САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец


Владата на САД ја обнови дозволата за купување санкционирана руска нафта натоварена на танкери за уште еден месец, според документ објавен на веб-страницата на Министерството за финансии. Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД издаде нова дозвола во петокот, според која руска нафта и нафтени производи натоварени на танкери […]

МОН не ги прифатиле забелешките на НАкС за законот за високо образование


Независниот академски синдикат (НАкС) ја информира јавноста дека на 17 април (петок) оствари средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска и со претставници на Министерството за образование и наука (МОН), во просториите на Министерството. Средбата беше одржана по иницијатива на НАкС, врз основа на претходно доставено барање за отворање институционален дијалог во врска […]

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден


Раководството на РК Вардар одлучи 65 роденден на клубот да го прослави в четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плејоф натпреварот од Супер лигата со Алкалоид ќе настапат со ретро дресови. Покрај ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар, од клубот подготвуваат уште многу изненадувања за […]

Синдикална кошница незапирливо расте, за еден месец поскапе 979 денари, сега е 68.797 денари


Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797,00 денари, а споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година која изнесуваше 67 818,00 денари, е зголемена за 979,00 денари, соопштија од Сојузот на синдикати. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 84 172,00 денари. Зголемувањето […]

Србија ќе остане без 1,5 милијарда евра од ЕУ поради контроверзни судски реформи


Белград – Eврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска ќе објави дека Европската Унија замрзнува 1,5 милијарди евра наменети за Србија поради контроверзните судски реформи усвоени од Белград во јануари – објави бриселски „Политико“. Се очекува комесарката Кос да нагласи дека Белград нема да добие ниеден цент од грантовите на ЕУ наменети за хармонизација со Унијата сè […]

Како Дивиот Запад: Италија ќе им плаќа бонуси на адвокатите кои ги убедуваат мигрантите да се вратат дома


Италијанските адвокати ќе добијат бонуси ако можат да ги убедат своите клиенти мигранти да се вратат дома според владиниот план кој е спореден со награда во стилот на Дивиот Запад. Стимулациите се содржани во најновиот закон за безбедност на владата на Џорџија Мелони и оваа недела се доставуваат до долниот дом на парламентот за конечно […]

Награди за 30 жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“


Агенција „Марили“ годинава, јубилејно, по 30-ти пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава. Манифестација ќе се одржи на 23 април 2026 година, во Хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје, како вечерна свеченост. На јубилејната манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ 2026 ќе бидат наградени 30 жени менаџери за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и […]

Наградна игра со Visa картичките од Комерцијална банка – Плаќај со Visa – Disneyland® Paris те чека!


Плаќај со Visa картичките од Комерцијална банка, собирај шанси и стани дел од магијата на Disneyland® Париз. Наградната игра на Комерцијална банка и Visa започна и секој корисник на Visa картичка со секое плаќање добива можност да стане добитник на атрактивната награда – премиум патување во Disneyland® Париз за четири лица. Во периодот до 31 […]

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади


Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сеуште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и непречено функционирање на јавните услуги, додека […]

Светска банка ќе обезбеди експертска поддршка за воведувањето на инстант плаќања во земјава


Светската банка (СБ) и натаму ќе ги поддржува активностите на Народната банка (НБ) за интегрирање на нашиот финансиски систем во европските платни системи, а особено преку воспоставување платен систем за инстант плаќања и негово регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирање со ТИПС (Target Instant Payment Settlement) на Европската централна […]

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, но забавата не беше прекината


Сведокот Ана Захариева, која на критичниот настан била гостин во „Пулс” во Кочани, на денешното рочиште за пожарот, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека вечерта на 16 март во дискотеката имало многу гости, меѓу кои и малолетници, како и дека во дискотеката се користеле прскалки […]

„Светогрдие“: Ненси Синатра го критикува Трамп за споделувањето на видеото од Френк Синатра со „My Way“


