Со СМС пораки се алармираат граѓаните за западнонилската треска


Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска – 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до […]

Концерт и предавање на Драган Даутовски на 23 август на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука


Драган Даутовски, сега во пензија, музиколошки експерт кој мајсторски свири на повеќе од 20 народни инструменти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, ќе одржи концерт во недела (23-ти август) во 18:30 часот. Тој ќе биде пропратен со кратко предавање за оваа неолитска населба и нејзинината трансформација во антиката и средниот век. Концертот е дел од традиционалните […]

Голема промена во Икеа: Доаѓа услуга што го менува купувањето


Шведскиот гигант Икеа планира да лансира своја онлајн платформа за продажба на употребуван мебел и производи за домаќинството во Велика Британија, која подиректно ќе влезе на пазарот каде што веќе работат платформи како eBay, Vinted и Facebook Marketplace. Новата услуга ќе биде наменета за членовите на програмата Ikea Family, кои ќе можат да купуваат и […]

Анализа: Каква вода пиеме и како ја чуваме – во 21 век се користи септичка јама


Од 2013 до 2022 година повеќе од 90 отсто од испитувањата на водата за пиење на ниво на државата, покажале дека водата за пиење е исправна односно санитарно-хигиенската состојба била во границите на очекуваното, се наведува во годишната „Статистика на животната средина за 2025“ што ја објавува Државниот завод за статистика. Додека Гостиварци ги помина […]

Мацинка: Спорот со Бугарија не е веќе билатерално прашање!


Европската Унија има силен интерес за проширување, а со тоа и интерес последните пречки за напредокот на Северна Македонија да бидат отстранети. Ова го изјави чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка од Охрид каде што е во  официјалната  посета на земјава. Според него, Чешка е подготвена да  придонесе во процесот и дека сака да разговара […]

ООУ „Александар Македонски“ од 1 септември организира настава во една смена


Од 1 септември, ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар целосно преминува во едносменска настава! Со потребната адаптација на училишниот објект создадени се услови сите ученици да ја следат наставата во една смена. Градежните зафати се реализираат со поддршка од Министерството за образование и наука, додека комплетното уредување на училниците е финансирано од Општина Аеродром. Денеска, […]

СДСМ: Трајчевски да каже каква е неговата улога за влегувањето на медиумите на Вучиќ во Македонија?


СДСМ предупредува на опасноста од преземање на медиумите во Македонија по истиот терк како што направи Александар Вучиќ во Србија и со парите на исти центри и во тој контекст го повикува директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, да излезе пред јавноста со информација што подготвува за да спречи ваков упад.  „СДСМ со месеци предупредува дека […]

Натали Харп, „човечкиот печатач“ на Трамп или негова Ева Браун?


Сенаторот Џон Ософ дури и не го употреби нејзиното целосно име. Но, сите во Вашингтон знаеја за кого зборува. На неодамнешен настан од кампањата, демократот од Џорџија тврдеше дека претседателот Трамп повеќе би сакал да „патува со Натали“ во „Ер Форс Уан“ отколку да ја заврши тешката работа што доаѓа со тоа што е врховен […]

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос


Лондон – Финалистот на Вимблдон 2022, Ник Кирјос, беше позитивен на кокаин за време на АТП турнир и доби привремена суспензија, објави Меѓународниот орган за интегритет на тенисот (ITIA). Триесет и едногодишниот Австралијанец, рангиран на 919-то место во светот, беше позитивен на метаболит на кокаин на турнирот во Мајорка во јуни 2026 година. На 17 […]

Кличко се прости од Хејден Панетиер: „Го напушти овој свет прерано“


„Ќерката на Хајден Панетиер ќе биде воспитана да се сеќава на „огромниот талент“ и „неверојатната кариера“ на нејзината мајка, според почитта објавена на социјалните мрежи во вторник од Владимир Кличко, поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија и поранешен партнер на покојната холивудска актерка. Нивната ќерка, Каја, е воспитана од украинскиот пензиониран боксер од […]

Новото бебе на принцезата Јуџин го носи името на кралицата Елизабета II


Британската принцеза Јуџин го откри името на својата двенеделна ќерка на социјалните мрежи во понеделник: Аделаида Елизабета Анина. Родена на 3 август во Лисабон, Португалија, Евгенија рече дека нејзината ќерка е именувана „по три луѓе што ги сакаме и им се восхитуваме на минатото и сегашноста, вклучувајќи ја и нејзината прабаба“, покојната кралица Елизабета II. […]

