Драган Ковачки избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ


  Пратеникот Драган Ковачки вечерва е избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Централниот комитет на партијата. Избран е нов состав на Извршниот комитет. Информацијата за одлуките на ЦК на новинарите им ги соопшти претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Ковачки (49) е поранешен полковник во Армијата каде беше дел од разузнувањето. Тој […]

Повеќе од 95.000 жени во Италија се жртви на генитално осакатување


 Над 95.000 жени во Италија се жртви на генитално осакатување (FGM), изјавија денеска активистките кои се обидуваат да го ослободат светот од овој феномен по повод Меѓународниот ден против генитално осакатување на жените, објави италијанската новинска агенција Анса. Овој растечки феномен во Европа, тесно поврзан со присуството на млади мигранти од регионите со висок ризик, […]

Песков: Наскоро ќе има нова рунда преговори за Украина


Наскоро ќе се одржи нова рунда преговори за Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неможејќи да го прецизира датумот на таа средба. „Засега датумот не е прецизиран. Но, наскоро ќе биде“, рече Песков, пренесен од руските медиуми. Тој, исто така, рече дека не е планирана нова рунда преговори за украинското решение во САД, ниту […]

Како приватното писмо на Џеки Кенеди за Центарот Кенеди добива на значење 60 години подоцна?


Вашингтон – Поранешната прва дама Џеки Кенеди еднаш му пишала на основачкиот претседател на Центарот Кенеди за нејзиното двоумење да го посвети Националниот културен центар во Вашингтон како споменик на нејзиниот покоен сопруг, претседателот Џон Ф. Кенеди. Кенедиеви биле вклучени во планирањето на дизајнот и изградбата на местото за сценски уметности пред ЏФК да биде убиен. […]

Околу 1.000 лица протестираа во Милано против присуството на ICE во ЗОИ


 Околу 1.000 студенти протестираа денеска во Милано поради присуството на агенти на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во Италија за време на Зимските олимписки игри во 2026 година. Собраните на чело на колоната носеа транспарент на кој пишуваше „Милано ве мрази“, а луѓето скандираа „ICE да си замине“ додека маршираа, јавува Анса. Учесниците […]

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата


Анџелика Митрашиновиќ, капитенот на женската сениорска репрезентација на Македонија се збогува со активното играње кошарка. Со посебно посветен текст, една од најдобрите македонски кошаркарки во последната деценија, и официјално објави крај на својата играчка кариера. –  После сите овие години, дојде време да се збогуваме со професионалната кошарка. Од сонување како дете до живеење како […]

Норвешката принцеза Мете-Марит им се извини на кралот и кралицата за пријателството со Епстин


Норвешката принцеза Мете-Марит, сопруга на престолонаследникот Хаакон, денеска повторно се извини за пријателството со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, во еден од неколкуте скандали што го погодија кралското семејство на оваа нордиска земја. „Исто така, се извинувам за ситуацијата во која го доведов кралското семејство, особено кралот и кралицата“, рече Мете-Марит во соопштение објавено од […]

Од Лулулемон до Армани: Зошто на брендовите им се важни Зимските олимписки игри 2026


Милано/ Кортина – Некои од најголемите имиња во модната индустрија трошат многу пари на Зимските олимписки и параолимписки игри во Милано Кортина кои се отвараат вечерва. Со потпишувањето како официјални спонзори, сите, од Лулулемон и Армани до Скимс и Ралф Лорен, ќе ги облечат годинешните елитни спортисти во облека од глава до пети што повеќе […]

Трамп го избриша видеото во кое Барак и Мишел Обама беа прикажани како мајмуни


Видеото на кое претседателот Барак Обама и неговата сопруга Мишел се прикажани како мајмуни е отстрането од профилот на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social. Да потсетиме, Трамп сподели видео од приближно една минута, фокусирано на обвинувањата за кражба на изборите во 2020 година. Кон крајот на видеото, Обама се прикажани околу […]

АМСМ: Зимски услови на патиштата, магла и снег на повеќе патни правци


Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од Авто – мото сојузот на Македонија. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, со задржување на снег на коловозот на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе […]

