Орбан ја нарече Украина “непријател на Унгарија”


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Украина е непријател на Унгарија затоа што барала од Брисел Унгарија да не добива евтина руска енергија. Орбан на митинг во Сомбател, во западна Унгарија, изјави дека Украинците мора да се откажат од своите постојани барања во Брисел да ја исклучат Унгарија од добивање евтина руска енергија, објави […]

Осогово и Вардар играа во чест на починатите во „Пулс“


На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани попладнево Осогово и Вардар одиграа хуманитарен натпревар во спомен и во чест на настраданите во трагедијата од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ . Западната трибина на „Мантов“ беше полна како ретко кога во последните неколку години. Проценките велат дека имало најмалку 1 200 гледачи. „Вардар“ славеше со […]

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион


Украинските медиуми, повикувајќи се на извори во Безбедносната служба на Украина (СБУ), денеска објавија дека украински беспилотни летала испратени од СБУ во текот на ноќта погодиле руска хемиска фабрика во Редкин. Фабриката произведува компоненти за гориво за ракети H-55 и H-101, како и адитиви за дизел и млазен керозин. Целта била Експерименталната хемиска фабрика Редкино […]

Корејската крипто берза по грешка дистрибуираше 620.000 биткоини, корисниците за момент станаа милионери


Јужнокорејската берза за криптовалути Bithumb во саботата соопшти дека ги вратила речиси сите 620.000 биткоини што погрешно биле испратени до корисниците, што накратко ја намалило цената на биткоинот. Според Bithumb, грешката се случила околу 19 часот во петокот, кога 249 корисници кои учествувале во промотивна кампања добиле просечно 2.490 биткоини, во вредност од 244 милијарди […]

Запленети над 40 тони дрога, акцијата продолжува


Министерството за внатрешни работи информира дека во тек е опсежна акција, во чии рамки е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана […]

Ишингер: Исходот од војната во Украина ќе ја одреди судбината на Европа, вели


Руската закана за источното крило на НАТО би можела да се зголеми доколку дојде до прекин на огнот во Украина, смета Волфганг Ишингер, претседател на Минхенската безбедносна конференција, цитиран од ДПА. „Додека Украина ја брани Европа, заканата не е толку голема“, рече дипломатот во интервју објавено денес од „Тагесшпигел“. Ова значи дека армиите на рускиот […]

Сакале да ги одмаздат браќата осудени за терористичка организација: Поведена постапка против тројца скопјани


  Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Скопје. Според МВР, се работи за Б.Д.(33), М.Д.(29) и С.Е. (25), […]

Скандалот со Епштајн ја соборува европската политичка класа. Во САД, тие добиваат “пас”


Преку Атлантикот, главите се превртуваат над откритијата за Џефри Епштајн. Во Норвешка, еден истакнат дипломат веќе е суспендиран, а полициска истрага е отворена за поранешен премиер. Во Велика Британија, поранешниот амбасадор во САД е отпуштен; во вторник, тој поднесе оставка од Домот на лордовите. Полицијата ги разгледува извештаите дека тој споделил информации чувствителни на пазарот […]

Може ли регистар на професионални возачи да го спаси патниот транспорт во Западен Балкан?


Превозниците од Западен Балкан ги блокираа граничните премини за товарен транспорт од 26 до 30 јануари, барајќи да се најде системско решение за престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, што во моментов подразбира максимум 90 дена во период од 180 дена. Долгогодишниот проблем во меѓународниот транспорт ескалираше со почетокот на примената на Системот за […]

Мбапе со извршител ќе го наплати долгот од ПСЖ


Извршител ја посети канцеларијата на ПСЖ на барање на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објави „Л’Екип“. Според францускиот весник, парижаните не му исплатиле на Мбапе 5,9 милиони евра за повеќе одмори. Судскиот извршител му достави на клубот барање за исплата. Во декември 2025 година, суд во Париз му наложи на ПСЖ да му исплати […]

Алиу на основањето на Паналбанскиот колеџ на хирурзи во Тирана, очекува прекугранична соработка


Секоја иницијатива што ги подигнува стандардите, го зајакнува континуираното образование, овозможува размена на добри практики и гради професионални мрежи, значи намалување на ризиците, подигнување на квалитетот и зголемување на довербата во здравството, порача министерот за здравство Азир Алиу кој вчера учествуваше на основањето на Паналбанскиот колеџ на хирурзи (ПAKX) во Тирана, Албанија. Со оваа професионална […]

Инциденти пред солунскиот Универзитет „Аристотел“, приведени над 300 лица


Сериозни инциденти се случија во текот на ноќта пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун меѓу маскирани лица и полицијата, при што приведени се 309 лица, повреден е еден полицаец, а предизвикана е материјална штета на паркирани автомобили, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, инцидентите започнале околу 2 часот по полноќ […]

Од фирмата каде што работел, одзел три милиони денари


МВР соопшти дека е лишен од слобода скопјанец зашто од фирмата каде што е вработен одзел скоро три милиони денари. -Во Скопје вчера попладне, во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.В.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 04.02.2026, дека во временски период од 18.12.2025 до 04.02.2026 во продажно […]

Орбан: Одбиваме да испратиме војници и пари во Украина


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека се спротивставува на испраќањето финансиска и воена поддршка на Украина, предупредувајќи дека ваквите потези би можеле да доведат до директен конфликт со Русија. „Денес станува збор за испраќање унгарски пари во Украина, а утре би можеле да бидат млади Унгарци испратени да се борат“, рече Орбан на „Х“. […]

Левица: Ристовска вршела тортура врз вработените во ДКСК


Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, очигледно одлучила сопствените нервози да ги истура врз вработените во институцијата која треба да биде бастион на интегритетот, се вели во соопштението од Левица.  Од Левица посочуваат дека до нив пристигнуваат сериозни информации дека вработени […]

Можни се обилни локални врнежи, на повисоките места и снег


Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег. Како што најавува УХМР, поради продор на постуден воздух в понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а […]

Зеленски вели дека САД им дале рок на Украина и Русија за завршување на војната до јуни


САД поставија рок до јуни за Украина и Русија да постигнат договор за завршување на речиси четиригодишната војна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој им рече на новинарите дека очекува притисок од администрацијата на Доналд Трамп доколку не се исполни рокот до јуни. „Американците предлагаат да се заврши војната до почетокот на ова лето и […]

Над 80 нови предупредувања за поплави и обилни дождови издадени во Велика Британија


Над 80 нови предупредувања за поплави се во сила денеска низ цела Велика Британија поради обилни дождови, јави ДПА. Агенцијата за животна средина (EАA) претходно издаде предупредување за поплави за 91 област во јужна и југозападна Англија, како и во Источен и Западен Мидлендс. До утрово, EAA издаде вкупно 261 предупредување за поплави, при што […]

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпешта: GREEN MACHINES чисти снег кај Будимската тврдина


Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде […]

Мицкоски ги отстрани потпретседателите од партијата за да владее апсолутно со неа, велат од СДСМ


Опозициската СДСМ смета дека лидерот на владејачката партија, Христијан Мицкоски, ги отстранил сите потпретседатели во ВМРО-ДПНЕ, по примерот на Вучиќ, за апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија. “Ги постави своите најблиски другари”, се вели од соопштението од СДСМ, во кое поединечно се осврнуваат на вчерашните внатрепартиски кадровски именувања […]