Награди за 30 жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“


Агенција „Марили“ годинава, јубилејно, по 30-ти пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава. Манифестација ќе се одржи на 23 април 2026 година, во Хотелот
DoubleTree by Hilton во Скопје, како вечерна свеченост.

На јубилејната манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ 2026 ќе бидат
наградени 30 жени менаџери за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и
траен придонес кон македонската економија.

Лауреатките се избрани по неколку критериуми, меѓу кои успешно менаџирање најмалку 10 години во приватен сектор, успешна компанија во континуитет од целата држава и од различни дејности и сектори. Сите менаџерки се препорачани од нивните деловни колеги и партнери за нивното извонредно менаџирање и професионалност.

Сите лауреатки ќе добијат награда – статуетка „Жена водилка“ излеана во бронза, авторско дело на академскиот вајар, проф. д-р Никола Смилков.

На манифестацијата, менаџерките, гостите од државните институции и реалниот сектор, како и гостите од дипломатијата, покрај свеченото прогласување, ќе имаат можност да ја слушнат прекраснитa музичкa изведбa на младата виолончелистка Ада Богоевска и на младата пијанистка Ана Манчева. Камерното дуо е под менторство на проф. Даница Стојанова. 
Присутните ќе имат можност и да ја погледнат изведбата на балетска точка на учениците од 5-то одделение од основниот балетски оддел при Државниот Музичко Балетски Училишен Центар ,,Илија Николовски – Луј“, од класата на проф. Слаѓана Спасеновска. Настанот, традиционално, со нејзините исклучително лирични најави, ќе го води м-р Ели Танасковска, позната новинарка и водителка.

Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското менаџерство претприемашво и лидерство и дава општествен придонес во јакнењето на родовата рамноправност и принципот „еднакви можности за сите“.

Освен манифестацијата, 30 годишен јубилеј одбележува и „Бизнис Каталогот на Р. Македонија“ кој веќе е излезен од печат. Воведниот дел годинава е посветен на 35 години независна современа македонска држава, а во внатрешниот дел изобилуваат бројни интервјуа со жените менаџери кои ќе бидат прогласени, интервјуа со министри, претставници од бизнис коморите, уметници, глумци, музичари и др.

Во продолжение список со овогодишните лауреатки:

1. Даниела Адемоска – Сопственичка и извршна директорка, DoubleTree by Hilton, Скопје
2. М-р Јаглика Јорданова Андријеска – Управувачки партнер, „РСМ МАКЕДОНИЈА“, Скопје
3. Александра Шкемби Антовска – Генерална директорка, „СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП“ Македонија
4. Филомена Пљаковска Аспровска, главна извршна директорка, „Интернационален Картичен Систем АД Скопје“ – CASYS
5. Наташа Паунова Блажевска, сопственичка и генерална менаџерка, „Л&Н&Т Диагностик“ ДОО, Скопје
6. М-р Ѓулај Салиевска – Гештаковска, управителка и генерална менаџерка, „Кондево МК ДООЕЛ“ Штип
7. Д-р Жанина Петрова – Грајиќ, хирург, офталмолог, косопственичка и менаџерка, ПЗУ Центар за очи „Визиа“, Скопје
8. Мелита Гугуловска, генерална директорка, САВА Осигурување А.Д. Скопје

9. Д-р Горица Дачевска, дерматовенеролог, сопственичка и генерална менаџерка ПЗУ „Др. Горица“, Скопје
10. Доц. д-р Тања Дејаноска – претседателка на Комората на приватно здравство на Македонија, сопственичка и генерална менаџерка на Dental International – Prof. dr. Dejanoski, Скопје

11. М-р Дафинка Ивановска, адвокатка, Рубинов директор во „тианДе“ и извршна менаџерка во „Ревитал Козметикс“, Скопје
12. М-р Ирена Јакимова, сопственичка и менаџерка во „Инспирит Коучинг“, Скопје
13. Д-р Јелисавета Георгиева – Јовевска, потпретседателка на „Стопанска комора на Северна Македонија“

14. М-р Ангела Јолакоска, косопственичка и генерална менаџерка во „АСП Консалтинг“, Охрид и финансов менаџер во „АСП ПАК“ Охрид
15. Билјана Караманолевска, сопственичка и генерална менаџерка, „Светот на Колорес“, Скопје
16. Ленче Карпузовска, менаџерка во Оддел за комуникации, „ЕВН Македонија“
17. М-р Марија Костуранова, сопственичка и генерална менаџерка, „Диоптра Оптикс“, Скопје
18. Биљана Мишиќ, извршна директорка, ИУТЕ Македонија
19. Васка Мојсовска, сопственичка и генерална менаџерка „Агро Калем“, Тимјаник, Неготино
20. Елена Пандева, сопственичка и генерална менаџерка „ЕЛЕНА ЛУКА ГРУПAЦИЈА“, Скопје
21. М-р Марија Патриклиска, Менаџер во Оддел за човечки ресурси, „ЕАМ“ ДОО, Штип
22. Даниела Перканоска, сопственичка и генерелна менаџерка, „Авто Контрол – Сервис“ Прилеп

23. Анета Антова Пешева, почесен конзул на Канада во Македонија, сопственичка и генерална менаџерка, Групација на компании „Ултра-Унет“, Скопје
24. Весна Ставрова, Претседателка на Фармацевтската комора, сопственичка и генерална менаџерка, ПЗУ Аптека „Сара фарм“, Скопје
25. М-р Татјана Стерјева, спец. фармацевт, сопственичка и генерална менаџерка, „ЕУРОФАРМ“ , Битола
26. Д-р Василка Салевска – Трајкова, менаџер за корпоративни прашања, Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Д.О.О. Скопје
27. Викторија Шотароска Трајкова, генерална директорка на П.И.К.Ко Македонија
28. Елида Трајковска, косопственичка и генерална менаџерка „Хауз Мајстор Фасилити“, Скопје
29. М-р Златица Цивкароски – член на Управен одбор,Шпаркасе Банка АД Скопје
30. М-р Ксенија Чаминска, сопственичка и генерална менаџерка, „Професионал Акаунт“, Скопје