Медалите на ЗОИ2026 најскапи во историјата


Спортистите кои ќе бидат одликувани со одличја на Зимските Олимписки игри (ЗОИ) 2026 ќе ги добијат најскапите медали во олимписката историја, што се должи на континуираниот раст на цената на скапоцените метали. Од последните Олимписки игри, чиј домаќин беше Париз во јули 2024 година, цените на златото и среброто се зголемија за 107, односно 200 […]

ФБИ уапси „клучен учесник“ во нападот врз американскиот конзулат во Бенгази во 2012 година


Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го уапси еден од „клучните учесници“ во координираниот напад врз американскиот конзулат во Либија пред 13 години, јави ДПА. Во нападот врз дипломатската мисија во Бенгази беа убиени четворица американски државјани, вклучувајќи го амбасадорот Кристофер Стивенс и уште тројца други. Осомничениот, Зубајр ал-Бакуш, слета во воена база во близина на […]

Италија повторно без Синер


 Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да биде од церемонијата на свеченото отворање на Зимските олимписки игри Милано Кортина. Информациите беа дека можно е Синер да биде еден од носителите и на олимпискиот факел, сепак тоа нема да се случи. Тој е решен да се придржува до својот тренинг план и да се подготвува за настапот […]

Хрватскиот историчар Класиќ: „Томпсон е огледало на ХДЗ“


  Хрватскиот историчар Хрвое Класиќ го коментираше дочекот на ракометарите, освојувачи на бронзениот медал во Загреб и контроверзиите околу настапот на Марко Перковиќ Томпсон за телевизијата Н1, нагласувајќи дека целата ситуација се користи за политички цели. „Одговорот е сложен, но дозволете ми малку да се пошегувам – иако навистина нема да се шегувам“, започна Класиќ. […]

ChatGPT троши електрична енергија дневно колку 35.000 американски домаќинства годишно


Едно барање до ChatGPT преку моделот GPT-4o троши околу 0,43 Wh електрична енергија, што за 700 милиони барања дневно претставува годишна потрошувачка на енергија еквивалентна на потрошувачката на 35.000 американски домаќинства, количината на вода за пиење доволна за потребите на 1,2 милиони луѓе и емисии на јаглерод диоксид што би ги неутрализирала шума со големина […]

Трговската размена со Германија лани се намалила за шест отсто, со Велика Британија „скокнала“ за 18,9 отсто


Трговската размена со Германија лани се намалила за шест отсто, а во истиот период со Велика Британија трговијата значително се зголемила – за 18,9 отсто, покажуваат податоците за надворешно трговската размена на Државниот завод за статистика објавени денес. Лани вкупниот обем на трговска размена со светот достигна 19,5 милијарди евра, што е за 3,77 отсто […]

Малолетници збеснаа! За 24 часа пријавени пет тепачки


Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени неколку случаи на физички напади, најголем дел врз малолетни лица, кои се случиле на различни локации во главниот град. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на сите случаи. Напад во автобус на ЈСП Татко пријавил дека вчера неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници […]

Пациенти болни од рак бараат персонализиран пристап во лекувањето


 Пациенти болни од рак бараат персонализиран пристап во лекувањето, но за тоа, велат, потребни се институции што ќе го поддржат тоа. По повод Светскиот ден на борбата против ракот, тие со порака дека секојдневно се соочуваат со проблеми – од недостиг на иновативна терапија до недостиг на палијативна нега.  – Иако секој пациент има своја […]

Масовно труење со олово на жителите на град во БиХ


Во општината Вареш во Босна и Херцеговина продолжува сериозната здравствена криза предизвикана од масовно труење со олово. Најновите резултати од тестирањето на повеќе од 100 жители потврдија дека труењето со тешки метали е многу пораспространето отколку што првично се претпоставуваше, пишува N1. Присуството на олово во крвта овој пат е утврдено не само кај жителите […]

Производителите отпишуваат околу 55 милијарди евра во бизнисот со електрични автомобили


Француско-италијанскиот производител на автомобили „Стелантис“ во петокот објави отпис од 22,2 милијарди евра во својот бизнис со електрични возила, истакнувајќи го прилагодувањето на понудата кон побарувачката и усогласеноста со новите регулативи за емисии на САД. Отпишувањето вклучува плаќања во готово од приближно 6,5 милијарди евра што се очекуваат во следните четири години и ќе биде […]