Орбан: Одбиваме да испратиме војници и пари во Украина


Орбан има редок талент за градење на структури кои имаат моќ за манипулирање на луѓето, оценува Бојтар

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека се спротивставува на испраќањето финансиска и воена поддршка на Украина, предупредувајќи дека ваквите потези би можеле да доведат до директен конфликт со Русија.

„Денес станува збор за испраќање унгарски пари во Украина, а утре би можеле да бидат млади Унгарци испратени да се борат“, рече Орбан на „Х“.

Тој нагласи дека Унгарија „вели не“ и одбива да учествува во тоа.