Кисела Вода дели ранчиња и прибор за првачињата – не изложувајте се на трошоци!
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска информираше дека Општината ќе додели бесплатен анатомски ранец и училишен прибор за секое прваче.
„Првиот училишен ден е празник за секое семејство. Мојата цел како ваш градоначалник, е тој ден да биде исполнет исклучиво со детски насмевки, а не со финансиски грижи за вашиот домашен буџет! Затоа, и оваа година ја продолжуваме оваа убава традиција. Општина Кисела Вода ќе додели бесплатен анатомски ранец и училишен прибор за секое прваче“, истакна Стаменкоска Трајкоска.
Со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 530 ученици кои од септември тргнуваат во прво одделение во сите осум општински основни училишта.
„Обезбедуваме сè што им е неопходно – квалитетен ранец, тетратки и комплетен прибор за успешен почеток на наставата. Мојот апел до сите вас е јасен: не се изложувајте на трошоци и не купувајте ранци и прибор, бидејќи ние се погриживме за тоа. Сакам да нагласам дека за добивање на оваа поддршка не ви се потребни апсолутно никакви критериуми, ниту пак дополнителни административни процедури. Мерката важи автоматски за сите запишани првачиња во општината“, порача градоначалничката.
Кисела Вода неколку години има ваква пракса, а годинава и Карпош најави дека секое прваче ќе добие ранец и прибор. Бесплатни ранци и прибор за првчаиња делат неколку општини во Скопје, а само Карпош објави дека за таа намена ќе бидат потрошени околу 16.000 евра од општинскиот буџет. Кисела Вода не кажа колку ќе потроши.
Училиштен прибор и ранчиња за секое прваче во Карпош – ни едно дете не ги носи