Пентагон ја прекинува соработката со Харвард


Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, изјави дека неговиот оддел го прекинува професионалното воено образование, стипендиите и програмите за сертификати со Универзитетот Харвард, што претставува најнова ескалација на администрацијата на Трамп против универзитетот. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп презеде мерки против водечките американски универзитети, вклучувајќи го и Харвард, поради низа прашања, вклучувајќи ги пропалестинските протести против […]

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците


Одбивањето на ВМРО да го прифати предлогот на СДСМ за ребаланс на буџетот за обезбедување пари за минимална плата од 600 евра е уште една потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, се вели во соопштението од СДСМ. Владата ги избра луксузите на владините функционери и криминалните тендери наместо […]

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат „многу добри разговори“ во врска со војната меѓу Русија и Украина, наведувајќи дека како резултат на преговорите „нешто може да се случи“, без да даде дополнителни детали. „Многу, многу добри разговори, во врска со Русија и Украина. Нешто може да се случи“, им рече Трамп на […]

Поради магла, намалена видливост до 100 метри на Стража и Маврово и до 60 метри на патот Гевгелија – ГП „Богородица“


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин (ГП) „Богородица“, додека на планинскиот премин Стража и кај Маврово видливоста е намалена до 100 метри. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци […]

Русија започна масовен воздушен напад врз енергетската инфраструктура на Украина


Русија започна масовен воздушен напад преку ноќ врз украинските енергетски инфраструктурни објекти насочени кон производство и дистрибуција на електрична енергија, изјави украинскиот министер за енергетика, Денис Шмигал. „Руските криминалци започнаа уште еден масовен напад врз енергетските објекти на Украина. Нападот е во тек“, напиша Шмигал на Телеграм. „Енергетските работници се подготвени да започнат со поправки […]

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег


Утрово е најстудено на Попова Шапка, нула степени, а најмногу врнежи, 27 литри на метар квадратен, се измерени во Крушево.  Како што информира УХМР, изминатите 24 часа наврнале и 24 литри на метар квадратен на Попова Шапка, 23 во Охрид и Лазарополе, 22 во Тетово и Mаврови Анови, 18 во Пожаране, 14 во Тополчани, 13 […]

Зошто потфрли Буџетот во 2025 година


Институтот за економски истражувања и анализи Finance Think во најновиот бриф за политиките анализира зошто потфрлија приходите во Буџетот за 2025 година и што навистина значи тоа. Брифот за политики 77 „Зошто потфрли Буџетот во 2025 година?“од Finance Think покажува дека потфрлањето на буџетските приходи во 2025 година не е резултат на „лоша економија“, туку […]

Минхен се подготвува за 120.000 демонстранти на самитот за глобална безбедност


Десетици илјади демонстранти се очекуваат во баварската престолнина за време на Конференцијата за безбедност во Минхен следната недела, соопштија градските власти. Досега, околу 120.000 учесници се регистрирани за протести, соопшти Канцеларијата за окружна администрација на Минхен. Демонстрациите поврзани со годишниот собир на глобални лидери и врвни претставници на одбраната и разузнавањето привлекоа поскромни толпи во […]

Саем на македонска традиционална храна во Скопје: „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“


Националната федерација на фармери (НФФ) денеска организира Саем на македонска традиционална храна под мотото „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“. Настанот ќе се одржи во Скопје City Mall, во периодот од 10:00 до 20:00 часот. Саемот има за цел унапредување на пласманот на традиционалните производи и зајакнување на малите локални производители.  На настанот ќе […]

Разговорите меѓу САД и Иран ќе продолжат следната недела


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека понатамошните разговори меѓу претставниците на неговата администрација и Иран ќе се одржат на почетокот на следната недела. Разговорите со иранската делегација вчера беа „многу добри“, изјави Трамп за новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида. „Изгледа дека Иран многу сака да склучи […]

Трамп се заканува со царини за трговските партнери на Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе казнени царини за трговските партнери на Иран поради тензиите со земјата. Во извршна наредба издадена од американскиот претседател вчера се вели дека дополнителни царини „може да се воведат за стоки увезени во Соединетите Држави, кои се производи на која било земја што директно или индиректно купува, […]

„Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт повторно на сцената на Националната опера и балет


Едно од најзначајните дела во историјата на оперската уметност, операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, по подолга пауза повторно ќе се изведе вечерва на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 19:30 часот. Ова возбудливо и комплексно оперско остварување, инспирирано од вечната легенда за Дон Жуан, плени со својот драмски контраст – […]

Прошетка низ изложбата „Истокот е сè уште можен“ во Музејот на современата уметност во Скопје


Во Музејот на современата уметност во Скопје денеска ќе се одржи настанот „МСУ водич и матине“ со кустосот Бојана Јанева, која ќе ја прошета публиката низ интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“. Координатор на настанот е Анжелика Апсис, а музичкиот избор е на Нино Наумов. Изложбата е продолжение на соработката меѓу МСУ – Скопје […]

Промоција на книга и претстава за деца „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова


Промоција на книгата „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова во рамки на фестивалот „Денови на литературата“ на „Арс Ламина“, ќе се одржи денеска со почеток во 18:00 часот, во книжарницата на „Литература“ во „Дајмонд мол“. Илустрациите се дело на Рената Јосифовска. Книгата е инспирирана од животот и творештвото на големиот композитор Лудвиг ван Бетовен […]

Променливо облачно и релативно топло, со слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб […]

Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина


На специфичен начин со дефиле на спортистите на четири локации во Милано, Кортина, Предацо и Ливињо вечерва беа свечено отворени 25. Зимски олимписки игри. На Игрите ќе настапат околу 2.900 спортисти од 92 држави. Македонскиот олимписки тим го сочинуваат: Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиски дисциплини, а Јана Атанасовска и Виктор Петков во алпски […]

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026


Македонските претставници учесници на Зимските олимписки игри продефилираа на церемонијата на свеченото отворање. Во Кортина знаменосец беше алпската скијачка Јана Атанасовска, а во Предацо знамето го носеше Ставре Јада. Покрај овие двајца во македонскиот тим сè уште алпскиот скијач Виктор Петков и Ана Цветановска, која ќе се натпреварува во нордиските дисциплини. Ова е најбројна македонска […]

Бил Гејтс влезе во нов бизнис: Фузионата централа добива лиценца


Компанијата Type One Energy, која развива технологија за нуклеарна фузија со поддршка на Бил Гејтс, заедно со Управата за долина на Тенеси, официјално поднесе единствено барање до регулаторите за таканаречената лиценца за материјал за нуспроизводи, со што формално започна процесот на лиценцирање на проектот Infinity во американската држава Тенеси. Апликацијата е поднесена до Одделот за […]

Мајкрософт, Гугл, Амазон и Мета се подготвуваат да започнат трка за вештачка интелигенција вредна 650 милијарди долари


Четирите најголеми технолошки компании – Microsoft, Alphabet, Amazon и Meta – заедно ќе инвестираат повеќе од 650 милијарди долари во вештачка интелигенција оваа година. Ова е драматично зголемување на трошоците насочени кон стекнување чипови за вештачка интелигенција, сервери и изградба на инфраструктура на центри за податоци. Amazon објави дека ќе инвестира околу 200 милијарди долари […]

Карпошани ќе добијат Младински и Ресурсен центар


Советот на Општина Карпош заседаваше по осми пат, каде советниците разгледуваа 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока поддршка доби Одлуката со која општина Карпош отстапува дел од спортската сала „Партизан“ која е во нејзино владеење, на времено користење од 3 години без надоместок, за намена Младински центар – Карпош. […]