Лекарите во Загреб му пресадиле пет органи на маж (32)


Во клиничката болница „Меркур“ во Загреб, Хрватска извршена е ретка и исклучително сложена операција. Пациентот добил пет нови органи – желудник, црн дроб, панкреас, тенко и дебело црево. Ова е втора ваква процедура во болницата, а лекарскиот тим во неделата ја заврши операцијата во утринските часови, јавува Дневник.хр. Повикот дека е пронајден соодветниот донатор дојде […]

Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани


Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви од пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија,  изјави портпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис NOS.  – Сè уште не е познато дали некои од повредените ќе бидат пренесени во […]

Адеми: Институциите и партиите да се откажат од обидите да ја прикажат ДУИ како виновна за се што се случило


Целосната морална материјална и кривична одговорност за оваа трагедија не може да се бара на ниедно друго место освен во самата Влада, Министерството за внатрешни работи и Општина Кочани, изјави ноќеска потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми. ДУИ, посочи Адеми, бара целосна транспарентност и одговорност за вистината да излезе на […]

Поранешна партнерка на Маск бара милијардерот да престане да објавува фотографии од нивните деца


Американската музичарка Грајмс изјави дека го молела нејзиниот поранешен партнер Илон Маск да престане да објавува фотографии од нивните деца на социјалните мрежи. Посебно ѝ пречел фактот што тој минатиот месец во Белата куќа со себе го однесе нивниот син X Æ A-XII (Екс Еш Еј-12). „Ја молев јавноста и таткото на моите деца да […]

Дозволите на американските компании за извоз на месо во Кина масовно истекоа. Кинезите не издаваат нови


Дозволите на американските компании за извоз на месо во Кина масовно истекоа. Кинезите не издаваат нови. Дозволите за увоз за повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи го американскиот извоз на најголемиот купувач во светот поради […]

Русија во мировните преговори ќе бара „челични гаранции“


Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко за „Известија“ изјави дека Русија во мировните преговори ќе бара гаранции од земјите на НАТО дека Украина нема да биде членка на Алијансата и оти земјата мора да остане неутрална. – Ќе бараме челичните безбедносни гаранции да станат дел од овој договор. Една од овие гаранции е […]

Сирија: Хезболах киднапира и егзекутира тројца сириски војници


Министерството за одбрана на Сирија го обвини Хезболах, поранешен сојузник на соборениот претседател Башар ал Асад, дека киднапирал и егзекутирал тројца сириски војници, откако ги однел во Либан. – Група од милицијата на Хезболах … киднапираше тројца припадници на сириската армија на сириско-либанската граница … потоа ги одведе на либанска територија и ги уби, се […]

Оперирани двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Солун


Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина. Извори од болницата Папаниколау, каде што од вчера попладне […]

ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани


 Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство.  За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три се […]

Трамп утре ќе разговара со Путин


 Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека планира утре да разговара си рускиот претседател Владимир Путин. – Со Путин ќе разговарам во вторник. Завршена е многу работа во текот на викендот. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме војната. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека имаме многу добри шанси, изјави Трамп на […]

Осум повредени од Кочани примени во софиската болница „Пирогов“, нивната состојба е тешка, вели директорот д-р Димитров


Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА. Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст […]

Хутите за 24 часа двапати го нападнале американскиот носач на авиони „Хари Труман“


Јеменските бунтовници Хути во рок од 24 часа двапати го нападнаа американскиот носач на авиони „Хари Труман“ со голем број балистички и крстосувачки ракети и дронови. Хутите утрово на Телеграм објавија дека нападите ги извршиле како одговор на американските напади врз териториите што ги контролираат во Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана. Лидерот на […]

Пренасочување и регулација на дел од сообраќајот на патот Градско – Дреново


На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од денеска до 4 април, поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

Турција пренесе критично повредени жртви од пожарот во Истанбул


Тројца критично повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани синоќа беа пренесени во Турција со медицински авион на турското Министерство за здравство. Авионот слета на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што повредените беа префрлени во центарот за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“ за понатамошен третман, јави Анадолија. Како одговор […]

Заеднички час за искажување на почит од студентите на УКИМ по повод трагедијата во Кочани


Студентите на УКИМ денеска во 12 часот на Платото на Универзитетот ќе одржат организиран заеднички час во форма на искажување почит кон  жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.   Како што соопштија од Универзитетско студентско собрание при УКИМ, со времетраење од еден час, ќе се искаже сочувство кон загинатите лица и поддршка […]

Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани


Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје. Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при […]

Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА


Девет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани пристигнаа во Ургентниот центар на Србија, додека тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија (ВМА), јави МИА од Белград. Дванаесет пациенти повредени во несреќата во дискотеката во Кочани ноќеска со авион CASA C-295 на српската армија се пренесени од Скопје во Белград и ќе бидат згрижени […]

МЗ: Хоспитализираните во странство во стабилна состојба, помош од повеќе држави


Министерството за здравство вечерва соопшти дека во домашните здравствени установи низ државата згрижени се над 140 пациенти од трагичната несреќа во Кочани. Дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство и тие се наоѓаат во стабилна состојба.  За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице […]

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор


Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани.  Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.  – Обвинителството […]

Клековски: Испратените во странство од Кочани се стабилни


Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски на неговиот Фејсбук профил објави дека денеска се згрижени над 140 настрадани. – Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4.  Пристигнатите во странство се стабилни. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска […]