Три трговски центри во Загреб беа евакуирани, примена е дојава за бомба


Извештаи за поставени бомби во неколку трговски центри во Загреб, Хрватска пристигнаа утрово на адресите на неколку медиуми, по што полицијата нареди евакуација на Арена Центар, Авенју Мол и Сити Центар Уан Ист. Читателите за „Индекс“ велат  дека околу 8 часот слушнале аларми и дека полицајци стојат на влезовите. Загрепската полиција накратко објави дека постапката […]

Слика од Моне продадена за рекордни 10,2 милиони евра на аукција


Сликата на Клод Моне „Утро во Ветеј“, насликана во 1901 година, продадена е за речиси 10,2 милиони евра на наддавање на аукциската куќа „Сотби’с“ во Париз, што е рекордна цена постигната во Франција за дело на овој уметник последниве години. А, друга слика на Моне – „Островите во Порт-Вил“ од 1883 година, достигна 6,45 милиони […]

Гувернерот Славески на средби со ММФ: Потребен е внимателен пристап во услови на зголемени светски ризици


 Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ во рамките на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон. На средбите присуствуваше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Гувернерот Славески се сретна со заменик-директорот на ММФ, Бо Ли, директорот на Европскиот […]

Иран делумно го ослободи пристапот до Интернет, дозволени телефонски разговори со странство


Властите во Иран делумно го ослободија пристапот до Интернет и повторно дозволија телефонски разговори со странство, по речиси 50-дневни ограничувања воведени по почетокот на конфликтот со САД и Израел. Според информациите од Техеран, повторно се дозволени меѓународни повици преку фиксна телефонија, додека повиците преку мобилни телефони остануваат блокирани. Дел од онлајн-услугите, вклучително и оние на […]

Руски дрон влезе во воздушниот простор на земја-членка на НАТО


Радарските системи на Романија открија дрон како го нарушува нејзиниот национален воздушен простор за време на рускиот ноќен напад врз соседна Украина, пред да го изгуби контактот југоисточно од пограничното село Чилија Вече, соопшти денеска Министерството за одбрана. Романија, членка на ЕУ и НАТО, дели копнена граница од 650 километри со Украина и има повеќе […]

Во Битола предпремиерни проекции на филмот „Железна тврдина“


Во битолското кино „Манаки“ вечер и утревечер ќе бидат приредени две пред-премиерни проекции на филмот „Железната тврдина” на режисерот Митко Панов, единствениот македонски добитник на наградата „Златна палма”. „Железна тврдина“ е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се […]

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран


Цените на нафтата паднаа откако стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран би можела наскоро да заврши бидејќи Техеран се согласил да се откаже од збогатување ураниум. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент падна на околу 98,5 долари за […]

Можно одложување на испораките на американско оружје во Европа поради војната со Иран


Американските претставници ги информирале некои европски партнери дека испораките на претходно договорено оружје би можеле да бидат одложени, бидејќи војната со Иран дополнително ги оптоварува воените испораки, изјавија три извори запознаени со ова прашање. Изворите, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изјавија дека одложувањата ќе влијаат на неколку европски земји, вклучувајќи ги државите во […]

Маѓар нема да ги укине ограничувањата на цената на горивата


Лидерот на партијата „Тиса“, Петер Маѓар, најави дека ограничувањата на цените на бензинот и дизелот ќе останат на сила и по формирањето на новата влада во Унгарија. Во објава на својот фејсбук-профил Маѓар посочи дека договорот бил постигнат по разговори со извршниот директор на „МОЛ“, Жолт Хернади, на средбата на која присуствувале претставници на партијата […]

Санчез и Лула ја собираат светската левица: „Бранот на крајната десница може да се запре“


Лидерите на Шпанија и на Бразил, Педро Санчез и Луиз Инасио Лула да Силва ќе ги предводат глобалните левичарски митинзи во Барселона денес и утре, во обид да го одбранат мултилатерализмот и да ги мобилизираат левичарските движења против крајната десница. Средбите, организирани од Кралството Шпанија и левичарските политички мрежи, доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп […]

