Бугарија привремено го ограничува извозот на нафтени деривати


Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании. Авторите на предлогот ја наведоа „потребата да се гарантира енергетската безбедност на земјата и стабилноста на домашниот […]

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“


Кина денеска го лансираше вселенското летало „Шенџоу-21“, кое треба да ги транспортира тројцата астронаути до кинеската вселенска станица „Тјангонг“. Леталото полета од Центарот за лансирање сателити Џијучен, северозападна Кина. Тоа е седма мисија на кинеската вселенска станица, откако е отворена во 2022 година. Со „Тјангонг“ управува Кинеската агенција за летови со човечки екипаж.

Ден пред собирот Вучиќ им се извини на студентите за работите што ги кажа за нив


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во обраќање до јавноста изјави дека му е жал за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите, и уште еднаш ги повика граѓаните на дијалог по 1 ноември. За утре е закажан голем комеморативен собир на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад и таму […]

Вечерта спроти Задушница Мицкоски отиде во Кочани да разговара со бизнисмени


  Вечерта пред изборниот молк и токму спроти Задушница премиерот Христијан Мицкоски заедно со уште двајца министри отиде во Кочани за да му даде поддршка на нивниот кандидат Влатко Грозданов. Тој, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и вицепремиерот Љупчо Димовски, се сретнале со претставници од бизнис секторот во градот. Веста заедно со видео инсерти ја […]

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп


Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа за испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, откако процени дека испораката нема негативно да влијае врз американските резерви. Сега конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, изјавија за Си-ен-ен тројца неименувани американски и европски функционери. Трамп за време на последната средба со украинскиот претседател […]

Сатја Грабулоски дизајнираше специјална јакна за Дуа Липа


Светската музичка ѕвезда, Дуа Липа, доби јакна насликана во студиото SWithaDot на нашиот уметник Сатја Грабулоски. Јакната ѝ беше врачена на Sunny Hill Festival во Приштина, каде што таа пееше, а ѝ ја даде нејзиниот татко, Дуги Липа, долгогодишен пријател и соработник на Грабулоски. За јакната, Сатја вели: „Дизајнот е инспириран од омотот на нејзиниот […]

„Жито Лукс“ со стабилни финансиски резултати во првите девет месеци од годинава


   Во периодот од 1 јануари до 30 септември 2025 година Жито Лукс оствари раст од 4% во обемот на продажба, како резултат на континуирано зголемената побарувачка за производите од своето бренд портфолио. Добивката пред оданочување изнесува 23 милиони денари, што претставува благо намалување во однос на истиот период лани, поради пораст на трошоците  за основни […]

OKTA: Финансиски резултати за третиот квартал и првите девет месеци од 2025


ОКТА ги објави финансиските резултати за деветте месеци од 2025 година, со ЕБИТДА од 513 милиони денари и добивка пред оданочување од 490 милиони денари. Иако засилената конкуренција влијаеше на извозната продажба, остварувањата беа поткрепени од намалениот негативен ефект од вреднувањето на залихите, зголемената продажба на електрична енергија и намалените оперативни трошоци. Приходите од продажба […]

Мециновиќ: Ќе поднесеме тужби за сите измислици и шпекулации!


Kандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес – конференција рече дека институциите се впрегнати во извојувањето победа на Орце Ѓорѓиевски , изнесувајќи како илустрациоја факто дека среде избори му бил објавенјавно матичниот број  што е злоупотреба, а никој не реагирал.  ,,Која институција се обиде да превенира таква ситуација? Која […]

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море


Полска соопшти дека нејзини авиони денеска пресретнале руски разузнавачки авион над Балтичкото Море.Ова е трет сличен инцидент оваа седмица. Авионот не го нарушил полскиот воздушен простор, прецизираше Оперативната команда на полските вооружени сили, но, како и во претходните инциденти, тој не поднел план за летање и неговите транспондери биле исклучени. „Ова е веќе трета слична […]

