ФЕД под лупа: Одлуката за каматните стапки и перформансите на технолошките гиганти во фокусот на пазарот


Оваа недела носи клучни настани за глобалните финансиски пазари, предводени од состанокот на Федералните резерви и објавувањето на деловните резултати на најголемите технолошки компании. Инвеститорите внимателно ги следат сигналите за идното движење на каматните стапки, како и влијанието на геополитичките тензии врз економијата. Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел и други членови на Федералниот комитет […]

НОБ со „Лебедово езеро“ и „Жизел“ на меѓународна турнеја во Германија, Холандија и Белгија


Националниот балет во периодот од 26 април до 11 мај 2026 година, ќе реализира меѓународна турнеја во Германија, Холандија и Белгија. Пред публиката на реномирани европски сцени ќе бидат изведени балетските класици „Лебедово езеро“ и „Жизел“, дела што ја носат убавината, емоцијата и врвната уметничка изведба на нашиот ансамбл. Со ова гостување, Националниот балет продолжува […]

Што напиша германската критика за изведбата на Дино Имери на Баховите “Голдберг варијации”?


  Бидна и германската мини-турнеја на Баховите “Голдберг варијации” под прстите на Дино Имери. Овој пат облечени во рувото наречено “Candlelight”, или концерт под светлината од свеќите – сѐ почеста пракса во начинот на концертирање во светот, па и во Македонија.     Не знам дали од самиот амбиент кој беше волшебен, или едноставно генијалноста […]

Дури и малку алкохол може да го оштети мозокот, покажува студија


Добро е познато дека премногу алкохол е штетен, но нова студија открива дека дури и мали количини алкохол можат да го оштетат мозокот. Американските научници го поврзаа поголемиот внес на алкохол со намалена перфузија, или проток на крв, во мозокот и со потенок церебрален кортекс, делот од мозокот каде што се одвиваат повеќето процеси на […]

Нови пријави за бомби во училиштата во Загреб


Стручно училиште за претприемништво во Загреб. утрово беше евакуирано поради пријава за бомба..- Полицијата за DNEVNIK.hr потврди  дека ќе постапи по новата пријава за експлозивни направи во образовните институции. За потсетување, минатата недела низ цела Хрватска беа регистрирани лажни пријави за бомби, а во петокот, наставата не се одржа во училиштата во Загреб од истата […]

Сара Пеканен со трилерот го освои Скопје: Редици читатели на Саем на книгата


Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен викендов се сретна со македонските читатели на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“, на Саемот на книгата. Во позитивна атмосфера во арената „Борис Трајковски“, каде љубителите на добриот трилер создадоа долги редици, Пеканен ја промовираше […]

„Видливо вознемирена“: Фотографија од Меланија Трамп за време на пукањето се шири на Интернет


Првата дама на САД, Меланија Трамп, се најде во центарот на драматична ситуација за време на гала вечера во хотелот „Вашингтон Хилтон“, кога ненадејна пукотница предизвика хаос и паника кај стотици гости. Гостите едвај седнале на масите на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа кога се слушнале истрели. Снимките што брзо се проширија […]

(Видео) Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете на шеталиште во Охрид


Параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи слетал опасно ниско над зоната каде што секојдневно се движат пешаци на шеталиштето во Охрид. Според видеото објавено од локалниот портал Ohrid1 и пренесено од повеќе медиуми, во последен момент бил избегнат судир со мајка и дете, а леталото потоа удрило во столб од улично осветлување.

Јон Вардар повторно во Африка


Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со своето успешно меѓународно патување, овојпат со селекција на Фестивалот за анимирани филмови (ФФАА) во Абиџан, на Брегот на Слоновата Коска. Станува збор за еден од водечките фестивали за анимација во Западна Африка, чија цел е да ја развива и промовира анимациската индустрија на континентот, но и да донесе интернационални продукции […]

Светските трошоци за вооружување лани достигнале 2.887 милијарди долари, најмногу во Европа и во Азија


Стокхолм – Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година, се наведува во извештајот на Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но пораснале за 14 отсто во Европа […]

