Шидер: Ако продолжи со ова темпо на реформи, Албанија ќе биде во ЕУ до 2029 година


Тирана – Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Андреас Шидер, изјави дека интеграцијата на Албанија во Европската Унија може да се постигне во рамките на oваа деценија. Според него, доколку албанскиот парламент и влада го одржат ова темпо на спроведување реформи, членството во ЕУ може да се постигне во рамките на мандатот на сегашниот Европски парламент, […]

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба


Софија – Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање на стоки, услуги и обврски, соопшти Министерството за финансии на Бугарија. Според законот за воведување на еврото во Бугарија, цените на стоките и услугите и понатаму ќе бидат истакнати во двете валути до […]

Синот на норвешката принцеза обвинет за повеќекратни силувања. Судењето наскоро ќе започне


Осло – Кога Мариус Борг Хоиби ќе се појави пред судот во Осло во вторник, на почетокот на она што се смета за најголемото судење во Норвешка во последниве години, тој нема да има морална поддршка од неговото најблиско семејство. Неговата мајка, крунската принцеза Мете-Марит, нема да биде присутна, ниту нејзиниот сопруг и норвешки наследник […]

Бил Гејтс проговори за е-пораките од досиејата на Епштајн во кои се споменува тој


Бил Гејтс, преку портпарол, остро ги отфрли најновите обвинувања што се појавија за неговата врска со Џефри Епштајн, по објавувањето на нови документи од страна на Министерството за правда на САД, објави Business Insider. Министерството за правда на САД во петокот објави повеќе од три милиони страници документи поврзани со Епштајн, вклучувајќи е-пораки од 2013 […]

Маск донирал 10 милиони долари за републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот


Вашингтон – Американскиот милијардер Илон Маск кон крајот на минатата година вложил 10 милиони долари во два големи републикански политички одбори, покажуваат најновите извештаи за финансирање на изборните кампањи, што укажува на негово повторно поактивно вклучување во републиканската политика, објави денеска „Политико“. Според извештајот, Маск, кој претходно изјави дека веќе потрошил доволно средства за политика, […]

Алкараз: Новак, ти благодарам за се што правиш


Мелбурн – Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз за првпат во кариерата триумфираше на Австралија опен откако во финалето со 3:1 во сетови го совлада десеткратниот првак на турнирот Новак Ѓоковиќ. На церемонијата тој се обрати прво до српскиот тенисер. –  Новак секако дека заслужува овации. Зборуваш дека правам неверојатни работи, но тоа што ти го […]

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе


Мелбурн – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во 11.то финале на Австралија опен за првпат не успеа да го подигне победничкиот пехар. Во своето обраќање тој зборуваше за Карлос Алкараз, кој го освои својот прв трофеј во Мелбурн. –  Честитки Карлос, неверојатни неколку недели. Најдобриот збор е: историско, легендарно. Ти посакувам се најдобро во кариерата, млад си […]

Јотова: Следниот технички премиер мора да ја врати довербата на граѓаните во изборниот процесе


Софија– Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека од вторник ги започнува консултациите со парламентарните групи за именување на нов технички премиер кој ќе треба да одговори на очекувањата на граѓаните за фер и транспарентни избори. Јотова денеска информираше дека веќе остварила сериозни разговори со потенцијалните кандидати од списокот утврден со Уставот. – Разговорите беа содржајни […]

Мицкоски ги најави камионите за „Комунална хигиена“, ќе стигнат до крај на годинава


Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана  и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала […]

Израел ги протерува „Лекари без граници“ од Газа


Тел Авив – Израел денеска соопшти дека има намера да ја запре работата на хуманитарната организација „Лекари без граници“ (MSF) во Појасот Газа. Министерството за дијаспора соопшти дека презело „чекори за прекин на активностите на `Médecins Sans Frontières` во Појасот Газа“. Како причина се наведува наводно прекршување на новата постапка за регистрација, при што организацијата е […]

