Три трговски центри во Загреб беа евакуирани, примена е дојава за бомба
Извештаи за поставени бомби во неколку трговски центри во Загреб, Хрватска пристигнаа утрово на адресите на неколку медиуми, по што полицијата нареди евакуација на Арена Центар, Авенју Мол и Сити Центар Уан Ист.
Читателите за „Индекс“ велат дека околу 8 часот слушнале аларми и дека полицајци стојат на влезовите.
Загрепската полиција накратко објави дека постапката е во тек.
Наскоро се очекуваат повеќе информации.
Вчера беа евакуирани два трговски центра во Сараево, БиХ.