Дел од Центар без вода поради дефект на водоводна мрежа


Без вода денеска од 8 часот ќе останат дел од корисницитена улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ […]

Дел од Петровец и Ќојлија денеска без струја поради технички зафат на мрежата


Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во Петровец и Ќојлија поради технички зафат на електродистрибутивната мрежа. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изработка на кабелска спојница на […]

Денеска многу топло, температури до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до […]

Американски Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси


Американски борбени авиони пресретнале два авиона кои влегле во привремено ограничена зона за летање околу голф-клубот на претседателот Доналд Трамп во Бедминстер, во сојузната држава Њу Џерси, јавија американските медиуми и воените власти, пренесе ДПА. Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) потврди дека борбени авиони Ф-16 вчера ги пресретнале двата авиона и безбедно ги придружувале […]

Орбан виден во Гуча со двајца милијардери. Пиел сливовица


Гуча – Снимките на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан од фестивалот на труби во Гуча, каде што се појавил во друштво на двајца влијателни унгарски бизнисмени, го привлекоа вниманието на јавноста, објавува Nova.rs. Унгарскиот истражувачки новинар Саболч Пањи, кој го сподели видеото на социјалните мрежи, предупреди за неговиот престој во Србија. Придружници на Орбан беа […]

Маск тврди дека САД се побезбедни и послободни од ЕУ. Што велат бројките?


Елон Маск систематски ја прикажува Европа од 2024 година како континент кој се урива под товарот на криминалот, миграцијата и недостатокот на слобода на говорот. Во разговор со главниот уредник на Економист, Зани Минтон Бедос неодамна тврдеше дека има многу места во Европа каде што повеќе не е безбедно да се оди. Големината на насилството […]

Тајфунот Делфин ја погоди источна Кина – милион лица евакуирани, а 1.400 летови откажани


Пекинг –  Тајфунот Делфин денеска ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува Евроњуз (Euronews). Средишниот дел на тајфунот попладнето, по локално време, се упати кон копното во близина на градот Јухуан, во источната кинеска покраина Џеџијанг, […]

Премиерот Барнам тргнува на турнеја низ Велика Британија за да ја подобри врската на владата со јавноста


Лондон– Британскиот премиер Ендру Барнам следната недела ќе тргне на национална турнеја со цел да ја подобри врската на владата со британската јавност, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“. Се очекува премиерот да објави низа нови мерки што треба да им помогнат на граѓаните финансиски. Иако Даунинг стрит сè уште не објави официјален распоред, се очекува […]

Сирија и Русија постигнаа договор за базите во Тартус и Хмејмим


Дамаск – По 18 месеци интензивни преговори Сирија и Русија постигнаа договор за меморандум за разбирање за иднината на руските бази во Тартус и Хмејмим, објави денеска сириското Министерство за надворешни работи, а објави државната агенција САНА. Министерството изјави дека сириската држава ќе го преземе управувањето со цивилните објекти, вклучувајќи го аеродромот Хмејмим и комерцијалното пристаниште […]

Ирански медиум објави видео со врховниот лидер, Моџтаба Хамнеи


Техеран – Иранската новинска агенција Мехр објави видео во кое, според неа, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се појави во јавноста за прв пат. Во кратко видео објавено од агенцијата Мехр на Телеграм, Моџтаба Хамнеи може да се види во профил како седи во соба опкружена со луѓе и разговара со нив, […]

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем


Бирмингем – Во Бирмингем утре стартува 27. Европско првенство во атлетика на кое маратонецот Дарио Ивановски ќе биде единствен македонски натпреварувач. Маратонската трка на програмата е на 16 август со почеток во 8:10 часот по македонско време. На трката ќе настапат 64 маратонци, а Ивановски е рангиран на 36. место и обезбедена норма со одличните резултати. […]

Во болницата во Кочани за два дена родени седум бебиња


Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општата болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, при што на свет дошле четири машки и три женски бебиња. Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, […]

Петнаесет лица лишени од слобода изминатите 24 часа поради безобѕирно управување моторно возило


Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои четири малолетници, четири лица управувале возило […]

Лауреатот на Светската награда на хуманизмот Кристоф Бенедиктер од Охрид: Хуманизмот е императив на нашето време


 Во време на војни, климатски промени и неконтролиран развој на вештачката интелигенција, хуманизмот и творечката природа се силата со која човекот може и мора да му се спротивстави на уништувањето, порача денеска во Охрид проф. д-р Кристоф Бенедиктер, добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година. Претседателот на Европската асоцијација на истражувачи и професори […]

Барби ѝ оддава почит на Витни Хјустон со нова кукла


Барби ѝ оддаде почит на покојната Витни Хјустон со своја кукла. Таа им се придружува на голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Дејвид Боуви и Дајана Рос, кои добија своја кукла како дел од колекцијата Барби со потписи. Куклата изгледа исто како Хјустон во музичкото видео за „I Wanna Dance With Somebody (Who Loves Me)“ – […]

МЕНР на Албанија по изјавата на Зеленски во Белград: Нема паралела меѓу Косово и Украина


Тирана – Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија (МЕНР) во денешната реакција, околу посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград и неговата изјава дека Украина не го променила својот став за непризнавање на независноста на Косово, нагласува  дека  „нема паралела меѓу Косово и Украина“. Додава дека „исто како што Албанија цврсто стои […]

Полицајци и спасувачи трагаат по 71 годишен рибар од Скопје во водите на Преспанско Езеро


 Припадници на полицијата и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар трагаат по 71 годишен скојанец, кој синоќа, скокнал во водите на Преспанското Езеро, по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Министерството за внатрешни работи појасни дека во СВР Битола вчера во 12:33 часот е пријавено дека на брегот на Преспанското […]

Мицкоски објави видео 35 години независност без ниеден потпис на ВМРО, вели СДСМ


Откако Мицкоски од Брисел го сподели промотивното видео  по повод 35 години независност на Македонија, со реакција се јави СДСМ.  „Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија. И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ. Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите државни успеси на […]

На ТОАРИЛУЦ примени поголем број пациенти повредени во сообраќајки, има и случаи на колапс предизвикан од високите температури


Во изминатиот период на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени поголем број пациенти повредени во сообраќајни незгоди, меѓу кои и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, а регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури, информираше директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. – Имаме пациент со повреда на вратот кој успеавме да го спасиме […]

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода


Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски.  Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а […]