Тројца со изгореници од пожарот ќе бидат пренесени во болница во Солун


Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата „Папаниколау“ во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос. Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети […]

Град Скопје со вонредна седница по трагедијата во Кочани


Градот Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани. Трагедијата која што се случи е огромна, нема зборови што можат да ја искажат болката и тагата за загубата на нашите сограѓани.    Сочувство до семејствата и роднините на настраданите изразија Претседателот на Советот на Град Скопје […]

ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници


 ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека денеска нема да наплаќа паркинг на јавните паркиралишта Клинички центар Мајка Тереза, Градска општа болница и Градска општа болница 8-ми Септември. Од претпријатието изразуваат длабоко сочуство до семејствата на настраданите во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани, а на повредените им посакува брзо опоравување. -ЈП „Градски паркинг”- Скопје […]

Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изрази жалење за трагичната загуба на животи во пожарот во Кочани. – Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите погодени. ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време, напиша Фон Дер Лајен на Х. Сочуство за несреќата инаку изразија многу соседски […]

(Видео) Хоспитализирани во Кочани се 12 лица и сите се стабилни


За 15 минути се мобилизирале сите во кочанската болница, по дојавата дека има пожар во дискотеката „Пулс“. Дошле сите лекари и медицински персонал кои не биле на работа. Најголем дел од пацинетите се со изгореници, но и со вдишување на јаглероден моноксид, а повеќето од починатите, загинале од стампедото кое е направено во паниката, потврди […]

И Зеленски изрази сочуство за трагедијата во Македонија


Претседателот на Украина,Володимир Зеленски, изрази сочувство и солидарност со македонскиот народ:   „Трагични вести за смртоносниот пожар во Кочани. Моите сочувства до семејствата и блиските на жртвите, до претседателката Гордана Сиљаниовска Давкова и до македонскиот народ. На повредените им посакувам брзо закрепнување. Украина тагува заедно со нашите македонски пријатели на овој тажен ден“м напиша зеленски […]

Костадинов ја потврди лошата вест дека загинал член од бендот на ДНК


Градоначалникот на Струмица, костадин Костадинов, ја објави тажната вест дека меѓу загинатите има и член на музичкиот бенд ДНК. „Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го […]

(ВИДЕО) Таравари најави дека 20-те најзагрозени ќе се лекуваат во странство


Министерот за здравство Арбен Таравари во својата последна изјава од Штип истакна дека најтешките 18-20 повредени во трагедијата во Кочани е можно да се лекуваат во странство. Тој појасни дека сме добиле понуди за лекување од неколку држави, а тимот на анестезиолози ќе одлучат каде ќе бидат транспортирани. – Најверојатно ќе се лекуваат во Бугарија, […]

Во „Св.Наум Охридски” се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор


Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски”-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години. – Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите […]

Што е звучен топ, што бил употребен на протестот во Белград?


  Звукот што одекна синоќа за време на 15-минутниот молк за време на протестот во Белград, предизвикувајќи паника кај насобраните, е звучно оружје или „звучен топ“ во сопственост на безбедносниот систем на Србија, изјави за Н1 Александар Радиќ, воен аналитичар. Од МВР подоцна соопштија дека не употребиле звучен топ бидејќи тоа е забрането. Што е […]

Муцунски ја координира понудената помош од странски земји


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски им изрази благодарност на сите странски влади што понудија помош околу трагедијата во Кочани и најави дека им стои на помош за координација со надлежните институции. -Тежок и тажен ден за државата.Нема зборови што можат да бидат утеха за оваа трагедија.На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата […]

Владата на денешната седница ќе донесе одлука за седум дена жалост


Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16 часот ќе донесе одлука за 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави.

Меѓу загинатите штипјани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“


На петмина се искачи бројот на починати Штипјани, меѓу кои и директорот на Центарот за Култура, Филип Стевановски. Според информации на Тв Стар, последното идентификувано починато лице било вработено во штипско основно училиште. Претходно потврдена е смртта на четири лица, меѓу кои и на директорот на Центарот за култура на Штип, Филип Стевановски. Веста дека […]

Дискотеката имаше најевтина изолација, од сунѓер, вели поранешен член на обезбедувањето


  Благојчо Ѓорѓиев, поранешен член на обезбедувањето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, вели дека таму се вградувала најевтина изолација и дека редовно се пуштале малолетници. „Внатре дискотеката, јас колку што знам, а бев присутен додека се правеше, е излепена со најевтината изолација, со сунѓер“, вели Ѓорѓиев, кочанчанец, кој задено со неговиот тим порано ја обезбедувал […]

Скопјани спонтано се организираат – нудат сместување за семејствата на повредените


По големата несреќа во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица, повеќето повредени се пренесени во скопските болници, а скопјани нудат сместување. По социјалните мрежи се појавија повеќе објави во кои семејства, но и објекти кои имаат сместувачки капацитети нудат сместување за најблиските на настраданите кои се згрижени во болниците.      

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените


 Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да си ги видат децата.  Пред болницата има полиција и волонтери од Црвен крст кои им пружаат помош на семејствата.  Сите лекари и медицински пероснал се мобилизирани во Штипската клиничка болница уште во раните утрински часови. […]

(Во живо) Тошковски: Бројот на загинатите стигна до 59, за четворица од инволвираните е распишана потерница


Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција изјави дека со над 10 лица се извршени разговори, а за 4 лица е распишана потерница. Тошковски не даде повеќе детали за избеганите кои ќе ги бараат со потерница. Бројката на загинати во страшната трагедија во Кочани се искачи на 59 лица, соопшти министерот. Извршен е разговор […]

Мајката на Андреј од ДНК не знае каде е син ѝ! Панчо е на кислородна поддршка


Мајката на пејачот од ДНК Андреј Ѓорѓиевски ги обиколи сите скопски болници од утрово, но нема трага од нејсиниот син.  Таа е скршена од болка и од неизвесност. Заминува дома да чека информации за синот, затоа што нема смисла повеќе да чека пред скопските болници.  Ова за „Независен“ го потврди близок член на семејството на […]

Во Клиничката болница во Штип хоспитализирани 38 пациенти, сите се стабилни со изгореници од втор степен (видео)


Во Клиничката болница во Штип во моментот се хоспитализирани 38 пациенти и сите се хемодинамски стабилни со изгореници по лицето и рацете од втор степен, изјави директорот на установата Владко Захариев. Пациентите со трет степен изгореници од пожарот кој ноќеска настана во дискотека во Кочани, според Захариев, се препратени на клиниките во Скопје за натамошен […]

Се подготвува транспорт на најтешко повредените во странство


Се прават подготовки да се транспортираат најтешко повредените лица во пожарот во Кочани во врвни болници од оваа област во неколку европски држави, стигнаа понуди за помош од повеќе држави, рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. „Во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции за […]