Ненси Синатра го критикуваше Доналд Трамп за објавувањето на видео од нејзиниот татко Френк Синатра како ја изведува својата песна од 1969 година „My Way“ на Truth Social за време на викендот. Во саботата, претседателот необјасниво објави клип од Синатра како ја пее иконската мелодија во Медисон Сквер Гарден во 1974 година. Еден од обожавателите […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ подготвува заеднички настап со српската опозиција


Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, имал средби со поранешни функционери од српската опозиција со цел формирање заеднички опозициски фронт, при што, според него, зад овие активности стојат Зоран Заев и Зоран Башановиќ. Манасиевски тврди дека минатата недела во Македонија Димитријевиќ се сретнал со […]

Украина потврди дека со дрон погодила руска рафинерија во близина на Црното Море


Украинската војска погоди нафтена рафинерија во рускиот црноморски град Туапсе, што е втор удар за помалку од една недела, соопшти денеска на Телеграм командантот на украинските беспилотни сили Роберт Бровди. Руските власти соопштија дека по нападот избувнал пожар и најмалку едно лице загинало. Ова се случило само неколку часа откако бил изгаснат пожарот од сличен […]

На рели во Аргентина: Автомобил влета во гледачите, има мртви, а трката веднаш беше прекината!


Голема трагедија се случи на релито „Судамерикано“ во Аргентина. На трката, во покраината Кордоба, еден гледач го загуби животот откако рели автомобил излета од патеката и се удри во публиката. Несреќата се случи на самиот почеток од етапата. Ова рели претставува една од најважните серии во Јужна Америка. Голем број гледачи традиционално се собираат на […]

Поголема група кандидати за амбасадори и генерални конзули поминала на Влада


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека во тек е пополнување на местата за шефови на дипломатско-конзуларните претставништва. Тој истакна дека една поголема група кандидати за амбасадори и генерални конзули поминала на седница на Влада од пред неколку недели. – Имињата не можам да ги споделам бидејќи постапката е сè […]

Силен земјотрес од 7,5 степени во близина на Јапонија предизвика предупредувања за цунами


Земјотрес со магнитуда од 7,5 степени ги погоди водите во близина на североисточна Јапонија, предизвикувајќи предупредувања за цунами во неколку крајбрежни области. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот се случил во 16:53 часот (07:53 GMT) во близина на брегот на регионот Санрику, на длабочина од 10 километри, пренесе ДПА. Издадени се предупредувања за цунами, втор […]

Балканската сензација Јаков Јозиновиќ  на 3 август на Антички во Охрид


По рекордно распродадените концерти низ целиот регион, турнејата „Ја за чуда летим“ продолжува со незаборавен музички спектакл и покрај Охридското Езеро, каде феноменот наречен Јаков Јозиновиќ својот музички раскош ќе го сподели и со охридската публика. На 3 август, со почеток во 20 часот, сцената на Античкиот театар во Охрид ќе стане место каде што музиката, емоцијата и магијата […]

Ѝ Швајцарија му го откажа концертот на Канје Вест


Швајцарскиот фудбалски клуб ФК Базел го откажа концертот на Канје Вест, познат како Је, на својот стадион „Сент Јакоб Парк“. Клубот изјави дека дозволувањето на контроверзниот рапер да настапи не би било „во согласност“ со нивните вредности. Музичарот, кој законски го смени своето име во Је во 2021 година, сега нема друг планиран настап, поради […]

Еди Марфи со награда АФИ за животно дело


Лос Анџелес – Актерот Еди Марфи ја прими наградата за животно дело на Американскиот филмски институт (AFI) во Лос Анџелес во саботата вечерта. Наградата му оддава почит на неговата кариера која ги обликуваше комедијата и филмот повеќе од пет децении. Марфи ја насмеа публиката додека го примаше трофејот, шегувајќи се за својата големина. „Дали отсекогаш […]