Унгарски и германски туристи загинаа во падот на авионот во Кенија


Помал авион што превезувал странски туристи од Унгарија и Германија се урна денес во Кенија, при што загинаа сите 11 лица во авионот. „Момбаса Ер Сафари“ соопшти дека авионот превезувал 10 патници: осум Унгарци и двајца Германци. Пилотот бил Кениец. „За жал, нема преживеани“, се вели во соопштението на авиокомпанијата. Телата на членовите на екипажот […]

Секој нововработен јавен службеник ќе помине обука и ќе полага стручен испит


Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници е суштинска реформа која ја премостува децениската празнина меѓу стремежот кон европска администрација и реалноста што се гради денес, порача денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев на јавната дискусија „Инвестиција во знаење – пат кон поефикасна администрација“. -Со овој закон поставуваме темели на систем кој […]

Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари – не се поштедени ни децата


Околу 5.000 нови случаи со мозочен удар годишно има во државава и спаѓаме во земји со средна инциденца и преваленца, а тоа значи дека има 200 до 300 мозочни удари на 100.000 жители, а преваленцата изнесува 500 до 600 на 100.000 жители. Ниту една возраст не е поштедена од мозочен удар, значи може да се […]

Рубенс Корубин и Јове Магдески добитници на третоноемвриските награди на Прилеп за животно дело


Уметникот Рубенс Корубин и фудбалерот Јове Магдески се годинашни добитници на Наградата за животно дело што ја доделува Прилеп по повод празникот на градот, 3 Ноември – денот на конечното ослободување. Корубин е основоположник на нео-романтизмот во светски рамки, а Магдески има особен придонес за фудбалот во Прилеп. На Магдески, наградата за животно дело му […]

Се бара притвор за директорот и раководителот на „Комунална хигиена“


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради сомненија за сторено кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле […]

Белградската претстава „Повеќе од игра“ на фестивалот РУТА во Драмски – трае четири часа


Во рамки на фестивалот РУТА (Регионална унија на театри), вечер на сцената на Драмски театар-Скопје ќе гостува Београдско драмско позориште со претставата „Повеќе од игра” во режија на Иван Вуковиќ, која е адаптација на текстот на Слободан Стојановиќ за истоимената култна ТВ-серија од крајот на 1970-тите години.  „Повеќе од игра“ носи благородна  идеја за заедништво […]

Светски форум IFESD-14 во Скопје: Решенијата за одржлива енергија не се избор, туку неопходност


Во присуство на повеќе од 500 претставници од целиот свет, во Скопје беше отворен 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), под наслов „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации – […]

Како дo рамен стомак без стомачни: Јапонска вежба со крпа за бања стана хит


Исцрпувачките тренинзи и рестриктивните диети се минато. Имено, според јапонскиот метод на д-р Токуши Фукуцуџи, за подобро држење на телото, потенок струк и чувство на леснотија, потребни ви се само пет минути на ден и еден обичен пешкир. Што точно е „’towel exercise’“? Вежбата со пешкир е нов фитнес тренд кој брзо стана вирален, особено […]

Белгиското ЈО започна истрага за тендерот за изградба на нова метро линија во Брисел


 Јавното обвинителство на Брисел денеска соопшти дека започнало истрага со цел да утврди дали се извршени кривични дела при реализацијата на јавниот тендер за изградба на новата линија број 3 на бриселското метро.  Обвинителство информира дека решило да ја започне истрага за случајот врз основа на Извештајот на белгискиот Ревизорски суд, во кој се тврди […]

УЈП ја проширува базата на знаење


Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека на веб-страницата на институцијата е објавен нов дел со проширена база на знаење – прашања и одговори поврзани со даночните обврски. Целта на оваа алатка е да овозможи едноставен и брз пристап до точни информации за примената на даночните прописи, лесно достапни до секој обврзник […]

Во Охрид отворена 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура оргaнизирана од Народната банка


Забрзаните технолошки циклуси и појавата на нови деловни модели го менуваат пејзажот на плаќањата и пазарната инфраструктура. Очекувањата за поголема брзина во процесите на плаќање, поголема отпорност, поголема транспарентност, вклученост и безбедност на процесите се предизвиците за кои ќе се разговара во рамки на 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура што во организација на […]

