Хитроу ќе биде затворен цел ден, нарушувања во авиосообраќајот во целиот свет


Британскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен цел ден откако големиот пожар во блиската електрична трафостаница ја прекина струјата, што го наруши распоредот на летови ширум светот. Лондонската противпожарна бригада соопшти дека околу 70 пожарникари се борат со пожарот во западен Лондон што предизвика голем прекин на електричната енергија на Хитроу, најпрометниот аеродром во […]

Средношколците од Крива Паланка организираат „Денови на солидарност“ за семејствата на настраданите од Kочани


Средношколците од училишната заедница на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, утрово поставија кутии за донации за помош на семејствата на настраданите и повредените од трагедијата во Кочани. Десетина ученици од различни наставни години од денеска до недела, во период од 7.30 до 19 часот ќе бидат на пунктот на плоштадот „Карпошово востание“ пред […]

Јужна Кореја и САД се договорија брзо да го решат статусот на „чувствителна земја“


Јужна Кореја и САД се согласија заедно да работат за брзо решавање на последиците откако американското Министерство за енергетика ја назначи Јужна Кореја како „чувствителна земја“, соопшти Министерството за индустрија во Сеул. Американското Министерство за енергетика не објасни зошто го стави својот азиски сојузник на списокот, на кој се вклучени и Кина, Иран, Русија и […]

Убиени најмалку 85 Палестинци во синоќешните напади врз Газа


Најмалку 85 Палестинци беа убиени ширум Газа во текот на ноќта, со што бројот на загинати откако Израел го прекрши примирјето со Хамас се зголеми на речиси 600, соопштија локалните здравствени власти. Во текот на ноќта, во напад на семејна куќа во близина на градот Кан Јунис загинале најмалку 16 лица, главно жени и деца. […]

Украинските војници го опишуваат повлекувањето од Курск. „Наредбата дојде предоцна“


Пред нешто повеќе од една недела, Артем Карјакин и неговата единица редовно ја минуваа украинската граница и држеа позиции во рускиот град Судџи во Курск. Карјакин на Би-Би-Си му покажа видео од повлекувањето на украинските сили од областа Курск. На снимката се гледа како тие поминуваат покрај десетици запалени воени и цивилни возила. Тие беа […]

Најмалку шестмина повредени во руски напад врз Запорожје


Руските сили во текот на ноќта го гранатираа украинскиот град Запорожје, при што биле повредени шест лица, меѓу кои и едно четиригодишно дете, соопшти началникот на Воениот административен округ Запорожје, Иван Федоров. Според неговата објава на Телеграм, две куќи се уништени, а три се оштетени, а на местата на нападот избувнал пожар, пренесува Укринформ. Како […]

Меѓу волјата и должноста


Следам што се прави и што се зборува во врска со трагедијата во Кочани, скршен, а во исто време и гневен, како и сите сограѓани. Има работи за кои не можам да се воздражам да не го искажам своето мислење. Една од тие работи е употребата на политички говор од страна на луѓето од власта, […]

Топењето на глечерите ги загрозува резервите на свежа вода, предупредуваат експертите


Драматичното намалување на глечерите ќе има значително влијание врз животот на Земјата, изјавија денеска експерти од Светската метеоролошка организација (СМО) додавајќи дека по закана се виталните резерви на свежа вода, од која зависат милиони луѓе за пиење, земјоделство и индустрија. Предупредувањето доаѓа на денешниот Светски ден на глечерите кој се одбележува првпат. За 48 години […]

Макрон најави нов самит за Украина следната недела


 Францускиот претседател Емануел Макрон најави нов самит на земји кои се подготвени да помогнат во гарантирањето на евентуалниот мировен договор меѓу Украина и Русија. По самитот на лидерите на земјите од Европската унија вчера во Брисел, Макрон најави дека следниот четврток во Париз ќе се одржи нов самит за Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба […]

