Нацев: Обвинението е „брутално силување“ на Законот за приватно обезбедување


Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, што според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на […]

Орце ги нападна и Данела и Шилегов: Го „уништиле“ Скопје, тој ќе го крева


  Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во поширока објава на Фејсбук остро ги нападна неговите претходници на функцијата, Данела Арсовска и Петре Шилегов, велејќи дека наследил девастирани јавни претпријатија, хаос во образованието, долгови, неисчистено Скопје, кое не се украсувало за Нова година, и што уште не. Но откако тој дојде на функцијата работите почнале да […]

Со зголемен буџет, Центар ќе дава 5.000 до 10.000 денари за пензионерите, учениците, социјалната заштита


Советот на Општина Центар на 3. Седница едногласно го усвои Буџетот за 2026 година. Проектираниот основен буџет на Општина Центар за наредната година изнесува 1.217.450.000 денари и претставува највисок буџет досега. Од вкупниот износ, 527.230.000 денари, односно 43 проценти, се наменети за капитални инвестиции, додека 690.220.000 денари, односно 57 проценти, се планирани за тековни оперативни […]

Квалитетниот сон овозможува подолг животен век


Според најновото американско истражување недоволниот сон го скратува повеќе животниот век отколку исхраната, физичката активност и социјалните односи. Американските научници проценуваат дека околу 16 отсто од светската популација постојано пати од несоница, додека податоците на Националната фондација за квалитет на спиењето покажуваат дека дури 60 отсто од возрасните Американци не спијат доволно. Несоницата се карактеризира […]

Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција за Македонија во соработка со бугарските служби


Нелегален транспорт на оружје од Турција преку Бугарија за Македонија спречила ноќеска (24-25 декември 2025) Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција преку брза размена на информации и соработка со бугарските служби односно преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската […]

Златото ја има својата најдобра година од 1979 година


Фјучерс договорите за злато што се тргуваат во Њујорк се зголемија за речиси 71% оваа година, на добар пат кон нивниот најдобар годишен раст во последните 46 години. Последниот пат кога златото имаше толку силна година, Џими Картер беше претседател, на Блискиот Исток се одвиваше криза, инфлацијата растеше, а САД беа сред енергетска криза. Денес, […]

Дедо Мраз има свој клуб, двапати банкротираше


Додека поголемиот дел од фудбалскиот свет се одмара за време на зимските празници, на далечниот север од Финска сезоната е во полн ек за еден многу посебен клуб. Приказната нè води во Рованиеми, официјалниот дом на Дедо Мраз во Лапонија, каде што температурите можат да паднат и до минус 38 степени. Легендата вели дека Дедо […]

Во Калифорнија е прогласена вонредна состојба поради бури и поплави. Стотици евакуирани


Силна бура ја погоди Калифорнија, предизвикувајќи поплави опасни по живот и принудувајќи стотици луѓе да се евакуираат во средината на божиќните празници. Гувернерот прогласи вонредна состојба во шест окрузи поради вонредните услови, а се очекува бурата да продолжи и во текот на Божиќ, објави Скај њуз. Силните дождови го погодија јужниот дел од американската држава […]

Србофобија, усташтво, предавство за пари, СНС: Тешки работи се изнакажаа меѓу СДСМ и нивниот поранешен член Саша Богдановиќ


  По неколкуте соопштенија на СДСМ во врска со наводното промовирање на српскиот свет во Македонија и инсталации на претседателот Александар Вучиќ, поранешниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, се почувствува повикан да одговори на ваквите оценки. Богдановиќ беше избран за градоначалник како кандидат на СДСМ, но по еден мандат нивните патишта се разидоа. Во […]

Монографија за творештвото на уметникот Владимир Георгиевски


 Во издание на „Кродо“ објавена е монографија за уметникот Владимир Георгиевски (1942 – 2017) и неговото исклучителното творештво кое е систематизирано, анализирано и толкувано во обемна студија насловена: „Етичкиот императив како одговор на институционализирањето на светото и егзистенцијалното“ на историчарот на уметноста Љубен Пауновски. -На 248 страници преку обемна стручна студија, текстови од уметникот и […]

