Куманово четвртфиналист во кошаркарскиот Куп


 МКК Куманово е петтиот учесник во четвртфиналето на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако синоќа пред својата публика гитриумфираше над Ангели со убедливи 95-65. Митевски беше најефикасен во редовите на Куманово со 20. поени, а Луковиќ реализираше 18. поени. Во екипата на Ангели, најефикасни беа Фордхам со 15. поени и Настовски со 14. кошеви. Преостанатите три […]

Силна експлозија пред филијала на банка во Солун


Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се сучи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување. Според државната телевизија […]

Овој град ja создаде најпознатата божиќна песна, сега Русија го уништи


КИЕВ — За Украинците, разурнатиот источен град Покровск — каде што војниците се заглавени во битка со Русите овој Божиќ — буди асоцијации со едно од најтрајните културни наследства на нивната земја: Карол на камбаните. Западната публика можеби ја познава вознемирувачката, повторувачка мелодија од холивудскиот филм „Сам дома“ и ТВ серијата „Тед Ласо“, но оваа […]

Пехчево се разбуди под снежна покривка (фото)


Истокот од земјава, во Малешевијата, утрово осамна под снег. Најавите на метеоролозите за снежен бран се остварија, а пехчевци можат да уживаат во зимска идила.  Според прогнозата, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат […]

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарскиот олош


Претседателот на САД, Доналд Трамп, им посака на сите Среќен Божиќ на својата социјална мрежа, „вклучувајќи ги и радикално левичарските ѓубриња“, осврнувајќи се на своите демократски противници кои редовно ги обвинува дека се причина за сето зло. Напаѓајќи ги демократите и фалејќи го сопствениот мандат „Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарските ѓубриња […]

ФБИ пронајде над еден милион нови документи за Епштајн


Вашингтон – Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи поврзани со случајот на починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Министерството наведе дека ќе бидат потребни неколку недели новите документи за се обработат и потоа ќе бидат објавени. Министерството за правда соопшти дека ги доби документите од Канцеларијата на државниот обвинител […]

Трамп го додаде своето име на Центарот Кенеди. Божиќниот концерт е откажан поради тоа


Њујорк (АП) — Планираниот џез концерт на Божик во Центарот Кенеди, празнична традиција која датира од пред повеќе од 20 години, е откажан. Водителот на шоуто, музичарот Чак Ред, вели дека го откажал настапот откако Белата куќа минатата недела објави дека името на претседателот Доналд Трамп ќе биде додадено на објектот. Од минатиот петок, на […]

Меркур влегува во Јарец: Време е за сериозни одлуки и конкретни планови


Со влегувањето на Меркур во Јарец, нашите мисли стануваат појасни, поструктурирани и ориентирани кон целта. Наместо импулсивност и површност, сега се свртуваме кон сериозност, логика и долгорочни решенија. Сè што ќе кажеме и одлучиме во овој период може да има потрајно влијание од вообичаеното. Што значи кога Меркур влегува во Јарец? Меркур е планетата на […]

Меѓу датумите и суштината – Божик на 25 декември или на 7 јануари


Секоја година, со приближувањето на Божик, повторно се отвора старото прашање: кога навистина е роден Исус Христос и зошто празникот се слави на различни датуми – 25 декември и 7 јануари. Ист празник, а два датума – еден се слави во старата година, а друг во новата. Римокатоличките верници и дел од православните христијани, кои […]

Поради магла намалена видливост на неколку патни правци


Намалена видливост поради магла до 40 метри има на планинските премини Стража, до 30 метри на Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово и до 50 метри во Крушево.   Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, што според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на […]

Каква зима нѐ очекува?


Без долготрајни екстремни периоди, но со епизодни студени бранови ќе биде оваа зима, покажуваат најновите сезонски климатски очекувања за државава. Средната зимска температура ќе биде над повеќегодишниот просек за околу +1°C. Студени бранови со температури околу или под нормалните се очекуваат кон крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари, […]

Римокатолиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик


Верниците на Римокатоличката црква и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.  По повод празникот Рождество Христово, Скопскиот бискуп и […]

Без вода делови од општините Аеродром и Центар


Без вода за пиење во текот на денов ќе бидат дел од корисниците во општините Аеродром и Центар, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ била добиена информација дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисници на делови од „Тодор Александров“ и „Партение Зографски“ во општина Центар. Како […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 25 декември 2025 година, 359-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 6 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 8 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 10 часот и […]

Над 28.000 навивачи пееја божиќни песни на стадионот во Берлин


Повеќе од 28.000 навивачи на германскиот клуб Унион Берлин се собраа на стадионот „Алте Ферстереј“ за да го прослават почетокот на празничната сезона пеејќи заедно божикни песни. Традиционалниот настан се одржа синоќа во Берлин и уште еднаш ја потврди силната врска меѓу клубот и неговите навивачи. Трибините беа полни со навивачи кои, со своите шалови […]

Апелација двојно им ги зголемени казните на двајцата директори за пожарот во модуларната болница во Тетово


Апелацискиот суд Гостивар, денеска преку соопштение информираше дека се преиначени одлуките на Основен суд Тетово за осудените во судскиот процес поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница, во кој во 2021 година живи изгореа 14 луѓе. Со одлука на Апелацискиот суд Гостивар, двајцата осудени директори наместо по година и половина, добија три години казна затвор, а […]

Љупчо Палевски – Палчо бара ослободување или повторно судење


Љупчо Палевски – Палчо, кој е осуден на доживотен затвор за грабнување и две убиства, преку својот адвокат поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје, со барање за ослободување или повторно судење. Адвокатот Јовица Страшевски наведува дека во првостепената постапка постоеле сериозни процесни пропусти. „Надоврзавме на доста суштествени повреди во постапката. Дел од доказите воопшто […]

Албанските граѓани престојуваат во странство подолг временски период од оние на другите земји од Западен Балкан


 Албанија е на прво место меѓу земјите од Западен Балкан по процентот на граѓани кои престојуваат во странство подолг временски период, иако е забележан пад во 2024 година. Според истражувањето на Советот за регионална соработка (RCC), 34,7 отсто од анкетираните албански граѓани изјавиле дека живееле надвор од Албанија повеќе од три месеци, бројка повисока од […]