Вучиќ најави протести против студентските протести: „Народот веќе не се плаши“


 Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека наскоро ќе следи „повик до луѓето ширум Србија да се борат за својата земја“, како што рече, со мирни и демократски средства, а не со насилство, јавува Анадолија. „Отпорот, бунтот и незадоволството на народот од теророт на кој беа изложени луѓето во последните четири месеци расте и наскоро […]

По речиси 22-часовна седница пратениците на второ читање го усвоија државниот буџет на Бугарија за 2025


Пратениците на второ читање го усвоија државниот буџет на Бугарија за 2025 година по пленарна седница која траеше речиси 22 часа, јави БТА. Во буџетот за оваа година не е предвидено зголемување на даноците, а буџетскиот дефицит е утврден на три отсто од БДП. Пратениците гласаа утврдување на вкупната годишна квота за обезбедување ваучери за […]

Калас: За справување со дискриминацијата треба политичка волја, спроведување на законите и трајни промени во општеството


И покрај напредокот, расизмот продолжува да биде пречка за правдата, еднаквоста и целосната инклузивност во општествата низ Европската Унија, нагласи високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по повод Меѓународен ден за елиминација на расната дискриминација – 21 март.  – Продолжувањето на дискриминацијата и нејзиното длабоко влијание врз поединците и […]

Еруптира вулкан во Индонезија


 Ерупцијата на вулканот Левотоби Лаки-лаки во Индонезија исфрли облаци од пепел високи повеќе од осум километри, соопштија локалните власти, подигнувајќи го статусот на тревога на највисоко ниво, додека австралиска авиокомпанија откажа некои летови за Бали. Голема вулканска ерупција во провинцијата Источна Нуса Тенгара синоќа следеше по десетици помали регистрирани на 13 март, се вели во […]

Израел го смени шефот на тајната служба кој ги истражуваше корупциските скандали на Нетанјаху


Израелската влада рано утрово го разреши шефот на домашната разузнавачка служба Шин Бет, а одлуката ќе стапи во сила на 10 април, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, по тридневните протести против најавениот потег. Нетанјаху оваа недела изјави дека ја изгубил довербата во Ронен Бар, кој ја водеше Шин Бет од 2021 година, и дека […]

Над 16.000 домови без струја поради пожарот во Лондон, затворен аеродромот Хитроу (видео)


 Повеќе од 16.300 домови останаа без струја поради голем прекин на електричната енергија, објави на X добавувачот на енергија „Scottish and Southern Electricity Networks“. Компанијата ги повика сите кои зависат од електрична енергија за медицински потреби и имаат потреба од помош да се јават. Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен денеска до полноќ […]

Без струја ќе останат корисниците лоцирани од влезот на село Батинци кон депонијата Дрисла


Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска поради зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат корисниците лоцирани од влезот на село Батинци кон депонијата Дрисла, општина Студеничани. Корисниците ќе останат без струја во периодот од 09.00 до 12.00 часот. 

Студено утро, преку денот претежно сончево


Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена. Во Скопје сончево време со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе […]

Голем пожар во Лондон


Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се борат со пожар во трафостаница во Хејс, кој е дел од Лондон. Половина од трансформаторите во трафостаницата се уште горат. Помошникот командант Пат Гулбурн рече дека ова е многу голем инцидент, а пожарникари неуморно работат во тешки услови за да го стават пожарот под контрола што е […]

Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово


Едно лице почина во експлозија на плинска боца во семејна куќа во Куманово, информираа вечерва од СВР Куманово. Како што соопшти полицијата, денеска во 20: 23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца. – Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) […]

В понеделник се враќаат првите пациенти кои се лекуваат во странство


 Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски очекува в понеделник во државава да бидат вратени првите пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство и информира дека веќе се работи на планот за следните фази на рехабилитација. Вкупната бројка на повредени во пожарот достигна околу 200, во домашните болници се 72-ца пациенти, […]