Растот на цените во ЕУ забрза


Инфлацијата во Европската унија благо забрза до 3 отсто во јули, враќајќи се на патеката на раст по кратката пауза во јуни кога изнесуваше 2,9 отсто, покажаа податоците на Европскиот завод за статистика. Годишната стапка на инфлација во Европската унија, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во јули изнесува 3,0 отсто, пресметаа статистичарите […]

Украинец уапсен во Пула заради експлозијата на Северен тек


Украинец е уапсен денес во Хрватска под сомнение за поврзаност со подводните експлозии што ги оштетија гасоводите „Северен тек“ меѓу Русија и Германија во 2022 година, објави германското федерално обвинителство, како што објави Асошиејтед Прес. Украинецот Владимир З., чие целосно име не е објавено во согласност со германските закони за приватност, е уапсен од хрватската […]

Сулејман Величенствениот пристигна на Сараево филм фестивал


Сараево – Турскиот актер Халит Ергенч, познат по улогата на Сулејман Величествениот, пристигна на 32-то издание на Филмскиот фестивал во Сараево. Босанско-херцеговскиот режисер Срѓан Вулетиќ ги објави нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи. „Решив да се фотографирам со Сулејман Величествениот, големиот турски актер Халит Ергенч“, напиша Вулетиќ покрај објавените фотографии.       Проект во […]

Акциите на кинескиот производител на хуманоидни роботи „Јунитри“скокнаа за речиси 630 отсто на Шангајската берза


Акциите на кинескиот производител на хуманоидни роботи „Јунитри Роботикс“ (Unitree Robotics) забележаа спектакуларен пораст на своето деби на Шангајската берза – во еден момент регистриран беше „скок“ за речиси 630 проценти. Вкупната пазарна капитализација на компанијата со седиште во Хангжу во еден момент достигна 444,9 милијарди јуани (56,9 милијарди евра), објави „Глобал тајмс“. „Унитри“, компанија […]

Шанел има нов парфем, ќе се „вљубите“ во него


Париз – Шанел претстави нов мирис инспириран од еуфоријата и возбудата од заљубувањето. Станува збор за парфемот Coco Mademoiselle Crush Absolu, кој штотуку е претставен, и е дизајниран како мирисна верзија на тоа добро познато чувство на пеперутки во стомакот на почетокот на нова романса. „Љубовна магија во шише“ Мирисот е потпишан од парфимерот на […]

Секоја четврта германска компанија стравува од губење на конкурентноста надвор од ЕУ


Секоја четврта германска компанија, или 25,4 проценти од анкетираните, стравуваат од губење на конкурентноста на пазарите надвор од Европската Унија, според извештај објавен денеска од Институтот за економски истражувања (Ifo) од Минхен. Дополнително, 17 проценти од анкетираните компании веруваат дека конкурентската позиција на германските индустриски производи се влошува дури и на европскиот пазар. „Германската индустрија […]

Митески: Не се отстрануваат 120 паднати дрјва за еден ден! Од невремето поминаа 30 дена


Речиси еден месец по невремето со силен ветар што го зафати Скопје, паднатите дрвја не се отстранети, а истиот случај е и со Општина Аеродром, каде на тревниците стојат дрвјата, а градоначалникот вели дека тие не можат да се отстранат за еден ден.  „Интензивно се работи. Во Аеродром имаше паднато повеќе од 120 дрвја, а […]

Денеска 115 средношколци заминаа на бесплатен наставно-научен едукативен камп во Охрид


Денес започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје. Првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства. Целта на кампот е […]

Бродови поврзани со грчката компанија „Дајнагас“ испорачале руски ТНГ во вредност од 2,35 милијарди евра во ЕУ


Грчката бродска компанија „Дајнагас“ (Dynagas) испорачала руски течен природен гас (ТНГ) во вредност од 2,35 милијарди евра  до клиенти од ЕУ во првите седум месеци од 2026 година, објави невладината организација за следење на санкциите „Ургевалд“ (Urgewald). Анализата доаѓа неколку недели откако лидерите на ЕУ се согласија да и дадат на „Дајнагас“ ослободување од санкциите, […]