ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани


 Eвропската Унија доби барање од Северна Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија.  Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за во текот на утрешниот ден. Претходно, Европската комисија информира дека ЕУ е подготвена да и помогне на земјава преку […]

Мицкоски не дава оставка, сака прво да го порази корумпираниот систем


  „Ми се кине срцето и немам сила да зборувам денес. Скршен сум и мојот дух е срозен“ – со овие зборови премиерот Христијан Мицкоски ја отвори прес-конференцијата во врска со несреќата во дискотеката во Кочани. Во театрален тон тој рече дека несреќата е резултат на систем кој се градел со децении, во време на […]

СДСМ ја нарече стравична леснотијата со која Тошковски ја отфрли одговорноста од себе (Во живо)


  СДСМ ја нарече „стравична“ леснотијата со која министерот Панче Тошковски ја отфрли одговорноста од себе околу несреќата во Кочани. „Се случи огромна трагедија во која што животот го загубија речиси 60 лица, пред се млади луѓе. Болката од оваа трагедија е огромна и неизлечива. Изразуваме искрено и длабоко сочуство на семејествата и нивните блиски […]

Сиљановска-Давкова: Никогаш повеќе да не дозволиме со манипулации да се загрозуват невини животи


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека не треба никогаш повеќе да дозволиме поради манипулација, корупција и занемарување на стандарди да страдаат невини жртви. Во попладневното обраќање по трагедијата во кочанксата дискотека, каде животот го загубија 59 млади луѓе, а 155 беа повредени, Сиљановска-Давкова рече дека најтешко повредените се транспортираат на специјализираните болници во Бугарија, Србија, Грција […]

Австралија до Трамп: Ако воведете царини за говедско месо, Мекдоналдс ќе ви ги зголеми цените


Трговската војна на Доналд Трамп може да ја зголеми цената на американските хамбургери, предупреди австралискиот министер за трговија, поради шпекулациите дека царините би можеле да се прошират на говедско месо и други земјоделски производи. Австралискиот министер за трговија Дон Фарел рече дека поголемиот дел од австралиското говедско месо што се извезува во САД завршува во […]

Хрватска Горица се прости од Лазаров, нивен поранешен фудбалер кој почина по пожарот во Кочани


Хрватските медиуми пренесуваат дека фудбалскиот клуб Горица се прости преку социјалните мрежи од Андреј Лазаров (25), поранешен фудбалер на Горица и Рудеш кој почина во болница откако беше повреден во пожар на концертот на ДНК во кочанската дискотека Пулс.  Претходно денеска неговиот клуб Шкупи на социјалните мрежи објави дека е надвор од животна опасност, а […]

Алкараз поразен во полуфиналето на Индијан Велс


Индијан Велс – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е разочаран по поразот од Британецот Џек Дрејпер во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс (САД). Натпреварот заврши со резултат 6:1, 0:6, 6:4 во корист на 14. светски рекет. – Се разбира, сакав да победам трет натпревар по ред. Не сум толку многу разочаран што не го направив тоа, […]

Клековски: Конзилиум проценува дали повредени во пожарот во Кочани треба да бидат транспортирани во странство


 Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на други место. За сите да бидат згрижени на највисоко можно ниво. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој […]

Ивон Величковски: Македонија е земја на некролози испишани од алчност


Од денес сме поделени: На една страна сте вие што за пари го уништивте системот и секој ден не убивате по дискотеки, улици, автобуси и болници.На другата страна сме ние – мнозинството што веќе не сака земја на некролози испишани поради вашата алчност, напиша на Фејсбук политичарот Ивон Величковски. – Од оваа поделба нема назад. […]

Авионот „Спартан“ полета за Скопје, во бугарските болници ќе превезе пет тешко повредени во пожарот во Кочани


По налог на бугарскиот премиер Росен Жељазков, авионот Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија. Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот на забавна локација во градот Кочани. Ова го соопшти владината прес-служба, пренесува БТА. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на […]

Владата донесе одлука да се проверат сите дискотеки, ноќни клубови и кабареа


Владата ја започна денешната седница со едноминутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица во трагедијата во Кочани. На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им […]

Во македонските болници има 117 пациенти од несреќата во Кочани – 13 испратени на лекување во странство


Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти официјални информации за состојбата на пациентите повредени во пожарот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани, потврдувајќи дека сите се згрижени и во стабилна, релативно добра состојба. Вкупно 117 пациенти од пожарот се лекуваат во здравствени установи низ државата, додека 13 се испратени на лекување во странство, а постои план […]

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје – роднините блокираат


Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави допсиникот на МИА од Кочани. Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата. 

Лажни линкови за донација се шират на социјалните мрежи, по трагичната несреќа во Кочани


Лажни линкови за донација се појавуваат на социјалните мрежи преку кои се бара помош за лекување или за семејствата на починатите, јави телевизија Стар. Од СВР Штип предупредуваат на внимателност и детална проверка од страна на граѓаните бидејќи во овој момент таква активност нема, пренесува телевизијата. Најмалку 59 семејства се завиени во црно откако ги […]

Болката за загинатите во кочанската дискотека е огромна, многу прашања уште чекаат одговор


  Најмалку 59 семејства се завиени во црно откако ги изгубија своите најблиски во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а уште над 150 се во исчекување за судбината на повредените, од кои некои и со тешки изгореници, и кои се сместени во болниците во државата. Болката за загинатите во кочанската дискотека не стивнува, а […]

Што стана со Центарот за изгореници што постоеше до 2016 година


  Што е со Центарот за изгореници во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешната Градска болница)? Ова прашање предпладнево беше упатено и до претседателката Гордана Силјановска-Давкова при нејзината посета на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“, но таа не знаеше за судбината на овој Центар. „Јас не сум доктор“, рече […]

Макрон до неговите колеги од ЕУ: Не купувајте американско, купувајте европско оружје


  Францускиот претседател Емануел Макрон сака да води офанзива за шарм за да ги убеди земјите од ЕУ да престанат да купуваат одбранбена опрема од САД и наместо тоа да купуваат француски и европски. Макрон, кој со години повикува да се насочат трошоците за одбрана кон производите на ЕУ, рече дека сака да ги убеди […]

Телефони за психосоцијална поддршка за семејствата на настраданите во Кочани


Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и Штип, веднаш презема мерки за поддршка на семејствата погодени од трагедијата што се случи рано утрово во кочанската дискотека.   Како одговор на оваа трагедија, на располагање се ставени стручни тимови за кризна интервенција, психосоцијална помош и […]