Десетта жртва од нападот во училиштето во Турција


Бројот загинати од пукањето во средно училиште во Турција се искачи на десет, откако во болница на повредите им подлегна еден од ранетите ученици, соопшти министерот за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи. Станува збор за ученикот Јусуф Тарик Ѓул, кој починал и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Според министерот, во нападот се […]

Осум лица загинаа во пад на хеликоптер во Индонезија


Хеликоптер со осум лица се урна во индонезиската покраина Западен Калимантан. Сите шест патници и двајца членови на екипажот – вклучувајќи го и пилотот – загинаа, соопштија властите. Хеликоптерот Ербас Х130 изгуби контакт пет минути по полетувањето од плантажа во Мелави во неделата, изјави шефот на спасувачките служби на Индонезија, Мохамед Сјафи. „Локацијата каде што […]

САД ги прошируваат визните ограничувања за земјите од Западната хемисфера


Администрацијата на американскиот претседател Трамп ги проширува визните ограничувања за да ги заштити националните интереси во Западната хемисфера, според објавената Стратегија за национална безбедност. Целта е да се спречат конкурентските сили да ја загрозат безбедноста и просперитетот на САД во регионот, да се зајакне американското лидерство и да се обезбеди пристап до клучните рути и […]

„Профундис“ и Ема Попивода со ексклузивен перформанс на отворањето на „Мјуз-Екс Експо фестивал“ во Тирана


Камерниот оркестар Профундис ќе настапи на свеченото отворање на интернационалниот „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), кој од  вечерва до 19 април ќе се одржи во Тирана, Албанија. Настапот ќе биде реализиран заедно со истакнатата македонска пијанистка Ема Попивода и ќе претставува централен уметнички момент на отворањето на фестивалот. На 17 април, публиката ќе има […]

КЛ: Рајо Ваљекано, Кристал Палас, Стразбур и Шахтјор полуфиналисти


Шпански Рајо Ваљекано, украински Шахтјор, англиски Кристал Палас и француски Стразбур се полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА. Рајо Ваљекано претрпе пораз синоќа од 1-3 во Атина од АЕК, но, сепак, ја soчува предноста од 3-0 од првиот натпревар на домашен терен. Противник на шпанскиот клуб за место за финалето ќе биде Стразбур кој со […]

Трамп: Многу е важно папата Лав XIV да разбере дека Иран претставува закана за светот


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека е „многу важно“ папата Лав XIV да разбере дека Иран претставува закана за светот. „Папата може да каже што сака и јас сакам тој да каже што сака, но можеби не се согласувам“, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа. Како што нагласи, папата Лав […]

Париз денеска е домаќин на конференција за безбедноста на Ормуската Теснина, без учество на САД


Околу 30 земји ќе се соберат денеска на конференција во Париз по иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон за да разгледаат воспоставување меѓународна мисија за обезбедување на пловидба низ Ормуската Теснина, додека САД нема да учествуваат во иницијативата. На состанокот во Елисејската палата, кој, како што е најавено, ќе започне во 14 часот, Макрон ќе […]

Трамп: Иран се согласува да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Иран се согласил да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години. Трамп им рече на новинарите пред Белата куќа дека договорот со Иран е „многу блиску“ и дека треба да биде добар договор без нуклеарно оружје, објави Би-Би-Си. Тој нагласи дека постои „многу силна позиција“ дека Иран нема […]

ЕУ се соочува со голем демографски пад – до крајот на векот ќе остане без 53 милиони луѓе


Европската унија влегува во фаза на голем демографски пад, а населението би можело да се намали за 53 милиони луѓе, или 11,7 проценти, до крајот на овој век, објави Евростат. Европската унија имала околу 451,8 милиони жители во 2025 година, со раст кој се опоравува по падот за време на пандемијата. Се очекува населението да […]

Промоција на „Фудбал под сенка“ – биографската книга за Васил Рингов


Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана вечер со почеток во 20 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, соопштија од издавачката куќа „Арс Ламина“. – Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше вклучен во нејзиното […]