Општина Ресен објави повик до фирмите за навремено подмирување на даночните обврски


Општина Ресен апелира до сите граѓани и правни лица (даночни и таксени обврзници) да ги подмират своите обврски по основ данок на имот и комунална такса и со тоа да придонесат за развојот на општината. Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку […]

Келси Грамер (70) доби осмо дете


Познатиот  актер Келси Грамер (70) стана татко по осми пат. Неговата четврта сопруга, 46-годишната Кејт Волш, роди син кого го крстија Кристофер, а самиот актер ја потврди среќната вест во подкастот „Pod Meets World“. „Тукушто го добивме нашето четврто дете, па сега се осум деца! Беше пред околу три дена. Кристофер штотуку се придружи на […]

Новиот трилер на Кетрин Бигелоу на удар на Пентагон, еве зошто


Министерството за одбрана на САД влезе во јавен конфликт со Нетфликс околу точноста на нивниот нов апокалиптичен трилер „Куќа на динамит“. Претставници на Пентагон тврдат дека клучен дел од заплетот на филмот на режисерката Кетрин Бигелоу создава „лажни претпоставки“ за сигурноста на американскиот антиракетен штит, пишува Deadline. Спорна точност Во меморандум објавен на 16 октомври, […]

Диди ќе биде ослободен од затвор во мај 2028 година


Осудениот музички могул Шон Диди Комбс се очекува да помине околу три години во затвор, а неговиот очекуван датум на ослободување сега е одреден за 8 мај 2028 година. Овие информации се достапни на веб-страницата на Федералното биро за затвори. Детали за казната 55-годишникот беше осуден на 50 месеци затвор и казнет со 430.000 евра […]

Авганистан и Пакистан ги завршија мировните преговори без решение


Разговорите меѓу Авганистан и Пакистан за посредување во долгорочен прекин на огнот во Истанбул завршија без договор, соопштија денеска два извори запознаени со ситуацијата. Двете страни претходно се согласија за прекин на огнот постигнат во Доха на 19 октомври, но не успеаја да постигнат заедничка основа во втората рунда разговори посредувани од Турција и Катар, […]

Герасимовски: Не им помага црната кампања, ќе победиме со двојно поголема разлика


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагираше на засилената негативна кампања во вториот изборен круг, оценувајќи дека таа е резултат на јасниот сигнал што граѓаните го испратија уште во првиот круг. „Ги гледаат анкетите, ги видоа резултатите од првиот круг и се обидуваат на секој можен начин – преку црни кампањи, омаловажување, притисоци и ширење […]

Апасиев: Мицкоски за тендери де факто ја федерализираше Македонија


Мицкоски де факто ја федерализираше Македонија со тоа што не кандидираше кандидати за градоначалници во Западна Македонија, вели  во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс лидерот на Левица, Димитар Апасиев. – Апсолутно го поддржавме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Струга, тоа е наша македонска платформа која ја предложивме и во Собранието. За возврат тие ја нападнаа […]

Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи потпишаа рамковен договор за обезбедување резерви на ретки минерали, објави денеска Белата куќа. Спогодбата беше потпишана за време на посетата на Трамп на Јапонија, дел од неговата турнеја низ Азија, насочена кон зајакнување на синџирите на снабдување со материјали критични за обновливата енергија, електрониката и […]

Промоција на книгата „Поетики на современата европска драма и театар“


Во Францускиот институт во Скопје вечер во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Поетики на современата европска драма и театар“ од Деспина Ангеловска, театролог и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Книгата, објавена од издавачката куќа „Темплум“, ќе ја промовираат Бесфорт Идризи, декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Лада […]

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција


Анкара – Повеќе од 100 последователни потреси беа почувствувани по земјотресот со јачина од 6,1 степен што го погоди регионот Баликешир во Турција синоќа, од кој најсилниот беше со јачина од 4,4 степени. Во земјотресот беа повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави […]

Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар


Бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, ќе се врши денеска од 10 до 12 часот на Универзитетската клиниката за неврологија, во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар.  Целта на настанот е подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено […]

„Еурактив“: Србија го тестира демократскиот кредибилитет на ЕУ


Брисел – Во услови кога во Србија продолжуваат продемократските протести предводени од студентите, а довербата во Брисел еродира, ЕУ се наоѓа заглавена помеѓу демократските принципи и нејзината зелена индустриска стратегија, оценува бриселскиот портал „Еурактив“ во својот осврт на состојбите во Србија.  – Актуелните антивладини протести и контроверзиите околу отворањето на рудникот за литиум поврзан со ЕУ […]

Филхармонија гостува на престижната сцена на „Музикферајн“ во Виена


Оркестарот на Македонската филхармонија во вторник (28 октомври) ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена – дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот. Настапот на Македонската филхармонија на сцената на „Музикферајн“ во Виена претставува заокружување на […]

Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров


 Од 8 до 14.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на обејктот на „Меркур Македонија“ во општина Гази Баба. Како што соопшти РЦУК-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9 до 14.30 часот денеска струја ќе немаат и корисниците на дел од улицата „Радушка“ во општина Ѓорче Петров.

Прв лет Скопје – Мадрид


Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот лет  ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија  Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ […]

Во Албанија забрзано се шири австралискиот грип,12 илјади случаи неделно


Тирана – Албанија се соочува со значително зголемување на респираторните инфекции, додека австралискиот грип почна да ги загрижува здравствените власти.  Според Институтот за јавно здравје, досега се пријавуваат околу 12 илјади случаи неделно. -Пациентите кои се јавуваат во здравствените центри се со симптоми, како што се висока температура, кашлица, бронхитис и често отитис -воспаление на средното […]

Словенците и Словаците најсклони кон конспиративни мислења во Централна Европа


Виена– Истражување на Универзитетот во Салцбург и Универзитетот во Лозана открива директна врска меѓу склоноста кон верување во теории на заговор и политичката состојба во европските држави, јави австриската агенција АПА. Според студијата, луѓето кои живеат во земји со повисока корупција или послаба демократска традиција се понаклонети да прифаќаат вакви објаснувања – во Австрија тоа […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 28 октомври 2025 година, 301-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 64  дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 33 минути. Денов трае 10 часа и 31 минутa. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди западниот дел на Турција


Анкара – Земјотрес со јачина од 6,1 степен вечерва го погоди округот Синдирги во западната турска провинција Баликесир, соопшти Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД). Според АФАД, земјотресот се случил во 22:48 часот по локално време (19:48 по Гринич), на длабочина од 5,99 километри. Бил почувствуван и во околните провинции, меѓу кои […]