Вол Стрит: Индексот СиП 500 на нов рекорд


Берзанскиот индекс СиП 500 (S&P 500) се искачи на нов рекорден максимум во среда, малку приближувајќи се до уште еден рекорден максимум. Индексот на широк пазар се зајакна за 0,32 проценти и ја заврши сесијата на 6.932,05 поени. Индустрискиот просек Дау Џонс доби 288,75 поени, или 0,60 проценти, а исто така забележа и рекордна вредност […]

Божиќна порака на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов


Во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје синоќа скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов служеше полноќна божиќна света литургија, на која ја упати својата Божиќна порака. – Како католички христијани, ја завршуваме Светата Јубилејна 2025 година. Беше година на прошка и благодат од Господ, а јубилејна е затоа што го одбележува воплотувањето на Христос. […]

Нова година. Нови вибрации! – гала новогодишен концерт на Филхармонија


Под мотото „Нова година. Нови вибрации!, македонската филхармонија, вечерва, во 20 часот, со гала новогодишен концерт, ја заокружува 2025. Диригент е Емил Табаков (Бугарија) Програма: Франц фон Зупе: Увертира „Убавата Галатеја“  А. Понкиели; „Танц на часовите“ од операта „Џоконда“ Е. Шабрие: Увертира од операта „Ѕвездата“ П. И. Чајковски: Шпански танц од балетот „Лебедово езеро“ Ж. […]

Какво волшебно стапче се крие зад секоја петка? Учителите како темел на образованието во Македонија


Кога едно дете за првпат го пречекорува прагот на училишната врата, во рацете носи молив, а во очите – неизвесност, љубопитност и желба за учење. Не ја знае азбуката, не умее да чита, но знае дека сака да научи. Наспроти него стои учителот – со смирен глас, трпеливост и посветеност што често остануваат невидливи. Тоа […]

Холандско село ќе наплаќа влезници за туристички престој


Историското село Зансе Сханс, близу Зандам, западна Холандија, од претстојната пролет ќе почне да им наплаќа влезница на туристите. Цената на билетот ќе биде 17,50 евра. Селото минатата година го посетиле 2,6 милиони луѓе, што е огромен број за место со само 100 жители. Директорката на Музејот на Зансе Сханс, Марика Вервеј објасни зошто властите […]

Жител на Арканзас го освои џекпотот на „Пауербол“ вреден 1,8 милијарди долари


Жител на американската сојузна држава Арканзас синоќа го освои џекпотот од 1,817 милијарди долари на лотаријата „Пауербол“, со што беше ставен крај на тримесечниот период без добитник. Последен пат џекпот на „Пауербол“ бил освоен на Бадник во 2011 година, а сега станува збор за четвртиот најголем џекпот во историјата на САД, кој беше освоен по […]

Хороскопски знаци кои даваат најдобри новогодишни подароци


Давањето подароци за Нова година е чиста формалност за некои, додека други наоѓаат посебно задоволство во процесот. Најдобрите новогодишни подароци не се нужно најскапите, туку оние што покажуваат колку некој размислувал за личноста на која ѝ го подарува. Вниманието, трудот и разбирањето на желбите на другите луѓе честопати прават разлика помеѓу просечен и совршен подарок. […]

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога


Претседателот на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е приведен во Истанбул во рамки на проширена истрага за дрога во која се вклучени истакнати личности од светот на забавата и медиумите во Турција Саран, кој има турско и американско државјанство, бил приведен во средата, само неколку часа откако форензичките тестови откриле траги од наркотици во […]

ДЗС со апел за заштита од пожари за претстојните празници


Пред претстојните празници, кога традиционално се организираат предновогодишни и новогодишни прослави, забави, а и јавни собири во угостителските објекти, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до сопствениците и организаторите да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите. – Секако и за брза евакуација и […]

Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата


Според шведски епидемиолози и токсиколози од Универзитетот во Лунд, лицата со тетоважи на телото имаат зголемен ризик од добивање рак на кожата, особено меланом. Истражувањето опфатило речиси 3.000 лица со дијагностициран меланом и околу 8.500 здрави испитаници. Според резултатите, 22 отсто од лицата со меланом биле тетовирани, наспроти 20 проценти без ни една тетоважа. По […]