УХМР: Следува период на стабилно и суво време со пониски температури


Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, најавуваат од Управата за хидро-метеоролошки работи. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

Околу 56 отсто од Европјаните го поддржуваат проширувањето на ЕУ


Политиката за проширување на Европската Унија доби политички моментум по руската инвазија на Украина, при што новата анкета покажува дека повеќе од половина од Европејците го поддржуваат процесот. Поточно, 56% од граѓаните го одобруваат отворањето на европскиот проект кон други земји. Според анкетата на Евробарометар, земјите-членки што најмногу го поддржуваат проширувањето се Шведска (79%), Данска […]

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип – над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани


  Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица низ државата. Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот […]

Дипломат само по име?


Како што месецот се ближи кон крајот, Атина се подготвува да ја пречека новата амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Кимберли Гилфојл, која наскоро ќе се смести во импозантната амбасадорска резиденција. Сепак, нејзиното пристигнување не е дочекано со вообичаеното дипломатско исчекување, туку со бран на јавна и приватна претпазливост. Нејзиното назначување претставува значително отстапување од традицијата, […]

Скопје во сообраќаен колапс – луѓето не можат да стигнат на работа


Два дена веќе главниот град доживува сообраќаен колапс. Не дека е нешто ново ваквата состојба во Скопје, но утрово автобусите на ЈСП и приватните кои се во оптек доцнеа до еден час. Иста беше состојбата и вчера попладне. Автобусите на крајните постојки пристигнуваа со задоцнување од повеќе од 40 минути, а следниот круг им започнуваше […]

Од почеток не им беше судено: Зошто не успеа врската на Том Круз со Ана Де Армас ?


Зашеметениот Том Круз е повторно сингл откако го напушти Ана де Армас – а изворите за National Enquirer велат дека се оформува хаотична разделба бидејќи разменуваат навреди и обвинувања. Инсајдери велат дека познатиот пар, кој почна да се забавува во февруари, едвај разговараат додека одат по своите одделни патишта. 63-годишната суперѕвезда од „Невозможна мисија“ им […]

Москва: Франција во Украина планира да испрати 2.000 војници, главно од Легијата на странци


Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) тврди дека Франција планира да распореди контингент од приближно 2.000 војници во Украина. – Јадрото на формацијата ќе го сочинуваат јуришните трупи на Француската легија на странци, пред сè од латиноамериканските земји, прецизираше во извештајот руската разузнавачка агенција, пренесува РИА Новости. Според овие тврдења, трупите се веќе распоредени во подрачјата […]

Бесент го нарече Димитриев „руски пропагандист“, Кремљ се повлече од договорот за плутониум


Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, го нарече претставникот на Кремљ, Кирил Дмитриев, „руски пропагандист“ откако вториот тврдеше дека санкциите на САД нема да влијаат врз економијата на Русија. Како што пренесува Киев Индипендент, изјавата доаѓа откако администрацијата на Трамп, за прв пат, воведе нови санкции против Русија насочени кон нејзините водечки нафтени компании. […]

Словенечката писателка Симона Хамер на книжевна резиденција во Скопје


Издавачката куќа „Готен“ соопшти дека словенечката писателка, драматург и драмска авторка Симона Хамер била последна гостинка што престојува во Скопје на циклусот книжевни резиденции за 2025 година што „Готен“ ги организира со поддршка од европската мрежа за преводи и книги „Традуки“.  -Нејзиниот прв роман, „Цимери“,  беше објавен во август 2025 година од „Цанкарјева заложба“. Така, […]

Новороденче почина во болница: „Никој од персоналот немало таму да го сврти или потапка бебето“


Вишото државно обвинителство во Подгорица ги истражува околностите за смртта на новороденчето кое почина во саботата навечер во болница во Никшиќ поради задушување со млеко. Обдукцијата е завршена, а причината за смртта е доставена до семејството на починатото бебе, како и до Вишото државно обвинителство, кое побара обдукција, изјави д-р Немања Радојевиќ за Vijesti.me. Според […]

ВРЕДИ во пропагандна војна со Левица


Откако го исцрпи српското сценарио, ВРЕДИ почна политичка пресметкка со ДУИ и нивната коалиција НАИ тврдејќи дека политички се координираат со Левица, иако деновиве токму тие беа мета поради соработката со ДУИ околу изборот на албански кандидат во Кичево, место да го подржат ВМРО-ДПМНЕ.   „Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата […]

Подмолниот начин на кој психопатите ги контролираат своите партнери


Иако прегратките можат да дејствуваат како израз на наклонетост, психопатите ги користат како начин да ги контролираат своите партнери, покажа нова студија. Резултатите од истражувањето беа објавени на платформата Current Psychology. Ричард Матсон, еден од авторите и професор по психологија на Универзитетот Бингамтон во Њујорк, изјави дека не сите форми на допирање се добронамерни. На […]

Принцот Ендру „се согласува да го напушти Royal Lodge“ – но бара за возврат дом за него и за Сара Фергусон 


Лондон – Осрамениот британски кралски принц Ендру и неговата поранешна сопруга, Сара Фергусон, наводно се согласиле да го напуштат својот долгогодишен дом, Royal Lodge, по месеци кавгите со кралот Чарлс – но се вели дека бараат да им се дадат два дома за возврат за иселување. Ендру, 65, и неговата поранешна сопруга ги поминале изминатите […]

Воените касарни во Велика Британија ќе се користат за сместување на баратели на азил


Британското Министерство за внатрешни работи потврди дека стотици баратели на азил ќе бидат привремено преместени во воени касарни, додека владата се обидува да го намали користењето на хотелите за азил, објави Скај њуз. Околу 900 мажи ќе бидат сместени во касарната Камерон во Инвернес и во кампот за обука Кроуборо во Источен Сасекс. Владата очекува […]

Белчева се жали на окупираните тротоари во Центар од активните градилишта: „Важно се гради, луѓето можат и по коловоз”


Јана Белчева од Шанса за Центар синоќа во објава на Фејсук се пожали за состојбата со тротоарите од активните градилишта и безбедноста на луѓето што се движат, особено за децата. Во прилог на својата објава, таа сподели и повеќе фотографии од активни градилишта низ општина Центар каде се гледа дека во делот пред објектот во изградба, […]

Убиецот на поранешниот јапонски премиер го призна делото на првиот ден од судењето


Тецуја Јамамаги (45), кој е обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, денеска се изјасни за виновен на првиот ден од судењето. Јамагами пред судот во Токио изјави дека „сè е вистина“, со што ги потврди обвинувањата за атентатот што ја шокираше Јапонија и светот во 2022 година, пишува Би-Би-Си. Јамагами, кој се […]

Христоски: Да го продолжиме развојот, нов капитален проект за секое населено место во Крушево


Да го продолжиме развојот, да ја зајакнеме општината и да обезбедиме подобар живот за секој жител на Крушево, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Томе Христоски, на средбата со жителите во селото Јакреново, информира денеска СДСМ во соопштение . Тој посочи дека во изминатите години, како во градот, така и во сите населени места, се […]

Почна Меѓународниот форум за енергија – учесници од 70 држави, владини претставници, меѓународни организации, банкари


Кога нема енергија нема прогрес, нема ниту иднина, со оваа аудио-визуелна порака во Македонската филхармонија почна 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14). На форумот насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ што го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Канцеларијата на Програмата […]

Крајот на октомври носи среќа за 4 знаци, проверете дали сте меѓу нив


Според астрологот Матилда Жуанг, последните денови од октомври носат силни и позитивни промени за четири хороскопски знаци. Бидејќи Меркур, планетата на комуникацијата, ги здружува силите со Марс, планетата на енергијата и акцијата, овие знаци ќе почувствуваат силен бран на нова мотивација, самодоверба и желба за успех. Жуанг нагласува дека се соочуваме со период што го […]

Кардиолозите објаснуваат како секојдневното пешачење влијае на крвниот притисок


Дали некогаш сте го почувствувале зуењето на вашиот паметен часовник како ве потсетува дека сè уште не сте ја достигнале вашата дневна цел за чекори? Од фитнес апликации до паметни уреди, целта од 10.000 чекори стана популарна референтна точка за здрав живот. Но, што навистина прави секојдневното одење за вашиот крвен притисок и дали тој […]