Утрово најладно во Берово, најтопло во Гевгелија


Утрово најстудено било во Берово, каде во 7 часот се измерени 0 степени, а најтопло во Гевгелија каде се измерени 15 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР информираат и дека 2 степени Целзиусови се измерени во Крива Паланка, 3 во Лазарополе, 4 во Mаврови Анови и Попова Шапка, 5 во Битола, 6 […]

Докторот на Мајкл Џексон лежеше две години затвор за смртта на поп-ѕвездата. Сега отвори ординација во странство


Во 2011 година, д-р Конрад Мареј беше осуден за убиство од небрежност поради неговата улога во смртта на поп-иконата Мајкл Џексон. Тој се изјасни невин  по судењето – изјави за CNN во април 2013 година дека бил „на погрешно место во погрешно време“ – и продолжи да работи во медицинската област откако отслужи само две […]

Биографскиот филм за Мајкл Џексон руши рекорди, го надмина Опенхајмер


Биографскиот филм на Антоан Фукуа за Мајкл Џексон далеку ги надмина очекувањата на кино благајните, со проценети 94 до 100 милиони долари на домашен пазар и повеќе од 200 милиони долари на глобално ниво. „Мајкл“ е огромна победа за Лајонсгејт и негово најдобро отворање во последниве години, според „Холивуд репортер“. Додека Лајонсгејт, како средно големо […]

CNN: Авиокомпаниите ќе ги зголемат цените и откако горивата ќе поевтинат


Зголемувањето на цените на авионското гориво поради војната во Иран доведе до значително повисоки цени на авионските билети. Но, патниците не треба да очекуваат тие да се намалат дури и ако цените на горивата почнат да паѓаат. Причината за ова е силната побарувачка за патувања, која, заедно со трошоците за гориво, исто така ги зголемува […]

Хјустон ја оствари својата прва победа во НБА плејоф серијата против Лејкерси


Хјустон – Тимот на Хјустон рокетс утринава ги победи Лос Анџелес лејкерс со 115:96 (26:21, 30:26, 34:18, 25:31)во четвртиот натпревар од осминафиналето на НБА плејофот. Натпреварот се одржа во „Тојота Центар“ во Хјустон. Предводник во победата за тимот од Тексас беше Амен Томпсон кој постигна 23 поени. Лејкерси водат во серијата прд до четири победи со […]

Во КИЦ Софија концерт по повод 50-годишниот јубилеј на Кокан Димушевски


 По повод 50-годишниот јубилеј од професионалната музичка кариера на еден од најзначајните и највлијателни македонски автори, композитори, аранжери и мултиинструменталисти Кокан Димушевски, вечерва со почеток во 18.30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи свечен концерт. Овој концерт, кој го носи името на неговото најново авторско издание „The Back of Beyond“ („Зад […]

Европа и Балканот ќе ги зафати необичен студен бран


  Реткото навлегување на арктички воздух кон крајот на април донесе драстичен пад на температурите низ источна и југоисточна Европа, пишува метеоролошката служба Severe Weather Europe. Што предизвикува ненадејна промена на времето? Навлегувањето на студен воздух кон југ се должи на доцното слабеење на поларниот вртлог, што ѝ овозможи на арктичката маса да го заобиколи […]

Без струја делови од Карпош и Петровец


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денес без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Петровец.  Според информациите на ЕВН Македонија, од 09 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од комплексот Св. Јован во населбата Злокуќани во општина Карпош, а од 09 до 12:30 часот делови од улиците бр. 1 […]

РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо


Грант во износ од 500 илјади евра за реализација на проект „Паметна обука во преработката на производи од млеко и месо“ на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе, заедно со шест претпријатија ќе биде доделен денеска во рамки на четвртиот национален настан за доделување […]

Портокалов ден во Градскиот парк по повод Денот на кралот на Холандија


Просторот околу Холандскиот лавиринт и ридот спроти „Школка“ во Градскиот парк денеска од 10:00 до 13:00 часот ќе биде исполнет со портокалови активности по повод Денот на кралот на Холандија. Настанот е во организација на Биди Зелен (GoGreen) и Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија. Како што се наведува во соопштението на Биди Зелен […]