Франција на граѓаните им испраќа „прирачник за преживување“ во случај на војна


Француската влада планира на сите домаќинства да им испрати „прирачник за преживување“ со упатства што да прават во случај на вооружен конфликт, природна катастрофа или здравствена криза, јавуваат француските медиуми. Иако прирачникот не ја спомнува Русија или војната во Украина, претходно овој месец францускиот претседател Емануел Макрон ја предупреди нацијата за „руската закана“ со која […]

Илјадници протестираат во Израел поради „нападот врз демократијата“ од Нетанјаху


  Десетици илјади Израелци излегоа на улиците за да повикаат на нов прекин на огнот во Газа и да протестираат против, како што велат, нападот врз демократијата во земјата од страна на десничарската владина коалиција на Бенјамин Нетанјаху. Клучните автопати се блокирани, а полицијата уапси најмалку 12 лица поради жестоките сцени во Ерусалим и Тел […]

Гори големо стрниште крај Црна Река – огнот видлив од Битола


  Гори големо стрниште, екипите на противпожарната служба од Битола се на лице место, информираа од ЦУК. Големите пламени јазици се видливи од делови од Битола. По течението на реката Црна во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино гори трска висока и до три метри, изјави Горан Димкоски, командир на Територијалата против пожарна единица-Битола. Димкоски информира […]

Во вселената останаа 9 месеци подолго од планираното. Добија по пет долари дневно за непланирани трошоци


Некој веројатно би помислил дека астронаутите на НАСА, кои останаа во вселената девет месеци подолго отколку што требаше, добија огромна компензација за нивниот неочекувано продолжен престој на „работата“. Сепак, тоа не е случај. Суни Вилијамс и Буч Вилмор добивале само пет долари дневно за дополнителните 278 дена што ги поминале на Меѓународната вселенска станица (ISS), […]

ЕУ ги одложи првите одмазднички царини за американските производи до средината на април


Европската унија ќе го одложи спроведувањето на својот прв пакет царини за американски стоки до средината на април за да овозможи дополнително време за разговори со Вашингтон, изјави портпаролот на ЕУ за CNBC во четвртокот. „Комисијата одлучи да го усогласи времето на двете групи контрамерки на ЕУ против американските тарифи 232 за челик и алуминиум […]

Орбан избра изолација и ЕУ ќе оди натаму без него


  Европските лидери повеќе не се потпираат на Унгарија да оди заедно со клучните политички позиции за Украина. Но, тоа не значи дека Будимпешта сè уште не може да предизвика проблеми. Претседателите и премиерите од целиот блок се состанаа во четвртокот во Брисел за да потпишат низа нови обврски, од економската конкурентност до финансиските пазари. […]

Седум настрадани во пожарот се транспортирани во Шпанија


Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава објави дека седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска, попладне, се транспортирани за Шпанија со медицински авион од Норвешка. – По трагедијата во Кочани, медицински авион обезбеден од Норвешка полета од Скопје за Мадрид, превезувајќи седум повредени кои ќе добијат медицинска помош во болниците во Ла Паз […]

Кочани во солзи, граѓаните се простија од загинатите во пожарот


  Денеска во Кочани се погребаа 31 жртва од катастрофалниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ минатиот викенд, паралелно со погребите во неколку градови и населени места низ земјата. Пожарот однесе 59 животи, главно млади луѓе, вклучително и неколку членови на поп-бендот ДНК, кои настапуваа кога пламените јазици ја проголтаа дискотеката. Власта постави кордони околу погребните […]

Сашо Стошевски нов директор на општата болница во Куманово


Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово, потврди за МИА, Стошевски. Тој сè уште не го зел решението за назначувањето и најави официјална изјава во текот на утрешниот ден.   Министерот за здравство Арбен Таравари вчера по посетата на семејството на […]

Македонските ракометарки ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2026


Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство за жени кое ќе се одржи во 2026 година.  Нашите репрезентативки ќе играат во третата група заедно со селекциите на Германија, Словенија и Белгија. Пласман на ЕП по автоматизам имаат обезбедено земјите кодомаќини Романија, Полска, Словачка, Чешка и Турција, како и Норвешка, Данска и […]

Приведени тројца градоначалници на Кочани


  Вечерва се приведени тројца поранешни градоначалници на Кочани –  Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Илијев од СДСМ и Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ , кој неодамна си даде оставка. Обвинителството и МВР не ја потврдуваат информацијата во поглед на идентитетите на приведените, но Ратко Димитровски е виден како излегува од дома во придружба на полициски […]

Турција: Од петок масовни демонстрации во 14 градови 


Турската Републиканска народна партија (РНП) објави дека ќе одржи масовни демонстрации во 14 градови и 21 провинција почнувајќи од петок во 20:30 часот, како одговор на приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Во соопштението за печатот, РНП рече дека нагласува дека сите собири имаат за цел да ја заштитат волјата на народот и да […]

НБА-шампионот Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордн 6,1 милијарди долари


Актуелниот НБА-шампион Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордна сума во историјата на лигата – 6,1 милијарди долари.  Купувач ќе биде компанија предводена од Вилијам Чишолм, која дејствува со поддршка на приватниот инвестициски фонд „Sixth Street“, објави „Sportico“. Претходно, „Fadeaway World“ објави дека одлуката на семејството Граусбек да го продаде клубот би можела да биде […]

Евросамит: Европските економии покажаа значителна отпорност


Наспроти предизвикувачкото опкружување од последните години, европските економии покажаа значителна отпорност, а добро координираните и здрави политики обезбедија економска стабилност и намалување на инфлацијата, што го поттикна закрепнувањето на приходите на домаќинствата и подобрувањето на условите за финансирање, се наведува во заклучоците од Евросамитот, што се одржа во рамки на денешната средба на лидерите на […]

Елитна лондонска адвокатска компанија казнета со 465.000 фунти за прекршување на санкциите против Русија


Херберт Смит Фрихилс“ (Herbert Smith Freehills), елитната глобална адвокатска компанија со седиште во Лондон, е казнета од британската влада откако нејзината поранешна канцеларија во Москва извршила исплати во вредност од неколку милиони фунти на санкционирани руски банки, пренесува Гардијан. Канцеларијата за спроведување на финансиски санкции (ОФСИ) соопшти дека изрекла казна од 465.000 фунти за „ХСФ Москва“, […]

Трамп предлага американска сопственост над украинските електрани


Американскиот претседател Доналд Трамп одржа, едночасовен телефонски разговор со Володимир Зеленски, еден ден по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Би-би-си.  Зеленски потоа рече дека верува дека „одржлив мир може да се постигне оваа година“. Беше разговарано и за можната американска сопственост на украинските нуклеарни централи, соопшти Белата куќа, иако Зеленски подоцна изјави дека станува […]

На Гренланд почна бојкот на американски стоки


Нук – Граѓаните на Гренланд почнаа да бојкотираат американска стока во знак на протест против најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот ќе биде припоен кон САД, јави денеска локалната радио станица КНР. – Парите на граѓаните ќе му дадат јасна слика на Доналд Трамп. Мора да им дадеме до знаење на Американците дека […]

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината


 Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2.4 и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во 15 часот и 34 минути во Струмица и во околината.  -Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во […]

Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје


МВР соопшти дека на 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета Македонска бригада“ во Скопје. По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички […]

Пливачката Кристи Ковентри именувана за нов претседател на МОК


Атина – Двократниот олимписки шампион и член на Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Кристи Ковентри стана нов претседател на организацијата. Ова попладнево го соопшти актуелниот претседател Томас Бах на 144-та седница на МОК. Преносот на овластувањата ќе се случи на 24 јуни. Четириесет и едногодишната жителка на Зимбабве стана првата жена претседател во […]