Украина уништила лансер за тајната руска ракета „Орешник“


  Шефот на украинската безбедносна служба (СБУ), Васил Маљук, потврди дека украинските разузнавачи уништиле еден од најтајните руски ракетни фрлачи „Орешник“, длабоко на руска територија во летото 2023. Во заедничка операција на неколку украински служби, бил погоден систем за лансирање со три балистички ракети „Орешник“, подготвени да бидат испукани од рускиот полигон Капустин Јар во […]

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување


Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) објави денеска дека суспендирала 149 судии за период од осум до 12 месеци поради обложување на натпревари, додека против уште тројца се во тек дисциплински постапки. Со истрагата на ТФФ е откриено дека од 571 судии лиценцирани за судење натпревари во професионалните фудбалски лиги во Турција, 371 […]

ЕУ и земјите од Западниот Балкан ја зајакнуваат соработката во секторите правда и внатрешни работи


Зајакнувањето на соработката во онлајн безбедноста и справувањето со илегалната миграција, усогласувањето на визната политика, контролата на границите, почитувањето на принципите на владеењето на правото, демократија и основните права и на независноста на судството, како и борбата против организираниот криминал и корупцијата, беа главни теми на дводневниот Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни […]

Минималната плата во Косово ќе достигне 500 евра во 2026 година


Привремената влада на Косово го усвои предлогот на Министерството за финансии за зголемување на минималната месечна плата на 500 евра, објави весникот „Газета Експрес“. Според донесеното решение, сегашната минимална плата од 350 евра ќе се зголемува во две фази – од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од 1 јули истата година […]

Грчката пошта затвора над 200 филијали низ цела Грција


Прекин на работата од понеделник на 204 филијали низ цела Грција, „кои имаат минимална трговска активност, со што се заокружува планот за рационализација на мрежата“, соопштија од грчките пошти (ЕЛТА), а затворањето на филијалите предизвика реакции во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕЛТА објаснија дека оваа мерка има за цел да обезбеди […]

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Кривичниот суд, но и целиот судски систем во моментов се наоѓа пред еден навистина голем предизвик, односно судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кое е од исклучителна сложеност и општествена важност, порача в.д. претседателката на Основниот Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, во своето обраќање на Годишното собрание на Здружението на судии на […]

31 октомври во историјата – Телото на Сталин e отстрането од гробницата на Ленин


  Пет години откако советскиот лидер Никита Хрушчов го осуди сталинизмот и „култот на личноста“ на советските владетели на 20. Конгрес на партијата, балсамираното тело на Јосиф Сталин е отстрането од гробницата на Ленин на Црвениот плоштад во Москва. Кога Владимир Ленин почина во 1924 година, водачот на руската болшевичка револуција беше балсамиран и поставен […]

Почина поранешниот премиер на Албанија, Фатос Нано


Поранешниот албански премиер Фатос Нано почина на 73-годишна возраст по неколку неделно лекување во приватна болница во Тирана, каде што беше хоспитализиран во тешка состојба по срцев удар. Веста ја објави „Euronews Albania“, наведувајќи дека Нано бил во тешка состојба со недели пред да им подлегне на компликациите. Нано е една од клучните политички фигури […]

Десетици илјади студенти и граѓани маршираат кон Нови Сад


  Сите патишта во Србија водат кон Нови Сад. За утре таму е закажана комеморација за 16-те жртви точно од годишнината од падот на настрешницата на Железничката станица. Десетици илјади студенти и граѓани пешки (а некои и на велосипеди) се на патиштата кон Нови Сад. Некои ножеска преспија во Инѓија, некои на други места. Граѓаните […]

Наставничка од Кавадарци фотографила приватни разговори на колешка и ја кодошела кај директорката


Кривични пријави против две вработени во училиште во Кавадарци биле поднесени од страна на полицијата,  под сомнеж за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, потврдија попладнево за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес.  Оттаму информираа дека денеска ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднел кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради […]