СЗО по наредбата на Трамп: Препораките за вакцинација на децата се темелат на наука


Светската здравствена организација (СЗО) во вторник ги бранеше своите препораки за вакцинирање на деца засновани на наука откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ќе се намали бројот на вакцини препорачани за деца во Соединетите Американски Држави.

Наредбата на Трамп бара распоред од 11 вакцини, тврдејќи дека тоа ќе им обезбеди на американските деца „златен стандард“ на заштита и ќе ги доближи Соединетите Американски Држави до другите развиени земји, објави Ројтерс.

Портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, рече дека препораките се засновани на повеќе од 60 години истражување и проценка на ризикот од болести и развојот на имунолошкиот систем.
„Она што произлегува од СЗО се базира на наука“, рече Јашаревиќ.

Експертите за јавно здравје предупредија дека земјите што препорачуваат различен број вакцини имаат различни ризици од болести и здравствени системи, и дека намалувањето на препорачаните вакцини во САД може да го зголеми ризикот од болести што може да се спречат и да предизвика забуна кај родителите.

Наредбата на Трамп, исто така, препорачува комбинираната ММР вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола да се дава во три одделни инјекции.

Производителот на вакцини „Мерк“ изјави дека нема научни докази дека поделбата на вакцината дава каква било корист и предупреди дека дополнителните посети на лекар би можеле да го зголемат ризикот од одложување или пропуштање на вакцинациите.