Загина Андреј од ДНК – се спасил од пожарот во Кочани, но се вратил да спасува девојчиња


  Македонската естрада е во шок. Андреј Ѓоргиески (1982, Скопје), еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани кој избувна утринава пред 3 часот. Од релевантни извори во јавноста се прошири дека Андреј се спасил, но се вратил да спаси девојчиња и повеќе не излегол од внатрешноста. Зад себе […]

Професорката и пратечки вокал на ДНК Сара Пројковска е меѓу загинатите


Вонр. проф.м-р Сара Пројковска, е меѓу загинатите во трагичниот настан во кочанската дискотека. Ова го потврдија од Факултетот за музичка уметност во Скопје. „Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и […]

(Во живо) Тошковски: Осомничени се 20 лица, дел од нив починале во пожарот


„Осомничени се 20 лица, 15 од нив во полициска станица, дел од осомничените се починати, а дел се во болница“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција за пожарот во дискотеката во Кочани. Според него, четири од осомничените лица со обезбедување во  болница – два члена на бендот, син на сопственикот на […]

Здравко Чолиќ ги одложи концертите во Скопје


Преку социјалните мрежи, Чолиќ објави дека концертите закажани за во Скопје се откажани поради трагедијата која и се случи на Македонија со пожарот во Кочани. Тој напиша дека истите ќе биде презакажани за некој друг датум.

Дискотеката во Кочани имала блокирана сметка и фалсификувана лиценца


Фирмата „ММММ кафе ДООЕЛ“, носител на лиценцата за „Клуб Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, е со блокирана сметка, покажуваат информациите од „Бизнис мрежа“, софтвер кој црпи информации од Централниот регистар. Ова го отвора прашањето, како оваа фирма продавала карти, но и пијачки на присутните во клубот, каде се случи големата трагедија. Фирмата е […]

Сите културни настани оваа недела се откажуваат


Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат.   Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод трагичната несреќа која рано […]

Студенти во блокада: Го искористија последниот кец во ракавот, нам ни останаа уште три шпила


  Студентите на Факултетот за организациски науки (ФОН) во блокадата соопштија дека властите вчера го искористиле последниот кец во ракавот, а на студентите им останале уште најмалку три шила. Откако вчерашниот протест организиран од студентите беше прекинат со инцидент, кога во 15-минутниот молк се слушна звук кој предизвика страв кај насобраните, а за кој се […]

Утре е ден на жалост во Црна Гора поради трагедијата во Кочани


 По повод трагедијата во Северна Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост. „Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија […]

На градоначалникот Папазов му „гори“ фотелјата


По трагедијата која се случи ноќеска во Кочани каде загинаа 59 луѓе во пожар во дискотека, градоначалникот Љупчо Папазов не е меѓу приведените. Тој на прес-конференција ќе каже дали ќе си поднесе оставка. За тоа кој дал дозвола за работа на дискотеката, за СДК рекол да се стрпат.  „Не, еве сме тука со министерот, обвинителите“, рекол тој откако […]

Пет лица од Штип меѓу загинатите во Кочани, меѓу нив двајца членови на бендот ДНК


Во несреќата во дискотеката во Кочани, според првичните информации од Општина Штип, загинати се пет лица од оваа општина, од кои три деца. Како што изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, двајцата возрасни се директорот на Центарот за култура Филип Стевановски и вработен во основното училиште „Ванчо Прќе“ кои свиреле во бендот „ДНК“. Во […]

Романски екс министер за здравство: Барајте помош, никој не може да се справи со толку изгорени пациенти одеднаш!


Поранешниот министер за здравство на Романија, Влад Воикулеску, напиша статус на социјалните мрежи со кој бара да и се обезбеди помош на Македонија – бидејќу никој не може да се справи со толку изгорени пациенти оддеднаш. Од невладините организации денес реагираа дека во земјата имало центар за справување со изгореници но некој умен решил да […]

Психијатриската болница во Скопје отворена за сите кои чувствуваат потреба за помош по трагедијата во Кочани


Директорот на Психијатриска болница -Скопје, Иса Авдулаи, изрази сочувство на семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, посочувајќи дека Клиниката за психијатија во Скопје е отворена да пружи каква било помош за надминување на овој тежок период. -Почитувани семејства на жртвите и повредените во трагедијата во дискотеката во Кочани. Со длабока тага ја примив веста […]

Трамп долго време го мразеше Глас на Америка. Сега нареди да се демонтира


  Претседателот Доналд Трамп ги исфрла глобалните медиуми поддржани од САД, вклучително и Гласот на Америка, кои емитуваат вести за милиони ширум светот – и против кои тој долго време зборува. Потегот доаѓа откако Трамп потпиша извршна наредба за празнење низа мали владини агенции и канцеларии доцна во петокот. Наредбата бара Американската агенција за глобални […]

Почина и Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи


Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи починал во болницата во Штип каде беше пренесен утринава по трагедијата во Кочани. Лазаров имаше само 25 години. Тој како вистински херој ги спасувал животите во запалената дискотека, немал потешки изгореници ама вдишувал од чадот што бил присутен во просторијата и тоа било пресудно. И покрај тоа што претходно Шкупи […]

Бугарија прати авион со кој ќе превезе петмина тешко повредени


По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство тргнал за Македонија за да до бугарските болници  превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари за интензивна нега и специјалисти за изгореници. Повредените ќе бидат примени на специјализирани […]

Реакции: Системската корупција нѐ убива!


На социјалните мрежи има бројни реакции на јавни личности и на граѓани околу трагедијата што не разбури утрово а се случи во Кочани. Поентата од сите нив е дека неодговорноста не убива и ништо не се прави да се смени системот. Еве некои од нив:   „Години на молк секогаш водат до минута молк. Оваа педа […]

ДЗС: За објектот – дискотека во Кочани никогаш не е побаран елаборат за противпожарна безбедност


Објектот кој служел како дискотека во Кочани е изграден пред 26 години, а легализиран е во 2005 година, но никогаш не побарал елаборат за противпожарна безбедност, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Сè уште се утврдува дали воопшто легално се пренаменил во објект кој може да организира забави за голем број луѓе, информираат од […]

Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. „Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се […]

Во Клиничката болница во Штип почната идентификацијата на седум од починатите


Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без знаци на живот, изјави денеска директорот на КБ Штип, Владко Захариев. Во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. Во болницата сместени се 39 пациенти, претежно со изгореници од втор степен. – Во Штипската клиничка болница донесени се […]

Мицкоски разговарал со Руте за активирање на НАТО системот за справување со несреќи


Премиерот Христијан Мицкоски разговорал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Се разговарало за актуелната несреќа и за можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи. Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан. „Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот […]