Македонско знаме со 12 краци на официјалната прослава за 35 години од независноста- ВМРО вели дека е „уметничка инсталација“


Знаме со 12, наместо со осум краци, синоќа беше прикажано на големата прослава во Охрид како дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ беше одржан на стадионот „Билјанини извори“. Охрид беше првата станица од најавената турнеја, која треба да опфати 11 македонски градови. Завршниот настан е најавен за 4 […]

Косата од фризерските салони завршува во морето. Бразил ја користи за да направи заштитни бариери


Нова еколошка иницијатива користи човечка коса за заштита на океаните. Донирана коса се користи за да се направат бариери што штитат делови од бразилскиот брег од загадување предизвикано од излевање нафта, објавува Euronews. Технологијата, која веќе се користи во други земји како Чиле и САД, ја инспирираше Маријана Робран, основач на невладината организација Fiotrar, да […]

Нови пожари во Франција. 200.000 луѓе ќе бидат евакуирани


Шумски пожари повторно се разгореа во југозападна Франција, заканувајќи се на неколку градови, а властите се подготвуваат за можна евакуација на речиси 200.000 луѓе. Иако ситуацијата изгледаше под контрола кон крајот на минатата недела, екстремната топлина и силните ветрови ја влошија ситуацијата на терен во текот на викендот. Низ јужна Европа, особено во Шпанија и […]

„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена


Македонија синоќа во Охрид почна да ја раскажува својата 35-годишна приказна низ музика, стих, театар и современ сценски израз. На стадионот „Билјанини извори“ започна големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, во кој повеќе од 30 изведувачи ги споија различните генерации, жанрови и музички јазици во приказна посветена на 35 години независност. Низ музички настапи, театарски […]

По најмалку 10 години одлежан затвор најопасните да се сместуваат во посебна институција?


  Лицата кои отслужиле најмалку десет години затвор за кривични дела против животот, телото, личните слободи или сексуалниот интегритет, а за кои судот ќе утврди дека е многу веројатно повторно да извршат сериозно кривично дело, би можеле да бидат сместени во посебна установа по истекот на казната, се предлага со новиот Закон за третман и […]

Вечер на харфата на „Охридско лето“ со Алиса Садикова, дипломец на „Џулијард“


Програмата на 66-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма и целовечерен концерт на младата и светски афирмирана харфистка Алиса Садикова. Алиса Садикова е редок пример на исклучително талентирана харфистка, чиј уметнички развој е забележлив уште од најраната возраст, кога го започнува својот настап на светската музичка сцена. Родена е […]

„Последната роза на летото“ – музички раскош и европски дух на „Охридско лето“


Со прекрасна музичка вечер исполнета со емоција, раскошен звук и врвна интерпретација, синоќа во црквата „Света Софија“ беше одбележана традиционалната Вечер на Европската унија во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Под насловот „Последната роза на летото“, публиката имаше можност да ужива во извонредниот концерт на ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс од Ирска и […]

ИЈЗ со препораки за постари од 65 години – не вклучувајте рерни од 13 до 17 часот


Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени […]

Романци и Французи гасат голем пожар во Голем пожар во Атика – се евакуира едно место


 Голем број пожарникари, меѓу кои и силите од Романија и Франција кои се во Грција преку европскиот механизам за цивилна заштита, се ангажирани за гаснење на пожарот што околу 8 часот утрово избувна во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена […]

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила


Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила. На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав […]

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина


Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период. Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест […]

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија


Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната се повеќе ќе се чувствува на територијата на Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Постојат целосно праведни одговори, на секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна се повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија“, нагласи Зеленски. Тој им се заблагодари на […]

Трамп: Не придаваме преголемо значење на повторното отворање на Ормуската Теснина


Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста на повторното отворање на Ормуската Теснина, додека дипломатски договор со Иран сè уште нема, објави американскиот портал „Аксиос“. – Не ѝ придаваме преголемо значење, го цитира „Аксиос“ Трамп, кој тоа го изјавил во телефонски разговор за порталот. Трамп истакна дека САД нема целосно да се посветат на преговорите […]

Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати


Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа, од кои нема активни, под контрола е еден, а 25 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Под контрола е пожарот на излез од Крива Паланка, кај депонијата. Останатите пожари се изгаснати.

Залихите на американскиот „Патриот“ паднаа за 65 проценти. Пентагон бара итно производство


Пентагон бара од американската одбранбена индустрија да го забрза производството на оружје за да ги надополни залихите на муниција што се исцрпени, делумно поради конфликтот со Иран. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави во саботата дека одделот е фокусиран на зголемување на набавките за да обезбеди „оружјето што им е потребно на нашите војници со […]

Трамп го назначи Вил Шарф за правен советник на Белата куќа


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го назначи Вил Шарф, актуелен секретар за персонал на Белата куќа, за правен советник на Белата куќа и помошник на претседателот. Како што се посочува во соопштението од Белата куќа, Шарф ќе ја преземе функцијата на 1 септември, заменувајќи го Дејвид Ворингтон кој ја напушта администрацијата и ќе продолжи да […]

Западна Европа ги руши температурните рекорди. Просекот беше речиси три степени повисок


Западна Европа ги забележа најтоплите јуни и јули откако започнаа мерењата, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови. Ова е за 2,79 степени повисоко од просекот за периодот од 1991 до 2020 година, објави во понеделник одделот за климатски промени на европската програма Коперник, пренесува Хина. На рекордните температури им претходеше невообичаено долг период на […]

Нискиот водостој се заканува да ја прекине пловидбата по Рајна и да ја подели реката на два дела


Ниското ниво на водата може да доведе до прекин на товарниот сообраќај на клучен дел од реката Рајна и да ја подели таа витална европска речна артерија на два дела, предупреди денеска Германската федерална асоцијација за речна пловидба. Јенс Шванен, извршниот директор на Асоцијацијата, за весникот „Рајнише пост“ изјави дека се очекува нивото на водата […]

Армијата и Министерството за одбрана ќе им оддадат почит на загинатите бранители кај Љуботенски бачила


Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе положи цвеќе во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Како што соопшти Генералштабот на Армијата, во рамки на чествувањето делегацијата ќе положи цвеќе на […]

Седум загинати во нападите на Хутите врз јеменското пристаниште Мока


Во нападите на јеменските бунтовници Хути врз пристаништето Мока загинаа седум лица, меѓу кои четворица припадници на вооружените сили и тројца цивили, а уште 30 лица се ранети, соопшти јеменската армија. „ Четворица припадници на вооружените сили и тројца цивили беа убиени, а уште 30 лица се ранети“ – се наведува во соопштението на јеменската […]