Балканската сензација Јаков Јозиновиќ на 3 август на Антички во Охрид
По рекордно распродадените концерти низ целиот регион, турнејата „Ја за чуда летим“ продолжува со незаборавен музички спектакл и покрај Охридското Езеро, каде феноменот наречен Јаков Јозиновиќ својот музички раскош ќе го сподели и со охридската публика.
На 3 август, со почеток во 20 часот, сцената на Античкиот театар во Охрид ќе стане место каде што музиката, емоцијата и магијата се спојуваат во едно. Под отворено небо, во прегратките на Самоиловата тврдина, публиката ќе има можност да доживее вистинско музичко патување, вечер исполнета со носталгија, страст и безвременски хитови.
Јаков Јозиновиќ важи за еден од највпечатливите нови гласови на Балканот, уникатен по интерпретацијата, харизмата и искреноста на сцената. Неговите настапи се повеќе од концерти, тие се вистинско доживување што ги поврзува генерациите преку песни од најголемите музички имиња од екс-Ју просторите, пренесени со свежа енергија и личен печат.
Охрид, со својата неповторлива атмосфера, ќе биде совршена сцена за оваа музичка приказна – ноќ под ѕвездено небо, исполнета со емоции што допираат длабоко и оставаат трага.
Влезниците за концертот во организација на Евентум продукција веќе се пуштени во продажба преку мрежата на https://e-ticket.mk/.