Светските берзи паѓаат четврта недела по ред


Цените на акциите паднаа на светските берзи минатата недела бидејќи инвеститорите стравуваа дека тарифната војна меѓу Вашингтон и неговите најголеми трговски партнери ќе предизвика забрзување на инфлацијата и забавување на економскиот раст. На Волстрит, Dow Jones минатата недела потона за 3,1 отсто, на 41.488 поени, додека S&P 500 падна за 2,3 отсто, на 5.638 поени, […]

„Одеднаш слушам звук. Наредните 30 минути имав вртоглавица“: Новинарката на „Велт“ го опиша моментот на „нападот“ на протестот во Белград


  Ден по најголемиот студентски и граѓански собир во Белград, на кој присуствуваа стотици илјади луѓе, продолжуваат да се појавуваат извештаи за големaта вознемиреност во центарот на градот, по она што граѓаните (и експертите) го опишаа како звучен топ. Татјана Ом, новинарка на германски „Велт“ која вчера беше во Белград, на мрежата Икс проговори за […]

САД: Демократите на најниско ниво во анкетите


  Демократската партија во САД достигна ново најниско ниво по поразот на изборите во ноември. Во последната анкета нарачана од Си-Ен-Ен, нивниот рејтинг е намален на 29 проценти. Ова е најниската бројка откако Си-Ен-Ен започна со анкети во 1992 година, објави каналот. Демократите во моментов се мачат со тоа како да се борат против Трамп […]

Бугарија ќе обезбеди транспорт и сместување за семејствата на повредените


Бугарската амбасада во Скопје информира дека Бугарија е подготвена да обезбеди транспорт и сместување за најблиските членови на семејствата на повредените во трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во болниците во Софија, Пловдив и Варна. Од Амбасадата ги повикуваат семејствата на пациентите да се обратат за дополнителни информации и организација на следните телефонски броеви: 📞 […]

Лекари од Србија пристигнуваат со воен авион во Македонија


Авион на Војската на Србија со четворица лекари и четири медицински техничари полетал кон Македонија за да преземе повредени од несреќата во Кочани, објави Блиц. Според планот, со овој авион треба да бидат преземени 12 пациенти кои ќе бидат префрлени во Воено-медицинската академија (ВМА) и во Клиничкиот центар на Србија. Двајца пациенти со воени санитетски […]

Меџити на комеморација за жртвите на „Скендербег“


Првиот вицепремиер, Изет Меџити, присуствуваше на комеморацијата организирана на плоштадот Скендербег, каде што беше положено цвеќе во чест на жртвите од тешката трагедија во Кочани. „Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани. Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, […]

Перуански рибар спасен по три месеци изгубен на отворено море


  Перуански рибар е пронајден жив откако пловел во морето 94 дена, изјави во саботата официјален претставник на морнарицата, додека тој беше отпуштен од болница по неговото тешко искушение. Максимо Напа (61) беше спасен во својот мал рибарски брод во вторникот, откако беше забележан од еквадорски брод во близина на брегот на Чимботе во северниот […]

Родителите ќе дозволат обдукција на телата на нивните деца


Се смири тензијата во Кочани откако се договорија родителите и обвинителите. Родителите ќе дозволат да се изврши обдукција врз телата на нивните деца. Обвинителката им објаснуваше на револтираните родители дека тоа е законска процедура и мора да има обдукција. По идентификацијата и обдукцијата, телата ќе бидат предадени на семејствата.

На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во Кочани


На Кулата Белград во српскиот главен град вечерва им е оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград. На зградата е испишана пораката „Србија стои со Македонија“. На фасадата електронски се менува знамето со црна позадина, по што се појавува фотографија од запалена свеќа. Кулата Белград е облакодер од […]

Фрчкоски: Монструозна операција на властите за контрола на штетата


  Поранешниот министер и амбасадор, Љубомир Фрчкоски, вели дека денеска е во тек „монструозната операција која се води сега за ‘контрола на штетата’ од ДПМНЕ и нивниот министер за внатрешни“ по трагедијата во дискотеката во Кочани. „Завлегувајки во некои апсења, потерници, во дебати кој ја издал и до кога важела лиценцата за клубот, во ароганција […]

Студентите организираат собир на платото пред УКИМ за настраданите во Кочани


Со оглед на големата трагедија која настана изутринава во дискотеката во Кочани, студентите на УКИМ Ве покануваат да го проследите организираниот заеднички час во форма на искажување почит кон  жртвите кои настрадаа при немилиот настан, се вели во соопштението на Универзитетското студентско собрание.   – Утре (17.03.2025) со почеток од 12 ч. на Платото на […]

Овие луѓе нудат сместување за блиските на настраданите


По трагичната несреќа во која загинаа 59 луѓе во дискотека во Кочани, каде изби пожар, а 155 беа повредени, повеќе луѓе, хотели и други институции нудат сместување за најблиските на повредените.  Сместување нудат најмногу за Скопје, но има и за Бугарија, Грција и другите змји што примија пациенти од Македонија. Доколку имате потреба од сместување […]

(Во живо) Коцевски за резултатите од истрагата, имало хорор со изигрување на законите


  Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва ги објави резултатите од досегашната истрага, соопштувајќи дека објектот немал ништо што предвидува законот – немал хидранти, немал резервна врата за евакуација (односно имал, но заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна), незаконски се изведувала пиротехника, имале дозвола за лесна индустрија издадена уште пред петнаесетина години а […]

Крешник Бектеши повикан на распит во полициска станица


Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан во полициска станица Карпош на распит, поради фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани во која животот го загубија најмалку 59 лица. Се бара дали министерот Бектеши бил инволвиран во издавањето на лиценцата. Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека се приведени поранешниот државен секретар на […]

Штипјани се простуваат од загинатите во несреќата во Кочани


На градскиот плоштад во Штип вечерва се собираат граѓани кои палат свеќи за загинатите во трагичната несреќа во Кочани, јави дописникот на МИА од овој град. Во пожарот во Кочани загинаа петмина граѓани на Штип меѓу кои три деца и двајца возрасни. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски.

Седум пациенти чекаат трансфер во странство од „Жан Митрев“


Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека кај нив се згижени седум пациенти повредеи вои трагедијата во Кочани, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. – Во овие критични моменти, Клиниката „Жан Митрев“ е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Нашиот медицински тим вложува максимални напори […]

Грчката полиција го „чисти“ патот од други возила за амбулантните со пациенти од Македонија


Грчката полиција го ослободува патот од други возила, за да може амбулантни возила да стигнат што е можно побргу до нивните клинички центри каде се пренесуваат дел од повредените пациенти во трагедијата во дискотеката во Кочани. „Трите медицински транспортни возила на „Аџибадем Систина“ кои напладне вршеа меѓународен транспорт на поврдените пациенти од КАРИЛ до здравствена […]

Инвеститорите дефинитивно се свртеа кон златото


Во период на значително зголемена неизвесност и турбуленции на берзите, инвеститорите продолжуваат да бараат безбедно засолниште во златото. Во петокот беше пробиен нов магичен праг, бидејќи унца од 31,1 грама злато за прв пат чинеше повеќе од 3.000 долари. Златото порасна за 14% оваа година (и во моментов е доста зрело за надолна корекција), а […]

Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани во странство, на помош пристигнуваат специјалисти по изгореници


Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари.  Утре на помош во државата пристигнуваат специјалисти по изгореници од Израел, Белград и Прага кои ќе им помогнат на здравствените работници во државава.  Како што изјави Таравари, според информациите со кои располага, четири до […]