ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати


 До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, […]

Левица: Епидемијата на западнонилска треска во скопските општини е печат на неодговорноста на вмровската власт


Епидемијата од западнонилска треска во скопските општини е уште еден печат на неспособноста, неодговорноста и неажурноста на вмровската власт која имаше цела пролет и половина лето да го пресретне ризикот. Комарците не се појавија преку ноќ, сезоната не беше изненадување, а западнонилскиот вирус не е нова и непозната закана. Сепак, ДПМНЕ и вмровските градоначалници успеаја […]

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид кое беше пријавено за исчезнато


 Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР Охрид. Од СВР Охрид информираат дека полициски службеници денеска во 12:20 часот, по преземени мерки и активности, ја пронашле малолетничката на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“. Во содејство со Центарот за социјални работи, […]

Против Груби поднесено обвинение за злоупотребите во „Државна лотарија“


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите […]

Австралија со пакет од 1,7 милијарди долари го спасува најголемиот капацитет за топење алуминиум


 Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска најави пакет помош вреден 2,5 милијарди австралиски долари (околу 1,7 милијарди американски долари) во период од 10 години за најголемата топилница за алуминиум во земјата, „Томаго алуминиум“. Сопственикот на топилницата, „Рио Тинто“, минатата година соопшти дека размислува да го запре нејзиното работење на крајот од актуелниот договор за снабдување со […]

Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад


 Во масовен кибер-напад без преседан беа компромитирани електронските здравствени досиеја и медицинските податоци на речиси 19 милиони полски граѓани, соопшти полскиот министер за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски, а пренесе „ТВП ворлд“. Според Гавковски, кибер-нападот бил насочен кон платформа која е еден од најголемите полски обезбедувачи на доверливи медицински податоци што ги користат лекарите и клиниките. […]

СДСМ го демантира Муцунски за „радарот“: Кажува, па се заканува со апсење


СДСМ реагира на последното интервјку на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во кое негираше дека кога и да е рекол дека има разговори „под радарот“ за преговорите на Македонија со ЕУ, по што се соочи со многу барања да каже што преговара, со тврдења дека го прифатил францускиот предлог  и со обвинувања дека дипломатијата се […]

Русија и Украина разменија тела на повеќе од 280 загинати војници


Русија и Украина денеска ги разменија телата на загинатите војници, што претставува прва ваква размена меѓу двете земји од минатиот месец. Пратеникот во руската Државна дума Шамсаил Саралиев за медиумот РБК изјави дека Москва ги предала телата на 261 украински војник, додека Киев ги предал телата на 24 загинати руски војници. Украинскиот Координативен штаб за […]

Турист од Грузија се удавил во Охридско езеро


Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информираат од СВР Охрид. Според полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото […]

Познат инфлуенсер почина на 28 години


Мајкл Вандеверт, инфлуенсер кој јавно го сподели својот секојдневен живот и искуството од живеењето со реткото генетско нарушување прогерија, почина на 28 години. Веста за неговата смрт ја објави неговото семејство, а соопштението на семејството беше објавено претходно оваа недела од фламанскиот јавен сервис VRT NWS. На Вандеверт му беше дијагностицирана прогерија на рана возраст. […]

Илчо Ѓорѓиоски пуштен дома со гаранција од 500.000 евра


Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ, не е веќе во притвор. Тој е пуштен дома каде што ќе биде во домашен притвор во очекување на почетокот на судењето. Ѓорѓиоски депонирал банкарска гаранција од 500.000 евра се со цел да не биде веќе во притвор. Да потсетиме дека тој е обвинет поради финансиски малверзации, пишува SportSport. […]

Нивото на Охридското Езеро 11 см над просекот за август


Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри. Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 […]

Европа бара нови рудници и повеќе геолошки истражувања – Иловица меѓу македонските минерални потенцијали


Европа мора да инвестира повеќе во геолошки истражувања и да го забрза развојот на нови рударски проекти, се наведува во најновиот технички извештај на Европската инвестициска банка. Во документот „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ предупредува дека континентот располага со значителен минерален потенцијал кој сè уште не е доволно искористен. Како […]

Готовината е сè уште најприфатениот метод на плаќање во еврозоната


Готовината е сè уште најшироко прифатениот метод на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, и покрај силниот раст на мобилните и другите дигитални плаќања, според нова студија на Европската централна банка (ЕЦБ). Според резултатите објавени денес, 92 проценти од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации прифаќаат готовина, во споредба со 90 […]

Николоски: Имаше структури што Охридскиот договор го злоупотребуваа за свои политички цели


Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. – Четврт век […]

„Тисенкруп“ ја зголемува прогнозата, побарувачката за челик расте


„Тисенкруп“ ја зголеми долната граница на својата прогноза за профит за 2026 година во четврток, поттикната од нејзините единици за челик, поморство и трговија со материјали, како и намалувањето на трошоците поврзани со тековната програма за ефикасност. Германската компанија, која произведува сè, од делови за автомобили до фабрики за ѓубрива, моментално е во процес на […]

МПЦ контра изјавата на Вучиќ, не признава етнички граници за надлежноста


По неодамнешната изјава на српскиот претседател  Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква излезе со реакција во која порача дека  ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност […]

Меси ненадејно се врати на теренот по смртта на татко му. Каземиро: Никогаш во животот не сум го видел ова


Лионел Меси (39) ненадејно се врати на теренот по смртта на татко му во обид да го обезбеди местото на Интер Мајами во Лига Купот, но неговото присуство не беше доволно. Интер Мајами беше елиминиран од натпреварувањето по поразот од 2-3 на домашен терен од мексиканскиот тим Леон, во натпревар во кој требаше да победат […]

Сиљановска: Струга е пример за вредностите на Рамковниот договор и соживотот


 Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики, град кој може да биде пример за соживот – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со струшкиот градоначалник, Менди Ќура, на која разговарале за состојбите во општината, меѓуетничките односи и предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион под заштита на УНЕСКО. Сиљановска-Давкова […]

Трамп планира градежни проекти во Белата куќа од речиси милијарда долари


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од средствата да бидат обезбедени од даночните обврзници – објави „Вашингтон пост“. Според весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да […]