Македонија денеска е во жолта фаза, утре повторно се враќаме на портокалова
Метеоаларм за високи температури од Управата за хидромоетеоролошки работи има и за денеска и за утре. Додека целата територија на државата денеска е во жолта алертна фаза, за утре повторно, како во викендот, се прогнозира портокалова фаза.

Утре и во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.
Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературата ќе опадне за неколку степени, прогнозира УХМР.
Дека температурите се високи и тоа со денови УХМР потврдува со денеска измерените температури во 14 часот, при што во Скопје на Зајчев Рид е измерена највисоката од 36, 5 степени Целзиусови.
