СДСМ бара да биде објавен извештајот дека водата во Гостивар е исправна за пиење
Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени – истакна Маја Борозан од СДСМ, на прес конфрренција.
Таа посочи дека прво било најавувано дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август, а сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста – шест дена порано.
„Се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење“, рече Борозан додавајќи дека граѓаните на Гостивар имаат право да знаатк која институција направила анализа на водата и кои се резултатите, кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна.
„За здравјето на луѓето мора да има стручна анализа, документ, потпис и одговорност. Граѓаните не бараат здравица. Бараат чиста вода и гаранција дека е безбедна.Бидете сериозни барем еднаш – објавете го документот“, рече Борозан.