На конкурсите за проекти од културата за 2026 пристигнале 2618 пријави


Преку електронскиот систем за аплицирање на годишните конкурси за проекти од културата за 2026 година пристигнале  2618 пријави, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од конкурсите, нагласувајќи дека овој број на пристигнати апликации го потврдува интересот и довербата во системот. -Се работи за проекти кои ќе ја збогатат културната понуда, […]

Волкановски ја одбрани титулата – светски првак


Сиднеј – Александар Волкановски, Австралиецот со македонско потекло ја одбрани титулата во перолесна категорија на настанот УФЦ 325 во Сиднеј. Популарниот „Александар Велики“ славеше пред домашната публика во арената „Кудос бенк“. Волкановски имаше комплетна доминација против Бразилецот Диего Лопез. Судиите ја потврдија неговата надмоќ со бодови 49:46, 49:46 и убедливи 50:45. Тој истиот противник го победи […]

Фонтана ди Треви од утре ќе наплаќа влезница за туристите


Рим – Фонтана  ди Треви од утре ќе почне да наплаќа влезница за туристи и нерезиденти, соопштија властите. За пристап до областа околу фонтаната ќе биде потребен билет од две евра од понеделник до петок од 11:30 до 22 часот, а за време на викендите од 9 до 22 часот, а последниот влез е во […]

Тошковски: Доброволното плаќање носи поволности, но сериозните прекршоци значат и забрана за управување со возило


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија појасни како ќе се применуваат санкциите во рамки на системот „Безбеден град“, особено во однос на повеќекратни прекршоци и можноста за доброволно плаќање на казните.   Тој истакна дека законската регулатива предвидува јасни механизми за санкционирање, при што секој возач […]

Забрана за сообраќај на камиони и автобуси на повеќе патни правци во Македонија


Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево во двата правца е воведена  од 9.40 часот поради врнежи од снег. Како што претходно соопшти ЈП „Македонијапат“, од  9.20 часот поради врнежи од снег  воведена е забрана за сообраќај за камиони  и автобуси на патниот правец крак Шипковица – […]

Кој е во Координативното тело за Скопје европска престолнина на културата 2028? 


Град Скопје како реакција на новинарски текст ги објави членовите на Координативното тело кои се вклучени во проектот за Скопје европска престолнина на културата за 2028, со решение избрани на 2 јануари 2025 година, и објавени на веб страницата на проектот. „Координативното на „Скопје ECoC 2028“ ги обединува културните професионалци, креативните визионери и партнерите од […]

Стармер: Ендрју треба да биде подготвен да сведочи пред Конгресот на САД за врските со Епштајн


Лондон – Принцот Ендрју Мaунтбатен-Виндзор „треба да биде подготвен“ да сведочи пред американскиот Конгрес за своите врски со Џефри Епштајн, откако се појави во неодамна објавени документи поврзани со осрамотениот педофил, изјави британскиот премиер Кир Стармер. Пристапот „фокусиран на жртвите“ во случајот Епштајн е причината поради која Ендрју треба да ги сподели информациите „во каква […]

Трета европска титула за Данска или Германија


Хернинг – Последен ден на Европското првенство во ракомет, а во финалниот дуел ќе играат Данска и Германија. Двете репрезентации досега имаа по две европски титули, но долг период ја чекаат третата. Данска европски шампион беше во 2008 и 2012 година, додека Германија титулите ги освои 2004 и 2016 година. За ко-домаќинот Данска победата и шампионскиот […]

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Гевгелија, 12 литри на квадратен метар. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека 10 литри воден талог утрово се измерени во Крушево и Битола, 6 во Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка, 4 во Велес и Пожаране, 3 во Ѓуриште, 2 во Скопје – Зајчев Рид, […]

Што за Охрид ќе значи статусот на светско наследство во опасност?


  Во јуни ќе се знае дали Охрид и охридскиот регион ќе бидат ставени на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО.  Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО Што за Охрид ќе значи тој статус, објаснуваат од ОхридСОС:  „Доколку биде усвоена нацрт-одлуката на Комитетот, не значи дека Охридскиот регион ќе биде избришан од […]

Трамп: Индија ќе купува нафта од Венецуела наместо од Иран


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Индија ќе купува нафта од Венецуела, наместо од Иран. – Веќе го постигнавме тој договор, концептот на договорот, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, додека патуваше од Вашингтон кон својот имот во Флорида. Претходно, медиумите јавија дека САД му соопштиле на Њу Делхи дека […]

За „Безбеден град“ со внес на матичен број се спречува доставување на податоци на погрешно лице а евентуалните грешки ќе се коригираат во рок од 24 часа


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија говореше за почетокот на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, притоа информирајќи ги граѓаните за начинот на функционирање на системот и за постапките во случај на евентуални несогласувања во податоците. Тошковски посочи дека дел од податоците за сопствениците на возила во […]

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени


На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за автоматско санкционирање на сообраќајните прекршоци – „Безбеден град“. Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци – непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло и управување на возило […]

Карневалот во Венеција годинава во духот на спортот и олимпизмот


Венеција – Од 31 јануари до 17 февруари Венеција повторно ќе биде средиште на карневалската магија. Претходните две години темата на светски познатиот карневал беше поврзана со годишнините од раѓањето и смртта на Марко Поло и смртта на Џакомо Казанова, но годинешното издание на познатиот венециски настан ќе му оддаде почит на олимпизмот – со […]

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во текот на денот врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува […]

Астрономски календар


 Денеска е недела 1 февруари 2026 година, 32-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  333 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 13 минути. Денов трае 9 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Ѓоковиќ и Алкараз – финале за уживање


Мелбурн – Машкото финале на првиот Гренд слем турнир Австралија опен ќе донесе нов шампион откако двократниот и сè уште актуелен победник Јаник Синер загуби ви полуфиналето. Во борба за престижниот пехар ќе играат Новак Ѓоковиќ од Србија, кој ќе го игра своето 11. финале во Мелбурн и досега нема пораз во финале и Шпанецот Карлос […]