Зеленски објави кога ќе започнат новите преговори со Русија и Америка


Киев – Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, ќе се одржи во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, в среда и четврток (4 и 5 февруари), најави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за „суштинска дискусија“. Тој истакна дека информациите доаѓаат од украинскиот преговарачки тим кој денеска […]

Повредено 10-годишно девојче од заталкан куршум


Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата. За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.   -На 31.01.2026 околу 16:00 […]

Еве колку заработија Алкараз и Ѓоковиќ за спектаклот во финалето на Австралија Опен


Мелбурн-Карлос Алкараз (22), водечкиот тенисер во светот, е победник на Австралија Опен. Тој го победи Новак Ѓоковиќ со 2:6, 6:2, 6:3, 7:5 во финалето по три часа и две минути борба. Ова беше прва титула за Алкараз на Австралија Опен, што го прави најмладиот тенисер кој ги освоил сите четири Гренд Слем турнири. Тој има […]

Ѓоковиќ не успеа, Алкараз е нов шампион на Австралија опен


Мелбурн – Најдобриот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои рекордната 25-та титула на Гренд слем, бидејќи загуби од Шпанецот Карлос Алкараз со 6:2, 2:6, 3:6, 5:7 во финалето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн. Ова беше 11-то финале на Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија и негов прв […]

Во 2026 најмногу ќе се инвестира кај загрозеното наследство и кај објекти од национално значење


 За инвестициско и техничко одржување и за набавка на опрема на националните установи  пристигнале 239 проектни апликации за 2026 година и по евалуацијата се прифатени 66 проекти со вкупен износ од 15.500.000 денари.  Министерот Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од годишните конкурси по дејности на прес-конференција во Владата посочи дека овие средства се наменети за […]

Со повлекувањето на Кедев се разоткрива и целото сценарио против Филипче, тврди СДСМ


Повлекувањето на Сашко Кедев од здравствениот совет на Министерството за здравство е голем скандал и се разоткрива и целото сценарио против претседателот Филипче, се вели во соопштението на опозициската СДСМ. „Ништо не е случајно. Повлекувањето на Кедев е примено во Министерството за здравство на 23 јануари. Како причини тој наведува незадоволство од „започнатите контролни процеси“. […]

„Горчлива пропаганда  и чист пекол“: Реакциите на критичарите кон „Меланија“ се брутални


Вашингтон – Документарецот „Меланија“, за кој се проценува дека чинел вкупно околу 75 милиони долари (вклучувајќи го стекнувањето права и промоцијата), се појави во кината во светот и во регионот. Судејќи според реакциите на публиката и критичарите, многумина немаа многу трпение или разбирање за приказната што ѕирка зад позлатените сцени на светот на Трамп. Реакциите […]

Започнува доградбата на подземната сообраќајница што ќе поминува под „Лимак“


 Од денеска почнаа градежните активности на булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намалат сообраќајните гужви. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена.    Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза.  […]

“Меланија“ не е ниту смешен ниту тажен. Како изразот на лицето на првата дама


Сакам уште од самиот почеток да разјаснам дека ова во никој случај не е идеолошки обоена рецензија за филмот. Лично, мислам дека Трамп е само погрдото лице на американската политика, која никогаш навистина не се променила фундаментално. Затоа, без разлика дали станува збор за појавувањето на Мишел Обама на Оскарите за да додели филм за […]

Илјадници болни Палестинци чекаат да поминат низ граничниот премин што се отвора утре


Преминот Рафах помеѓу Египет и Појасот Газа е повторно отворен денес, но ограничувањата остануваат на сила, објавија израелските медиуми. Движењето на луѓе ќе биде дозволено од утре бидејќи сега се дискутираат безбедносните и оперативните процедури, објави израелскиот новински портал ynet, наведувајќи дека преминот во моментов е само „на пробна основа“. Израелска портпаролка го потврди извештајот, […]