Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка. – Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе […]

Дел од Општина Илинден без струја


Без струја денеска од 8:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата по гробиштата во село Марино кон населба Јака и улицата кон гробиштата во Општина Илинден. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Почнува Рамазанскиот пост


 Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 30 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 […]

Осмомартовски базар во ГТЦ


Осмомартовски базар од денеска ќе се одржува во приземјето на Градскиот трговски центар. Посетителите до 8 Март секој работен ден (освен недела), од 10 до 20 часот, ќе можат да погледнат и купат производи изработени од нашите занаетчии – ракотворци.  Организатори на базарот се Занаетчиската комора Скопје и ГТЦ.  На базарот ќе биде прикажан широк […]

Променливо облачно со повремен локален дожд


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и релативно топло време, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. […]