дрон што носеше „значителна количина експлозив“ влезе во бугарскиот воздушен простор во саботата наутро и експлодираше недалеку од границата со Романија и Трансбалканскиот гасовод, а потоа се урна во поле, но немаше жртви, објави бугарскиот премиер Румен Радев. „Дронот експлодираше во непосредна близина на граничниот премин Кардам со Романија“, во близина на Црното Море на […]

Со пиштол се заканувал на снаата во Охрид, едвај го оттргнале – бројни семејни тепачки


Во последното деноноќие пријавени се повеќе случаи на семејно насилство на територијата на целата земја. Во саботата, во 09:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Р.(57) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет ги нападнал неговата 47-годишна сопруга и нивната ќерка. По целосно документирање на случајот […]

Уапсен трет учесник во несреќата во Радишани, каде загина 19-годишник од Побожје


На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на […]

Се подобрува квалитетот на водата во Гостивар, но уште не е за пиење


Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека одлуката ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство кога ќе биде потврдено дека водата ги исполнува потребните услови. […]

(Видео) Курти гаѓан со јајца во косовското Собрание


Тензии во Собранието на Косово откако пратеничката на Алијансата за иднината на Косово, Тиме Кадријај, фрли јајца кон вршителот на должноста премиер Албин Курти. Инцидентот се случи откако Курти побара дополнително време за политички договор со партиите, посочувајќи дека сака да се избегнат нови избори. Потоа претседавачот Авни Дехари ја прекина седницата и побара интервенција […]

Тинејџери се судриле со мотори – повредени тројца


Вчера, во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ и ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управуван од 17-годишник од с.Стајковци, скопско, при што било удрено и паркирано товарно возило „мерцедес“ со […]

Владејачката Тиса го номинира поранешниот претседател на унгарскиот Врховен суд за нов претседател на земјата


Владејачката партија Тиса во Унгарија го номинираше Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд, за нов претседател на земјата, објави денеска пратеничкиот клуб на партијата на Фејсбук. Се очекува Парламентот на седница во вторник да го избере Бака на оваа претежно церемонијална функција, што е симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги […]

Одземени петте деца на двајца велешани, тие се во притвор


На 07.08.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната С.Ш., двајцата од Велес, постапувајќи по претходна пријава за запуштање и малтретирање на дете. Полициски службеници и претставници од Центар за социјални работи Велес извршиле увид во домот каде престојуваат Ѓ.Ш., С.Ш. и нивните пет малолетни […]

Вучиќ по средбата со Зеленски – мали се шансите Србија брзо да влезе во ЕУ, Украина си ја турка европската агенда


Претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, по денешната средба во Белград порачаа дека двете земји сакаат да ја зајакнат економската и политичката соработка. Вучиќ е скептичен околу можноста за брзо членство на Србија во Европската Унија, додека Зеленски најави напредок во преговорите за договор за слободна трговија. Посетата е исклучително значајна […]

Со авиони ќе се гаси пожарот во Сопиште


Пред малку тешки пожари избувнаа на територијата на Волково и на територијата на општина Сопиште, зад Водно. Пожарот кај Волково постепено се става под контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, а во Сопиште започнува интервенција на БППЗ Скопје, каде се  упатени и четири пинцгауери на ДЗС. Три ер трактори се подготвуваат […]

Почина таткото на Лео Меси, му беше столб во животот и кариерата


Хорхе Меси, таткото на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, почина синоќа на 68-годишна возраст. Аргентинските медиуми објавија дека Хорхе Меси починал во болница во Росарио по борбата со ракот. Таткото на Меси беше тешко болен неколку години, а самиот Лионел истакна за време на Светското првенство дека Хорхе е во сериозна состојба. Хорхе одигра голема […]

МВР: Засилени контроли за брзината и викендов во рамки на европската акција на ROADPOL


Министерството за внатрешни работи информира дека и во текот на претстојниот викенд ќе продолжат засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Како што соопшти МВР, во периодот од 3 до 9 август Секторот за сообраќајни работи спроведува интензивни контроли […]

Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои


Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со делегација на Владата на Република Македонија денеска на Карпалак оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината. -Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Десет […]

Слаткар, Лепа Брена и Ацо Пејовиќ за Богородица во Крива Паланка


Во духот на одбележувањето на големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и празникот посветен на Св. Јоаким Осоговски – небесниот заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува музички спектакл каков што градот не памети во поновата историја. На 29 август, Градскиот стадион во Крива Паланка ќе биде местото каде што илјадници посетители ќе […]

На почетокот на септември второ издание на Фестивал на улична храна Аеродром 2026


Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на добрата храна, македонската музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival годинава пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, атрактивна музичка програма и содржини за посетители од сите генерации – соопшти Општина Аеродром.  Во текот на петте фестивалски […]

Во Прилеп отворена изложба на фотографии „Дома“


Во Ликовна галерија на прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“  синоќа беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела насловена „Дома” од прилепските уметници Александра Ацеска и Илија Ацески.  Станува збор за поставка на фотографии и фотоманипулации, кои носат спој на две различни уметнички перцепции.  -Илија Ацески е конкретен, прецизен и рационален. Ја застапува аристотеловата […]

Полицијата отвори нова истрага за убиството на поранешната британска министерка


Контратерористичката полиција што го истражува убиството на поранешната британска министерка Ен Видекомб повторно отвори истрага за инцидент што се случил во домот на британскиот политичар Најџел Фараж во јужен Лондон, објавува BBC. Инцидентот датира од април 2025 година, кога уред што го опишаа како запаллив уред бил вметнат во поштенското сандаче на Фараж. Единицата за […]