Сточарите си ги бараат субвенциите за предадено млеко за 2025 година


  БИТОЛА – Сточарите си ги бараат субвенциите за предадено млеко за 2025, дел од нив добија пари за млекото за трите месеци од 2025, дел за два месеци, а најголем дел не добија ни денар, вели Тони Петковски-Паша, сточар од селото Велушина претставник на здружението на сточари „Пелагониско поле“. Во истовреме, одгледувачите на овци […]

Како африканска свадба од 15 милиони долари спои кралски семејства, славни личности и пари на милијардери


Лагос – Теми Отедола, ќерката на нигерискиот нафтен тајкун и милијардер Феми Отедола, се венча со ѕвездата на Afrobeat, г-дин Еази, во свадба што го редефинираше раскошот и го преобликуваше начинот на кој се прикажува модерното африканско богатство. Прославата не беше ограничена на еден викенд или дури и на една земја. Тоа беше глобален настан […]

Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на универзитетот на Мерко?


Иако Левица неколку месеци алармира за сериозни незаконитости на струшкиот универзитет (поврзуван со Рамиз Мерко), и премиерот Христијан Мицкоски и надлежните институции продолжуваат да молчат, реагираат денес од оваа партија прашувајќи дали тоа е резултат на неформалбо партнерство на ВМРО-ДПМНЕ со обвинетиот струшки градоначалник.   -Левица објави дека на овој контроверзен универзитет е отворена приватна […]

Заедно со извештаите за прогрес ЕУ ќе објави и извештај како да се проширува


  Следната недела Европската комисија ќе го претстави пакетот за проширување за 2025 година, годишна студија за проценка на напредокот постигнат од кандидатите за ЕУ. Оваа година, пакетот ќе го вклучува „прегледот на политиката пред проширување“ за промените што треба да ги усвојат сегашните членки на ЕУ за да ги прилагодат новодојденците, изјавија извори во […]

„Магичниот македонски триаголник“ – омаж на Прличев, Миладинов и Чинго во Софија


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа едно историски значајно и научно предавање, односно Првото македонистичко предавање насловено „Магичниот македонски триаголник“. Настанот беше посветен на тројцата великани на македонската книжевност – Григор Прличев, Константин Миладинов и Живко Чинго, по повод 195 години од раѓањето на Прличев и Миладинов и 90 години од раѓањето на […]

Во Кенија се урна мал авион, се стравува дека загинале 12 лица (видео)


Мал авион се урна рано утрово во крајбрежниот регион Квале во Кенија, додека летал кон Националниот резерват Масаи Мара. Се стравува дека сите 12 лица во авионот загинале во несреќата, соопштија официјални лица. NOW: Kwale aircrash claims 12 lives. Plane plunged shortly after takeoff and burst to flames. pic.twitter.com/iLuKuOtVsc — PoliticKing (@GiversonMaina) October 28, 2025 […]

Чесите собраа половина милион евра за украински „подарок за Путин“ – крстосувачка ракета


„Подароци за Путин“, ова е името на чешката иницијатива за собирање средства која собира пари за да ѝ помогне на Украина во нејзината борба против руската инвазија. За 48 часа собраа повеќе од 500.000 евра, доволно пари за крстосувачка ракета. Организацијата започна неколку кампањи, вклучувајќи иницијативи за собирање средства за купување муниција и беспилотни летала, […]

Првата дама се дистанцира од проектот на Трамп за балска сала? 


Вашингтон – Иако се вели дека раните реновирања на Белата куќа од страна на претседателот Доналд Трамп – како поплочувањето на Градината со ружи – биле направени во соработка со неговата сопруга, Меланија Трамп, се чини дека неговото континуирано уривање на Источното крило за изградба на огромна балска сала можеби нема да ја има истата […]

„Амазон“ ќе отпушти 14.000 административни работни места


Американскиот онлајн малопродажен гигант „Амазон“ денеска соопшти дека планира да отпушти околу 14.000 административни работни места. Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл се стреми да ја намали својата работна сила по масовното вработување за време на пандемијата. „Волстрит џурнал“ објави дека компанијата би можела да отпушти до 30.000 работни места во неколку бранови. „Амазон“ соопшти […]