Ситуацијата со НИС и понатаму неизвесна, Вучиќ најави за денеска важен состанок


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска најави важен состанок за ситуацијата во Нафтената индустрија на Србија (НИС) чија рафинерија во Панчево официјално треба да биде исклучена утре доколку нема позитивен одговор од САД. Од Стејт департментот и канцеларијата на OFAC зависи дали лиценцата за работа на НИС ќе биде продолжена и дали рафинеријата ќе […]

Израел тврди дека убил 40 палестински борци во тунелите во Рафа


Израелската војска синоќа соопшти дека убила повеќе од 40 палестински борци во изминатата недела за време на операциите во тунелите во близина на Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Израелските сили во изминатите 40 дена ги концентрираа своите напори во источниот дел на Рафа, „со цел демонтирање на преостанатите подземни мрежи на тунели во […]

САД му понудиле на Мадуро можност да „оди во Русија“


САД, кои моментално распоредуваат трупи покрај брегот на Венецуела, му понудија на претседателот Николас Мадуро, можност да „оди во Русија“ или во некоја друга земја, изјави синоќа американскиот сенатор Марквејн Малин. „Му дадовме можност на Мадуро да замине. Му рековме дека може да оди во Русија или може да оди во друга земја“, изјави републиканскиот […]

Пензиите во Србија од денеска повисоки за 12,2 отсто, првите исплати пред Божик


Од денеска, пензиите во Србија се повисоки за 12,2 проценти, а пензионерите ќе ги добијат своите први зголемени приходи на почетокот на јануари, во пресрет на божиќните празници.Просечната пензија со тоа зголемување ќе изнесува околу 437 евра. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека некои најави на социјалните мрежи дека во буџетот нема пари […]

Три деца меѓу четворицата убиени во пукотница на роденденска забава во Калифорнија


Најмалку четири лица, вклучувајќи три деца, се убиени, а 11 други се повредени во масовно пукање на семеен собир во калифорнискиот град Стоктон. Жртвите биле на возраст од осум, девет, 14 и 21 година, потврдија властите, пишува Би-Би-Си. Осомничениот е сè уште на слобода и полицијата верува дека пукањето, кое се случило вчера непосредно пред […]

Мицкоски распали по Уставниот суд


Толку многу е осилен премиерот Христијан Мицкоски што си дозволува јавен, брутален, клеветнички и срамен напад врз уставните судии. Ваква ароганција од позиција на моќ и сила да се  жигосуваат уставни судии кои си ја работат својата работа за која се избрани и платени да го бранат конститутивниот закон на државата, да ја бранат мајката […]

Конфликтите ги туркаат глобалните приходи од оружје на рекордно ниво


Глобалните производители на оружје достигнаа рекордно ниво на приходи во 2024 година, поттикнати од војните и геополитичките тензии, според податоците објавени денеска од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI). Комбинираните приходи на 100-те најголеми одбранбени компании во светот од продажба на оружје и поврзани воени услуги се зголемија за 5,9% приспособени на инфлацијата […]

Со пијанистката Гамазда од Русија завршува фестивалот „Музика од светот“


 Со концерт на пијанистката Гамазда од Русија, вечер во Битола завршува 17. издание на фестивалот „Музија од светот“. Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека светски познатата пијанистка и YouTube сензација Гамазда, својот уникатен стил и виртуозна интерпретација ќе ги презентира во големата сала на битолскиот театар.  -Уметницата Гамазда изгради […]

Влатко Стефановски со нов инструментален албум Guitar sings, дел од проектот „Hitmaker“, во чест на Ѓорѓе Новковиќ


Влатко Стефановски, еден од најценетите гитарски виртуози на овие простори, стои зад сите инструментални верзии на песните од големиот проект Hitmaker – Ѓорѓе Новковиќ, кои се веќе достапни како ново дигитално издание на Croatia Records, најголемата дискографска куќа во регионот. Станува збор за целосна колекција од десет безвременски хитови во целосно инструментално руво, отсвирени во […]

Осомничениот за нападот врз припадниците на Националната гарда се радикализирал во САД


Американските власти веруваат дека авганистанскиот имигрант обвинет за нападот од заседа врз припадниците на Националната гарда во Вашингтон не бил радикализиран сè додека не дошол во САД, изјави денеска министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем. Зборувајќи во емисијата „Meet the Press“ на Ен-Би-Си и „This Week“ на Еј-Би-и, Ноем рече дека властите веруваат дека наводниот […]

Трамп потврди дека телефонски разговарал со Мадуро додека Венецуела ги обвинува САД дека ја сакаат нејзината нафта


Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди извештаите дека неодамна разговарал телефонски со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, додека тензиите меѓу двете земји растат. Прашан во авионот „Ер форс уан“ (Air Force One) за извештајот на Њујорк Тајмс од петокот, во кој се наведува дека Трамп имал телефонски разговор со Мадуро претходната недела, американскиот претседател рече: […]

Трамп оптимист за мировниот договор по средбата меѓу американската и украинската делегација


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е оптимист по разговорите меѓу претставниците на Украина и неговата администрација за начините за завршување на војната во Украина. Зборувајќи во авионот „Ер Форс Уан“, тој се осврна на Украина која има „мали проблеми“ и рече дека скандалот со корупција во земјата „не е од помош“, јави ДПА. […]

Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица


Во Националната галерија – објект Мала станица, денеска ќе биде отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Овој традиционален настан претставува неселективна презентација на творештвото на сите членови на ДЛУМ во текот на изминатата година, создавајќи автентичен портрет на актуелната визуелна уметничка сцена. Посетителите ќе имаат можност да видат дела во […]

Почнува Волонтерската програма на Собранието 2025


Во законодавниот дом денеска ќе се одржи свеченост по повод отворањето на Волонтерската програма на Собранието 2025. Поздравни обраќања на настанот е предвидено да имаат претседателот на Собранието Африм Гаши, генералната секретарка Марина Димовска, заменик-амбасадор во Британската амбасада Даниел Фајлер и Дона Костуранова, директорка на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Јавна расправа за имплементација на конвенцијата на СЕ за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство


Во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа на тема:„Имплементација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција)“. Јавната расправа е во организација на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Изложба „Рацете на традицијата“ во Музејот на македонската борба


Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Рацете на традицијата“ на авторката Елизабета Марковска. Изложбата, реализирана во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот во село Џепчиште, е посветена на традиционалните занаети и нивната трансформација од минатото кон современоста. Преку рачно изработени предмети и фотографии, посетителите ќе можат […]

Национална конференција за ХИВ во Скопје


Во организација на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА, во партнерство со здруженијата „Заедно посилни“, ЕСЕ и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари денеска во Скопје ќе се одржи Национална конференција за ХИВ. – Настанот ќе отвори прашања за клучните предизвици во одговорот на ХИВ во државава, со акцент на раното откривање, […]

Сончево, претпладне со магла во одделни котлини


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност […]